логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Успение

 

„Дево Богородице, Ти што замина од земјата, не оставај ги тие што се на земјата, што на Успението се поклонуваат.“ „Дево Богородице, Ти што замина од земјата, не оставај ги тие што се на земјата, што на Успението се поклонуваат.“

     

 „Околу твојот одар стоејќи, Дево, топло те повикуваме: смилувај ни се, Сесвета, спаси ги сите верници!“ 

( стихови од статиите на Успение)

      

Колку е блажено и преблажено Успението на Пречистата Дева! Таа како силен извор на вистинската Светлина, неисцрпна ризница на живот, богат источник на благослови, причина и виновничка за сите наши добра,  иако за кратко време телесно се покри со смртта, од својот свет и чесен Гроб богато не дарува со чисти и непрестани бранови на бескрајна светлина, питие на бесмртниот живот и вистинско блаженство. Зашто во тој славен ден на своето Успение, нејзиното божествено и пречесно тело, додека беше носено на трепетните раце на апостолите, опкружено со ангели, и преполно со божествено благоухание, ја покажа Богородица како избран Божји сад, која живеејќи во крајно смирение и скромност, со ова нејзино сечесно Успение, се прослави од Бога и на целиот свет му го јави блесокот на својата слава.      

Велат дека од преполнето срце зборува устата. Но, понекогаш, кога срцето гори, опфатено од неизмерна љубов, устата молчи, свесна за немоќта на човечкото слово, па тоа што е во срцето, останува сокриено таму, зашто било кој обид со збор да го објасни, само би го приземјил и одзел тоа небесно чувство.  Но љубовта кон вас не тера да се обидеме сепак да го споделиме она што браќата од Бигорскиот манастир и сестрите, заедно со големото мнозинство на присутни верници, го примија како скапоцен дар од Богоневестата, на сеноќното бдение во чест на нејзиното сечесно Успение. На оваа прекрасна и посебна богослужба, карактеристична за светиот Гроб на Божјата Мајка во Гетсиманија, што веќе неколку години традиционално се прави во Бигорското светилиште, монасите ја излеаа сета  љубов и нежност кон Богородица, како кон своја Мајка, припремајќи и прекрасен цветен одар, како најнежен украс за нејзиното пречисто тело. А тоа, во вид на раскошно украсена плаштаница, лежеше положено на блескава постела,како на небо, засолнувана од крилјата на шестокрилите серафими и многуоки херувими, и чиниш како вистински да е тука, пред нас Родителката на вечниот Живот. И навистина, во преполнетиот храм силно се чувствуваше нејзиното благодатно присуство, кое ги исполни со умиление сите срца, па затоа посебно торжествено одекнуваа трогателнитe стихови од Статиите испеани на нејзиното Успение.     



Браќата од светата Бигорска обител на Пречистата и ги принесоа и своите нови духовни рожби, молејќи ја да го излее врз нив својот благослов, и како што благоволи на овој нејзин голем празник да ги удостои со монашко расо, така да ги подготви со благодат и нивните срца, та да се разгорат со огнена ревност за монашкиот подвиг, за да Му бидат достојни слуги на Нејзиниот Син и Бог наш, Исус Христос. Така, тројцата нови послушници расоносци ги положија во рацета на Пресветата Богомајка своите срца и души, свесни дека во неа имаат навистина моќна застапничка пред Бога и штедра дарителка на неизмерни добра, а двајца други браќа, со метанија пред игуменот, братството, иконата на Претечата како и пред чудотворната икона на Богородица „Достојно е“,  се приброија кон обителта како искушеници.  

   

Неискажлива е радоста, што така голем број на благочестиви христијани се придружија на монасите во овој голем молитвен подвиг, кој е вистински благослов за нашиот православен народ, зашто преку Бигорскиот манастир, и нашиот народ се стекна со ретка привилегија на ваков начин да го прослави Успението на Мајката Божја. Затоа молитвите упатени кон неа, во текот на ова десетчасовно бдение, како благоухана жртва се воздигнуваат пред престолот на Бога и посредуваат за спасението на нашиот православен народ, а особено за духовното и морално заздравување на нашата младина, која секојдневно пропаѓа, потоната во страшни пороци. 

 

Токму за ова зборуваше и игуменот, архимандрит Партениј, во својата беседа до присутните, сакајќи да им го посочи животот на Богородица, како пример за животот на вистинскиот христијанин, и со тоа да ги поучи колку морален и чист треба да е животот на нашите млади луѓе:     

 „Животот на Богородица е како една скала, по која таа се искачи до небесните височини, стана почесна од херувимите и пославна од серафимите. Богомајката стапна на првата скала, кога на тригодишна возраст беше воведена во храмот, каде времето го поминуваше во непрестајна молитва и рачна работа. Тоа е пример за сите нас, особено за монасите, кои живеат при храмот Господов и треба постојано да пребиваат во молитва.

Втора скала од нејзиниот живот е времето поминато во домот на Праведниот Јосиф, каде таа, на така мала возраст, со голема одговорност се грижи за неговиот дом и неговите деца, истовремено справувајќи се со разни искушенија и сомнежи од страна на Јосиф. Ова е  пример за секоја православна жена и мајка.

Трета скала се нејзините големи искушенија и страдања, при патот на Христос на Голгота. Болката  што таа како мајка ја претрпела, гледајќи го срамното понижување и ужасна смрт на своето чедо, била неизмерна. Сепак таа не негодувала за злоделото, туку трпеливо се молела и Му благодарела на Бога за сè.

Четвртата скала е нејзиното духовно живеење, по вознесението на Господ Исус Христос на небесата. Таа пребивала во постојано сеќавање на се она што Христос го направи за спасение на човечкиот род. Но тоа го правела не со жал, туку со радост, заради воскресението. Ова е пример за сите нас, дека треба да се потсетуваме на се она што стана заради нас, крстот, гробот и тридневното Воскресение. Ние сме должни да се потсетуваме на сето ова, за да имаме блажен живот.

Вечерва, подајте ги своите срца на Богомајката, бидејќи таа е дародарителка, нека ги слушне нашите молитви и да ја спаси нашата татковина, особено нашата младина, која, за жал, поголемиот дел е изгубена  во неморалот, што денес се пропагира на сите страни. Ви посакувам на сите добро бдение и по вашите молитви, Богородица да им ги отвори духовните очи на сите луѓе, та сите да тргнат по патот на спасението. “

 

 

 

 

Бигорски манастир- 2010

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

05/09/2025 - петок

Светиот маченик Луп; Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски; Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски; Свети Виктор; Света маченичка Еба ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 6 септември/24 август   2025

Тропар на светиот Свештеномаченик Христов Евтихиј 6 септември/24 август 2025

Кадилница на апостолите Јован и Павле,саду Христов миомирисен, Евтихие рамноапостолни,ангел пред тебе патот го отвараше,Духот во тебе Христа го сведочеше,

Тропар на св. Христов св.мч. Иринеј Лионски епископ 5 септември/23 август /  2025

Тропар на св. Христов св.мч. Иринеј Лионски епископ 5 септември/23 август / 2025

Како гранка накалемена на стеблото,сок животен од Небесата прими,коренот на учењето Христос Спасителотво низата Свои столбови те постави,

Тропар на св. Христови Маченици Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Зинон, Акиндин, Северијан, Принкипс и други 4 септември/22 август   2025

Тропар на св. Христови Маченици Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Зинон, Акиндин, Северијан, Принкипс и други 4 септември/22 август 2025

Крв јагнешка и јарешка не посака Господи,жртва сепаленица отфрли,а само срце скрушено и смирено не презре, та затоаЦрквата ја втемели...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная