логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 markov.sv.Zlata1.jpg

ПОЧНА ВТОРАТА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУРЕЛИГИСКИ И МЕЃУЦИВИЛИЗАЦИСКИ ДИЈАЛОГ
 

На отворањето на конференцијата, претстедателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски го истакна значењето на толеранцијата, особено кога станува збор за религијата. Тој нагласи дека и покрај разликите треба да постои разбирање и заемно почитување, затоа што независно конфесионалните различности, постојат повеќе заеднички нешта кои не поврзуваат.

 markov.sv.Zlata1.jpg

-Постои една едноставна, но длабока изрека за чие што значење честопати и не размислуваме премногу, но во неа е искажано едно универзално начело кое вели „Сакај го ближниот свој како себеси“. Сите вери и цивилизации можат, би требало и навистина се согласуваат со ова начело - мораме да го сакаме ближниот како себе си, затоа што насилството, војните и останатите зла, се случуваат кога го отфрлуваме ова начело, истакна Груевски во своето обраќање.

 markov.sv.Zlata1.jpg

Министерот за култура Елизабета Канческа - Милевска во обраќањето пред присутните потсети дека Македонија не беше случајно домаќин на Првата светска конференција, на која земјата покажа дека само со размена на мислења и искуства светот може да стане една динамична област во која луѓето повторно ќе го откријат стимулативното богатство на различностите, културната размена и соработката.

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

-Искуството од првата светска конференција ми дава надеж да верувам дека и оваа, втора по ред екуменска средба, ќе се реализира во насока на афирмација на сите наши досегашни сознанија и искуства, кои на дело ќе го потврдатуспехот на дијалогот помеѓу културите и цивилизациите, рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека културната и религиската разноликост на Македонија претставува извор на голем креативен потенцијал и мост кон заемно разбирање, почит и соживот.

-Република Македонија е земја со долга и богата култура, со различни културни  изразувања и фасцинантни длабоки духовни корени. Таа е судбински портал низ кој се преобразува Европа, земја-музеј, земја на археолошки локалитети, земја на духовни светилишта, нагласи Канческа-Милевска.

На собирот се обрати и претседателот на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска која истакна дека очекувањата на учесниците на Конференцијата се токму од Охрид да биде испратена посебна докрина на голема религиска надеж.

 markov.sv.Zlata1.jpg

На отворањето на конференцијата се обратија и поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан, претседателот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, шефот на делегацијата на Светата столица, кардиналот Винко Пуљиќ, бискупот на евангелско-методистичката црква Хајнрих Болетер, рабинот Ендру Бејкер. Од странските претставници свое обраќање имаа и Енгелберт Руоз, директор на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, како и Деирдре Бојд, координарот на ООН и претставник на УНДП.

 markov.sv.Zlata1.jpg

 

На Конференцијата што до 9 мај ќе се одржува во Охрид свој придонес ќе дадат претставници на римокатоличката, муслиманската, евангелско-методистичката црква, Црквата на Исус Христос, будисти, претставници на Еврејската заедница, адвентисти, протестанти. 

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 Извор: http://www.kultura.gov.mk/listsoopstenija_more.php?id=457

Фото: Преминпортал

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная