логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 
Elizabet.press.jpg

Скопје, 30 декември (МИА) - Поголемиот буџет за 54 отсто ќе придонесе за уште поголема грижа во сите дејности на културата, соопшти на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.

Elizabet.press1.jpg

Таа најави дека во првиот месец од 2009 година ќе бидат заокружени неколку капитални проекти. На 4 јануари ќе биде промовиран проектот „Македонска книжевност“ во 130 тома, а наскоро ќе бидат избрани и издавачите за проектот Превод на дела од автори Нобеловци и за објавување стручна литература. На 30 јануари ќе биде промовирана Спомен-куќата на Мајка Тереза, а на 25 јануари на денот на роденденот на Тоше Проески ќе биде поставен камен-темелик за изградба на Спомен-куќа за Тоше. До 10 јануари, како што информираше министерката, ќе биде објавен тендер за избор на фирма за ентериерно уредување на стариот скопски театар, а фирмата што е избрана за сценска технологија и за акустика проектот треба да го заврши за околу девет месеци. Во јануари треба да бидат поставени и седум скулптури во центарот на Скопје, а уште 33 до крајот на 2009 година. Министерството за култура потпишува и договори со домашни и странски уметници за изработка на портрети и сцени од македонската историја наменети за музејскиот комплекс „Македонска борба“. Воедно се работи и на подготовка на восочните фигури.

Elizabet.press2.jpg

Во февруари се очекува поставување камен-темелник за изградба на концертната сала, а во мај да биде промовирана доградбата на НУБ „Свети Климент Охридски“. Паралелно се работи и на проектите за Универзална сала и за Турскиот театар, а во февруари треба да завршат и конкурсите за изградба на нови објекти на местото на Македонскиот народен театар и на Драмски театар.

Канческа - Милевска соопшти дека ќе се работи и на 15-те археолошки локалитети на кои оваа година имаше интензивни ископувања што резултираа со околу 10.000 пронајдени предмети. Во 2009 во план е целосно да бидат истражени Скопската тврдина, Хераклеја, Стоби и Марвинци. Во Музејот на вода во Градиште кај Охрид ќе бидат доградени уште 16 праисториски куќички, а ќе се работи и на проектната програма за обнова на Светиклиментовиот универзитет.

Elizabet.press.jpg

Во врска со творците на културата, укажа дека им бил решен работниот однос на 150 уметници во Операта, Филхармонијата и во Ансамблот „Танец“, а во иднина ќе биде воведена посебна категорија национален уметник за да се издвои врвната култура и уметност. Во завршна фаза се и измените во Законот за култура и во Законот за авторски и сродни права, а во подготовка е и посебен закон за Охрид и охридскиот регион.

Во јануари треба да почне реализација на филмот „Омнибус - досие Скопје“ кој е подготвен за снимање, а колку филмови ќе се снимаат во наредната година ќе зависи од завршувањето на вториот и третиот конкурс на Филмскиот фонд.

 

Elizabet.press1.jpg

Во контекст на филмската продукција новинарите го побараа ставот на надлежните институции за спотот на Милчо Манчеввски „Македонија вечна“ поради различните одгласи во јавноста дали спотот ја исполнил целта и ги оправдал вложените 190.000 евра.

Директорот на Филмскиот фонд Дарко Башевски оцени дека спотот е добар, но, како што рече, дискутабилна е целната група. Според него, спотот е промашен ако е наменет за туристите зашто нив нема да ги привлече. Министерката Елизабета Канческа - Милевска, пак, додаде дека врз неа спотот оставил силен впечаток, укажувајќи дека тоа е авторско дело на Милчо Манчевски во кое Министерството за култура и Владата не се мешале. Таа апелираше сите да придонесат за негова промоција. хс/са/12:58

Elizabet.press.jpg

 

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная