логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Македонија го празнува Денот на народното востание

Скопје /11/10/ 10:27

Република Македонија денеска ја одбележува 66 годишнината од Денот на народното востание против фашизмот и започнувањето на борбата за национално ослободување.

На денешен ден во 1941 година во Прилеп, партизанскиот одред изврши напад врз бугарската полициска станица и врз телеграфската мрежа, со што беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ.

„Овој исклучителен датум од македонската историја го претставува почетокот на заедничкото организирање и масовно вклучување на македонскиот народ во вооружено востание во името на повисоките идеали на слободата и правдата, а за конечно создавање на македонската држава“, се наведува во честитката на македонскиот претседател Бранко Црвенковски упатена до македонските граѓани по повод празникот.

Државна делегација на Република Македонија денеска ќе положи свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп, како и на Спомен костурницата на паднатите борци од Народно Ослободителната Борба (НОБ) во Куманово.

Делегации на Владата, на Собранието, на Претседателот на Македонија, на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата и на Град Скопје свечено ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје.

Венци свежо цвеќе денеска ќе бидат положени и на гробот на командантот на Главниот штаб на Народно ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, Михајло Апостолски.

Денеска во Собранието на Република Македонија ќе бидат доделени и наградите „11. Октомври“за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности.

Одборот за доделување на наградите одлучи оваа година наградата „11. Октомври“ за животно дело од областа на науката да му биде врачена на проф. д-р. Томислав Тодоровски, македонист од Скопје./крај/ам

Макфакс


Врачена наградата „11 Октомври“ за 2007 година на професор Томислав Тодоровски


Скопје, 11 октомври (МИА) - За животно дело во областа на науката и образованието денеска во Собранието на Република Македонија во присуство на политичкиот врв, претставници на научната јавност и дипломатскиот кор му беше врачена наградата „11 Октомври“ на годинешниот лауерат, професор доктор Томислав Тодоровски.

Претседателот на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ академик Таки Фити истакна дека оваа награда, која е воспоставена во знак на сеќавање на еден од најсветлите датуми од историјата на македонскиот народ - почетокот на востанието против фашизмот и окупацијата на земјата, досега е доделена на плејада македонски истакнати дејци од областа на науката, образованието, културата и уметноста кои со својот континуиран товречки напор дале придонес за вкупниот општествен развој на земјата и оставиле траги не само во националната научна ризница, туку и пошироко во европски и светски рамки.

- Овие витални сфери на човековото промислување и општствено живеење не признаваат национални граници ниту поделба на нациите на големи и мали.Тоа пак потврдува колку е значајно за оштеството да инвестира во овие сфери и да ги охрабри творците кои придонесуваат за афирмација на земјата, кон нови творечки успеси, истакна Фити.

Заблагодарувајќи се за високото признание, професор Тодоровски истакна дека ова признание е и за Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет во Скопје на Универзитетот „Свети Кирил Методиј“.

- Живееме во време на динамичен општествен развој обременето со бројни предизвици и искушенија кои изискуваат несебичен ангажман, самопрегорност и придонес од секој поединец и сите нас заедно ако сакаме да го оствариме идеалот што не сплотува - интегрирањето во ЕУ и НАТО, вели Тодоровски, посочувајќи на стиховите од песните на Никола Јонков Вапцаров.  

Во образложението по повод доделувањето на наградата се истакнува дека таа се доделува за  научно - творечка и педагошко - едукативна дејност на Тодоровски, а особено за неговиот ангажман во периодот на раководење со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура која придонела за меѓународна афирмација  на македонската литература и јазик. Со опус од над 20 книги голем број стручно научни прилози преведени дела и лексикони со енцилопедиски карактер Тодоровски, се наведува, спаѓа во редот во најпродуктивните научни работници од неговата област со заокружен и исклучително плоден ангажман насочен кон македонистиката како основна тематска преокупација. ва/ссм/13:38

Посети: {moshits} 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная