логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Мајнц, 26 септември 2009 – Со света Архиерејска Литургија, со која началствуваше неговото блажество Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужителство со Митрополитот Европски Пимен и Митрополитот Повардарски Агатангел и други црковни служители од Европската епархија на МПЦ, викендот во Мајнц, Германија, беше осветен и поставен камен-темелник на новата православна црква Свети Никола.

Изградбата на овој православен храм е во организација и реализација на Македонската црковна општина „Свети Никола“ од Мајнц.

- Овде подигнуваме храм во кој не само што Македонците од овој крај ќе живеат редовен црковен живот и ќе ја чуваат и негуваат својата посебност, како и идентитетот на поколенијата, туку со него ќе поднигнеме и храмови во сите нас, храмови на верата, љубовта и надежта, истакна г.г. Стефан, во поздравната реч, објавувајќи ја неговата надеж, со Божја помош, овој најнов храм на МПЦ на европските простори да биде изграден за една година.

На свечениот чин на втемелувањето на овој најнов храм на Македоската Православна Црква во дијаспората, покрај Македонците од Мајнц и од околните места, дојдоа и претставници од сите македонски црковни општини од Германија и од Европа. Забележително беше и присуството на многумина Германци – пријатели на Македонија. Свеченоста беше удостоена и со присуството на градоначалникот на Мајнц Норберт Шулер, амбасадорот на Република Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов, почесниот конзул Ханс Јурген Бош, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Валентина Божиновска и директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов.

Пред многубројните присутни, градоначалникот на Мајнц Норберт Шулер, истакна дека е среќен што Мајнц ќе добие уште едно светилиште, а Македонците исполнување на долгогодишните желби да свој свет дом, но и горд што токму тој е дел од оваа приказна уште од нејзините почетоци, заедно со претседателот на македонската православна црковна општина од Мајнц Мирче Филиповски, кому му оддаде посебно признание, како и на сите Македонци кои со парични прилози, но и со многу труд и посветеност го овозможијка почетокот на изградбата на оваа црква.

Пригодни обраќања пред присутните имаа и амбасадорот Ѓорѓи Филипов, Митрополитот Европски Пимен, претседателот на македонската црковна општина од Мајнц Филиповски, како и директорите Божиновска и Наумов.

По поставувањето на темелите беше спроведена аукција на алатите со кои започна изградбата на која дел од присутните дарија парични прилози за изградба на црквата. Потоа следуваше голема народна веселба со македонска народна и забавна музика, на која специјални гости беа популарното дуо Дуле и Коки.

Ова е втор голем настан од црковниот живот на Македонците во Германија, кој се случува само пет дена по поставување на темелите за црковниот објект Крштилница во црквата Свети Климент Охридски во Берлин.гв/са/11:42

Извор : МИА


Три години владика, три нови цркви за МПЦ


Три години владика, три нови цркви за Македонската православна црква. Европската епархија, со која веќе трета година раководи Митрополитот г. Пимен полека, но сигурно станува пример како се воздигнува црковниот живот во дијаспората. Некогаш од една од најнеорганизираните епархии на МПЦ, денес станува мотивирачка сила за обединување на македонската дијаспора. Викендов во Мајнц Германија беше поставен камен-темелник на нова црква, кој ќе биде место каде Македонците од околните градови во Германија ќе можат да ги остваруваат своите верски потреби. Митрополитот Пимен, во изјава за Вечер вели дека овој чекор претставува историски чин за развојот на епархијата.
-Црквата ќе биде место каде македонската дијаспора од Мајц и околината ќе живее црковно. Станува збор за црква од византиски тип со две куполи, вели Владиката Пимен.

За три години ова е трета црква, што ја гради Европската Епархија. Претходните две, едната во Малме, Шведска и во Тринген, Швајцарија се во завршна фаза. До крајот на годината се очекува нивно осветување.
-За жал црквата останува единствениот фактор на обединување на дијаспората и затоа сметам дека ова е еден битен момент од животот на црквата. Многу значајно е да се нагласи дека тоа што сега се случува е плод на онаа втора генерација нашите иселеници и кои се вклучија активно во црковниот одбор и кои помогнаа да се случи овој момент на поставување на камен-темелникот, објаснува владиката Пимен.

Европската епархија планира изградба и на македонски храм и во Берлин. Дотогаш ќе биде изградена мал параклис кој биде место каде ќе се собираат македонските верници.

Иднината на МПЦ е во младите владици
Црковните аналитичари оценуваат дека иднината на Македонската православна црква треба да се гледа во младите и перспективни владици, кои пред три години беа избрани за членови на САС на МПЦ.
-Иако многумина од постарата генерација архиереи гледаа со сомнеж на подмладувањето на Синодот, сепак тоа што сега го прави владиката Пимен, треба да биде пример како се гради и воздигнува црковниот живот, велат за Вечер црковни извори.
-Тоа треба да биде поука и за Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој викендов беше во Мајнц. На МПЦ и требаат храмови и хумани дела, а не матни бизниси со хотели и станбени згради, потенцираат истите извори, кои сакаат да останат анонимни.

Марјан Николовски

 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная