логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.Petkovden.jpg

Некому брат, некому душман

По служењето на неделната литургија и по пиењето чај со отците, се повлеков во мојата ќелија, во манастирот Зрзе, за да ги соберам впечатоците од изминатата седмица, која, по повод Светиклиментовите чествувања, беше исклучително полна со содржини. Понеделникот што измина бев задолжен да го пречекам високиот руски духовник, отец Николај Балашов, на аеродромот во Скопје и да се погрижам  уредно да се реализира програмата на неговата посета во нашата земја. Според предвиденото требаше да се посети резиденцијата на Претседателот на државата, да се вечера кај Архиепископот, да се присуствува на свечената академија и на  изведбата на ораториумот, за утредената, веднаш по литургијата во Соборниот храм, да се испрати гостинот на аеродром. Двата дена поминаа како два часа, при што, брзајќи да не го пропуштиме летот, остана време само уште да се поздравиме и да си размениме подароци. Добиениот диптих за мојот именден, на којшто се изобразени Казанската Мајка Божја и Седржителот Христос, и кој веќе е сместен на иконостасот во мојата ќелија, остана да ме потсетува на братската љубов и на вниманието на владиката Иларион (Алфеев). Диптихот, заедно со неговата книга Вие сте светлина на светот, со испишаната посвета („на мојот собрат во Христа, епископот Климент, за молитвен спомен, епископ Иларион“) за мене се израз на почит и искрени братски релации. Како што за владиката Иларион (Алфеев)  уште од почетокот на нашето пријателство во Охрид 2007 година, па сè до последниот телефонски разговор од пред триесетина дена, за време на неговата посета на Косово, верувам дека сме браќа во Христа, за жал, исто толку се уверив дека  за некој со кого заедно израснав, и за кого во свое време се бев заложил за истиот да расте по мерката на растот Христов, од некогашен другар, брат и игумен, денес останав само со залепена етикета на расколник...

Имено, истата оваа седмица што измина прочитав дека мојот некогашен пријател Давид (Нинов), сега следбеник на Вранишковски, напишал предговор за книгата на горно-карловачкиот епископ на СПЦ, во којашто под посебно поглавје се третира ерархијата на Македонската православна црква како расколничка структура. Авторот на книгата се погрижил текстот да го илустрира со фотографии, од кои некои бесправно земени од официјалниот сајт на МПЦ, и секој македонски архиереј да го „украси“ со квалификации од типот архирасколник, расколник, шизматик, вокабулар од лексеми кои поттикнуваат верска нетрпеливост и омраза.

Кај мене не постои дилемата зашто како македонски архиереј за рускиот архиепископ Иларион сум брат во Христа, а за српскиот епископ Давид сум шизматик. Ниту прв пат го слушам тоа од неговата уста ниту, пак, верувам последен. Духот на изреченото од него соодвествува со коментарите на извесен Теодор Петров, кој како дописник од Москва за грчките црковни медиуми, ги  коментира двете соопштенија од Одделот за надворешни работи на Московскиот Патријархат по повод посетата на отец Николај Балашов во Македонија.  За жал, во текстот со малициозен наслов „Македонскa алва“, објавен на грчкиот црковен портал (http://www.amen.gr/index.php?mod=news&op=article&aid=1139), Т. П. преку диоптријата на елинизмот отвора прашања со кои директно го субординира духот на ортодоксијата. Покрај останатите небулози, кои не се вредни за споменување, Т. П. во име на имагинарниот збунет читател прашува зошто во соопштението на Одделот за надворешни работи на РПЦ, македонските архиереи не се наречени шизматици и расколници, иако Руската православна црква, според него, во секоја прилика така ги нарекувала украинските епископи кои не ја признаваат црковна Москва?  Одговорот е познат, но бидејќи не е поставен на нашата адреса ќе го премолчиме. Во меѓувреме, таквите како Петров останува да бидат утешени од изјавите на следбениците на Вранишковски, кои како инструирани инсталации на туѓи центри, на македонското поднебје ќе го прават она што ќе им биде зададено по директива од оние кои не ни сакаат добро, именувајќи ја нашата македонска ерархија како шизматичка.

Долг ни е да потсетиме дека минатиот век под истиот изговор за шизма беше убивана прогресивната македонска младина во Беломорието со благослов на фанариотот Каравангелис. Затоа, доколку ова е официјална позиција на грчкиот блок цркви поддржан од Српскиот Патријархат и т.н. ПОА, да бидеме сигурни дека сè додека не се изгони овој зол дух на стигматизација меѓу едноверните браќа, нема да има скоро решавање на отвореното македонско црковно прашање. Се плашам дека можеби некому токму тоа и му оди во прилог.

Епископ Климент Хераклејски

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

« »

Најнови вести

Православен календар

 

12/08/2026 - среда

Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник; Св. свештеномаченик Валентин; Св. свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски; Св. Јован, војник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная