логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Охрид, 8 мај 2010 (МИА) - Претставниците на сите светски религии, експертите, еминентните членови на меѓународните организации уште еднаш на дело го потврдија фактот дека културата и религијата се најмонолитните фактори на мирот, соживотот, просперитетот и благосостојбата, рече вечерва министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во завршното обраќање пред учесниците на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што вчера и денеска се одржа во Охрид.

markov.sv.Zlata1.jpg

Новите можности за комуникација, посочи таа, кои ги откривме на оваа Светска конференција по усвојувањето на новата декларација несомнено ќе помогнат во процесот на одржување континуитет во дијалогот, кој се наметна како основна придобивка од оваа конференција.

- Нашите верски и политички лидери вчера и денеска ве запознаа со тоа што се Македонија прави за да ја унапреди не само коегзистенцијата туку и синергијата на нашиот народ и граѓанство, на православното и католичкото христијанство, на исламот и муслиманството, на протестантизмот и јудаизмот, на сите други помали конфесии, истакна Канческа Милевска во обраќањето пред присутните.

Таа оцени дека континуитетот на одржувањето на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог поттикнува и ќе поттикне одржување на други регионални и светски состаноци на тема дијалог меѓу религите, различните култури и цивилизации на ниво на влади, верски лидери и уметници.

- Конкретните настани на оваа конференција ни ги доближија теоретските препоставки кон праксата, а присуството на претставниците на верските заедници од повеќе земји во светот е доволна потенцијална енергија да веруваме дека во следната ваква средба во 2013 година многу проблеми и јазови меѓу нас ќе бидат премостени токму со рационалноста и продуктивноста на дијалогот, додаде Канческа Милевска.

Nikola.Monashtvo.jpg

Учесниците на меѓународниот собир претходно усвоија завршна декларација во која се обврзуваат дека активно ќе учествуваат во јакнењето на мирот и соработката преку постојан дијалог и меѓусебна размена на добри практики особено во рамките на сопствените заедници, ќе охрабруваат меѓукултурни настани и активности за промовирање на толеранцијата и соживотот и ќе се борат против сите појави на предрасуди и исклученост.

Nikola.Monashtvo.jpg

Воедно ќе биде испратена порака до сите институции на ОН со апел за нивна постојана посветеност за афирмација на меѓурелигискиот, меѓукултурниот и меѓународниот дијалог. Во декларацијата се поддржува и идејата за воспоставување Управен совет за религиите под патронат на Светската организација кој би можел да го унапредување на дијалогот меѓу религиите, културите и народите. Текстот на Декларацијата ќе биде предаден на Генералното собрание на ОН, до владите на државите-членки, до останатите асоцијации при Светската организација, како и до сите позначајни меѓународни организации.

Nikola.Monashtvo.jpg

На конференцијата присуствуваа околу 480 домашни и странски гости од повеќе од 30 земји, истакнати политичари, научни и културни работници, видни експерти и универзитетски професори кои се занимаваат со прашања од областа на религијата и културата, претставници на меѓународни и на младински организации, како и претставници на невладиниот граѓански сектор.

Nikola.Monashtvo.jpg

Конференцијата под мотото „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“ се организираше во рамки на Меѓународната година на Обединетите нации за зближување на културите. Настанот се одржа во рамки и на „Декадата за дијалог помеѓу цивилизациите“ и „Декадата за култура на мирот на ОН и УНЕСКО“, а претставува континуитет на дијалогот започнат на Првата конференција во Охрид во 2007 година.

Конференцијата ја организираше Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.

Настанот го поддржа Владата на Република Македонија и УНЕСКО кој, како и за Првата конференција, партиципираше со финансиска поддршка од 100.000 американски долари. Дел од одобрените средства на УНЕСКО се обезбедени од Шпанскиот фонд за остварување на Милениумските развојни цели, во рамките на заедничкиот проект на агенциите на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“ во Република Македонија. За Конференцијата поддршка даде и Фондацијата на холокаустот и Евреите во Македонија со сума од 40.000 американски долари. рп/ва/нд/19:21

Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Nikola.Monashtvo.jpg

Лето Господово 2010

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

16/08/2026 - недела

Преображенски и Богородичен пост (пост на масло)

Преп. Исакиј, Далмат и Фауст; Преп. Козма евнух; Преп. Антониј Римјанин; Св. мироносица Саломија;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная