логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  
 
Скопје / 22.04.09 /

Неколку стотици луѓе се собраа денеска пред Уставниот суд во Скопје во знак на револт поради одлуката на судот за укинување на предметот веронаука во основните училишта во Македонија.

Најголемиот дел од насобраните граѓани се вероучители од сите религии во Македонија, кои допатуваа од различни градови од државата, но тие добија поддршка и од граѓани, претставници на невладини организации, родители и ученици кои бараат веронауката да се врати во училиштата.

Тие го изразија револтот поради одлуката што Уставниот суд ја донесе минатата недела, а со која што се укина член 26 од Законот за основно образование, со што се забранува одржување на предметот веронаука.

„Изненадени сме како во едно демократско општество, каде и верата е составен дел на општеството, се уште имаме судии и судови кои нивните одлуки ги донесуваат со стереотипи од комунистичкиот режим“, рече на денешниот собир Хајдин Салиу, наставник по веронаука. Тој посочи дека вероучителите бараат „и веронауката да биде составен дел на јавниот образовен систем“.

Наставникот по веронаука Жаклина Георгиева праша како е можно да се укине веронауката, кога според демографско статистичките податоци во последниот попис извршен во Македонија, 90 отсто од жителите се изјасниле како религиозни луѓе, а само 7 отсто како атеисти.

„Според тоа како може да се говори за демократско општество или демократија ако на религиозниот човек му се наметнува укинува и оспорува правото на слободна определба за учење за верата. Каде се овде стандардите на демократијата кои ја бранат и за која ни говорат дека се залагаат“, рече Георгиева.

Вероучителите, добија поддршка и од граѓанската асоцијација „Здрави животни стилови“, чиј што претставник Милан Стефановски на денешниот собир рече дека „веронауката се изучува во 40 европски земји, а кај нас Уставниот суд ја укина со образложение дека е неуставна“.

Организаторите на собирот не прецизираа кои се следните чекори кои што ќе ги преземат за одбрана на правото за изучување на веронауката во основните училишта.

Веронауката како изборен предмет беше воведен во наставата за петто одделение од учебната 2008/2009 година, за што се определија 15 илјади ученици или околу 65 отсто од петтодделенците во Македонија. Родителите на учениците можеа да бираат меѓу предметите - веронаука и историја на религии./крај/амп

Извор: Макфакс


 Критиките кон уставните судии ја протресоа правната држава 
  
 
Скандал, упад во правниот систем и правната држава, оддалечување од евроинтеграциите... Вака експертската јавност ги толкува последните партиски и верски реакции по одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование. ВМРО-ДПМНЕ завчера излезе со соопштение во кое ги „самопрогласи“ своите одлуки за уставни, уставните судии ги нарече „марионети на Црвенковски“, а институцијата во која работат „политички и партиски мотивирана“. И верските заедници излегоа со остри критики до Уставниот суд, по што во јавноста неизбежно се постави прашањето за авторитетот на оваа институција, која во последно време е сè подискредитирана од страна на власта.

Експертите со кои се консултиравме велат дека станува збор за преседан, со оглед на тоа што политички партии и верски заедници си зеле за право да прогласат одреден суд за политички, а да го доведат во прашање и легитимитетот на уставните судии што не биле избрани на демократски, фер и слободни избори од мнозинството граѓани како што била избрана ВМРО-ДПМНЕ. Со реакции на последните изјави на владејачката партија вчера излезе и Кабинетот на претседателот во заминување Бранко Црвенковски, како и уставните судии.

- Факт е дека секаде во светот Уставниот суд има поголем авторитет отколку кај нас. Не сакам да навлегувам во другите одлуки на македонскиот уставен суд, но тврдам дека последната одлука за укинување на веронауката е издржлива, дури и ако се гледа компаративно со другите земји. Тоа е мислење што го градевме со години, уште додека работев во таа институција и факт е дека секуларноста на државата не дозволува да се изучува веронаука со пари од буџетот - вели Бајрам Положани, поранешен уставен судија.

Од Кабинетот на Црвенковски велат дека станува збор за директна атака на извршната власт врз позициите и независноста на највисоката судска институција во земјава.

- Во изминативе денови бевме сведоци на серија јавни и синхронизирани притисоци и напади упатени до Уставниот суд на Република Македонија, кои кулминираа со вчерашното соопштение од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја нормална правна држава Уставот и неговото почитување се над сè и над секого, а токму власта е најповикана да го штити од било какви прекршувања. Ставајќи го парламентот во подредена и понижувачка улога, Груевски во подолг период ја врши функцијата и на извршна и на законодавна власт.

По претседателските избори тој на себе ја презеде и улогата на претседател наместо претседателот на државата. Очигледно е дека сега сака за себе да ги присвои и ингеренциите на Уставниот суд.
Тоа, според сите теории и светски искуства, се нарекува тоталитарна власт - велат од Кабинетот на Црвенковски.

Врвот, како што тврдат од Кабинетот на претседателот во заминување, бил достигнат кога владејачката партија направила поделби на патриоти и на предавници, на преродбеници и на кочничари, на антички и на словенски Македонци, на верници и на неверници...

Експертите по уставно право одбиваат јавно да ги коментираат последните случувања поврзани со дискредитирањето на Уставниот суд и етикетите што му беа залепени од страна на владејачката партија. Неофицијално, тие коментираат дека станува збор за упад во правната држава, односно за кршење на членот 8 од Уставот, кој гарантира владеење на правото.

- Со сигурност Европа ќе ни врати за ова. Прозивањето на уставните судии, навредите од типот марионети на претседателот и слично, само ја докажува големината на скандалот. Многу е важно во овој момент да се почитува одлуката на судот за укинување на веронауката, затоа што сè што е спротивно од тоа ќе ја оддалечи нашата држава за децении од евроатлантските интеграции - велат експертите.

Илија Димовски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е среќен што конечно се нарушила фамата на некоментирање судски одлуки. Тој уште еднаш повтори дека Уставниот суд носи темпирани одлуки и дека дел уставни судии својата кариера ја граделе додека на власт била опозициската СДСМ.

- Уставниот суд со последната одлука практично укина одредба од закон со која се укинува слобода на избор на граѓаните. Факт е дека 65 отсто од вкупниот број ученици од 5 одделение го избраа предметот веронаука, кој е присутен во сите европски држави, а уставите на овие држави се демократски и базирани на секуларизам. Гледам дека многу теоретичари ги мешаат термините секуларизам и атеизам, а ова што Уставниот суд го направи сега е токму атеизам. Факт е дека Уставниот суд си дозволуваше да носи одлуки за кои не сме сигурни дека се базирани на Уставот и дека поголем број од судии од Уставниот суд ја граделе и напредувале во кариерата исклучиво во период кога левата политичка опција беше на власт. Начинот на кој ние реагираме е протест против една појава што е штетна за македонското општество - вели Димовски.

Тој вчера одби да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира евентуални законски или уставни измени.

 

Уставен суд: Притисок и обид за дискредитација!

Реакциите во врска со одлуката за верското образование во основните училишта, како и по други одлуки на судот, се непримерен притисок и обид за дискредитација на Уставниот суд како највисока правна институција во државата, се вели во вчерашното соопштение на Уставниот суд.

Во него пишува дека изнесените реакции во јавноста се само обид за обезвреднување на уставните определби и на уставното начело на владеењето на правото.

„Очигледна е невидена реакција од различни субјекти, почнувајќи од триумфализмот на иницијаторот ЛДП изразен во изјавата на Андреј Жерновски, преку огорченоста на ВМРО-ДПМНЕ изразена во изјавите на Влатко Ѓорчев, Илија Димески, Светлана Јакимовска и во пишаните соопштенија на партијата, гневот на МПЦ изразен во изјавите на г.г. Стефан и владиката Тимотеј, како и гневот на ИВЗ изразен во изјавата на Јакуп Селимовски, до револтот на ‘Унијата на студенти’ и Здружението на Егејците од Прилеп. Интензитетот на реакциите е толкав што против уставните судии беа употребени изразите како ‘ленинисти’, ‘Јуда’, ‘антихристи’, ‘противници на верата’, ‘марионети’ и слично. Укажуваме дека директна основа за донесувањето на укинувачката одлука на судот е Амандманот 7, точките 1 и 2 според кои ‘...верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата’ и ‘...верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето верски училишта...‘ Уставниот суд, како орган на Републиката, ги штити уставноста и законитоста, а неговите одлуки се конечни и извршни, што значи дека не можат да се оспоруваат и мора да се спроведат. Судот останува непоколеблив и доследен на својата уставна положба и надлежност да го штити Уставот“, пишува во соопштението.

Автор:  Мери Јордановска - Нова Македонија
 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

15/09/2025 - понеделник

Светиот маченик Мамант; Свети Јован Постник, патријарх Цариградски; Свети Елеазар; Празник на чудото на Пресвета Богородица на иконата Калужска;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Мамант 15 септември/2 септември  2025

Тропар на св. Христов маченик Мамант 15 септември/2 септември 2025

Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,природата се поврати...

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Симеоне свети подвижниче,подвиг пред Господа голем принесе,надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот...

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная