логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


markov.sv.Zlata1.jpg

МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА

                                 Охрид, 28 јуни – 13 јули 2010

 

Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски и годинава беше учесник на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, што се одржа од  28 јуни до 13 јули 2010 во Охрид.          

Проф. д-р Ацо Гиревски говореше на тема: „Приближувањето на богослужението на современите говорни јазици - предуслов за духовна обнова“. Во своето предавање професорот о. Гиревски укажа на исклучителната важност на богослужението за православните христијани, потоа говореше за практикувањето и видовите на христијанското богослужение, а главната тема во предавањето му беше прашањето за (и против) воведување на народниот говор во богослужението, како предуслов за духовна обнова, со посебен осврт во традицијата на Македонската православна црква.               

На крајот од предавањето следуваа неколку заклучни зборови преку кои, меѓу другото, професорот Гиревски истакна дека Македонската православна црква со преводот на Библијата на современ македонски литературен јазик, а потоа и со преводот на црковните богослужбени книги на современиот говорен јазик, постави  добра платформа за натамошниот развој и усовршување на македонскиот јазик. Дотолку повеќе што со преводот на Библијата и со богослужбените книги се даде убедлив доказ дека македонскиот јазик е мелозвучен, молитвен, кршлив, разигрлив и дека на него можат да се пренесат и посложени (мистички) мисли, погледи, формулации што се среќаваат во библиските текстови. Можеби овој посебен профил на македонскиот јазик, не е и единствениот, заклучи професорот   Гиревски, заради кој заслужува лингвистите да му посветат поголемо внимание од досегашното.

     markov.sv.Zlata1.jpg   

    ***
На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура беше подготвена разновидна програма, покрај редовните лекторски курсеви по македонски јазик, имаше и добар избор на предавачи, кои ги откриваа тајните и спецификите на македонскиот јазик и неговата литература, историја и култура. На летната школа, исто така,  работеа врвни стручњаци во својата област. Лектори беа наставниците и соработниците од Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје, а предавачи еминенти стручњаци од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и од неговите придружни членки, меѓу кои Православниот богословски факултет, како и од најугледните македонски научни и културни институции.

Во програмата беа вклучени и културни активности, филмови, телевизиски драми, разгледување на македонскиот бисер Охрид со неговите знаменитости, манастирот Свети Наум на Белото Езеро, Свети Спас во Горно Лакочериј, Света Богородица во Скрабино и други интересни места, преку кои учесниците беа запознати со еден прекрасен дел на Македонија.  

markov.sv.Zlata1.jpg 
  
Учесници

На летната школа  учествуваа странски слависти, македонисти, балканисти, универзитетски професори, научни работници, преведувачи, млади истражувачи и студенти по македонистика,  славистика и балканистика низ светот. Бројот на учесници се движи од 80 до 100, во зависност од финансиската поддршка на Дражавата. Оваа година учествуваа околу  90 учесници. 

Организатор

Летната школа ја  организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при  Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Адреса: Бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје

msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная