логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Погрешна патна карта

 

И покрај сета почит, последното интервју на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, дадено за Бугарската национална телевизија, навистина предизвикува одредени недоумици и бара краток коментар.

 

1. Од една страна, на новинарското прашање зошто Ерусалимската патријаршија се нарекува мајка Црква, патријархот коментира дека е тоа само поетско изразување, а од друга страна неколку пати во интервјуто нагласува дека токму Цариградската патријаршија е мајка Црква на Бугарската Црква (како и на останатите Цркви што се осамостоиле од неа – заб. на авторот); па сега се поставува прашањето: дали и ова второво тврдење за него е само поетско изразување или навистина така мисли?

            Историски гледано, светите Апостоли откако биле пратени од Ерусалим на проповед низ тогаш познатиот свет,  тие во одредени населени места основале локални епископални Цркви во сета своја полнота и слобода, а не непотполни, незрели и зависни Цркви, подвластени на Ерусалимската Црква. Додека, пак, сите Цркви што се осамостоиле од Цариградската патријаршија тоа го направиле или преку раскол или преку паричен откуп или ја оствариле својата независност како плод од борбата на Цариградската патријаршија за ослабување на Руската Православна Црква.

Па, затоа уште еднаш се поставува прашањето: кој е тука мајка Црква и што патријархот подразбира под поимот ‘мајка Црква’?

2. Во дел од своето интервју патријархот вели: „Сите ние, православните – зашто во овој дијалог не учествуваше само Вселенската патријаршија, но и сите православни (што не е точно дека сите учествуваат – заб. на авторот) – го споделуваме мислењето, дека во првото илјадалетие од постоењето на Црквата, кога таа била една, постоело првенство на Римскиот епископ, на папата. Но, тоа е првенство по чест и љубов, а не првенство на јурисдикција (реална власт) над целата христијанска Црква. Со други зборови, како што нѐ учи богословието, тоа е првенство на човечкото право (а не Божествено право), создадено од потребата на Црквата да има една глава и еден координативен центар.“

Две недоумици произлегуваат од овој извадок.

Прво, намерно ли вели „да има една глава и еден координативен центар“ или зборот ‘глава’ едноставно потсвено му се испуштил? Затоа што едно означува ‘глава’, а друго ‘координативен центар’! Глава на Црквата е Богочовекот Христос, а таа е Тело Негово. Епископите на локалните Цркви се на место и во обличје Христово. Координативен центар е посоодветен израз за православната еклисиологија, каде што сите Епископи се еднакви меѓу себе, а се разликуваат само по првенството на чест, кое пак може да се јави врз повеќе основи. Изразот или институцијата земна ‘глава’, во контекст на едната Црква, е посоодветен за папоцентричната еклисиологија.

Второ, термините ‘Божествено право’ и ‘човечко право’ воведени се кај нас под влијание на западната схоластичка теологија. Едниот израз влече кон монофизитизам и католицизам, а другиот кон несторијанизам и протестантизам. Едниот е премногу крут, а другиот е премногу еластичен. Згора на сѐ, бидејќи секогаш човекот се јавува како толкувач на овие термини во теологијата, најчесто и од Божественото и од човечкото право се создаваат, на крај, само идоли од кои потоа е многу тешко да се ослободиме. Православната теологија познава само ‘Богочовечко право’, тука нема многу простор за своеволно толкување, туку за живот според Вистината кој се познава по своите плодови, односно по успешноста на мисијата. Позади неуспешна мисија секогаш стои или погрешна теологија или погрешно сфатена теологија

И двете теории, како апсолутистички, не водат многу сметка за историскиот развој и пастирските потреби на Црквата. Така, на пример, ако ги споредиме Цариградската и Московската патријаршија и нивната борба за првенството по чест, секој објективен православен христијанин, ќе заклучи дека тоа првенство веќе одамна му припаѓа на Рускиот патријарх и дека тој и de facto го има и тоа од многу причини: бројност на верници, бројност на епископи, слобода во одлучувањето, независност од надворешни фактори и т.н. Но, токму заради идолопоклоничкиот однос и погрешно сфатеното т.н. ‘човечко право’, тоа првенство по чест de jure сѐуште му припаѓа на Цариградскиот престол. Останатите Православни Цркви го признаваат ова првенство, која од полтронство, која од незнаење, која од зависност, а некои го признаваат снисходејќи заради доброто, односно заради единството на Православната Црква. Да видиме само до кога  сето тоа формално ќе функционира на досегашниот начин?

3. Понатаму патријархот вели: „Во православна смисла и толкување, Цариград е координативен центар на целото Православие заради единството на Православието и истовремено тој го координира дијалогот со останатите неправославни цркви во наше време, свикува општоправославни собори, кои се под претседателство на Вселеснкиот патријарх или некој негов претставник. Со други зборови, тоа е една институција со првенство, неопходно за функционирање на целата Православна Црква. Ако, и кога со Божја помош ќе се договориме со Католичката црква, односно околу значењето на поимот „првенство“, каков што тој бил во првото илјадалетие, Вселенската патријаршија нема да има потешкотии повторно да го признае Рим за прв престол и да го земе второто место, коешто го имала пред расколот.“

Колку што ни е на сите православни познато, не е цел на дијалогот да се договараме со Римокатоличката црква околу значењето на поимот ‘првенство’ и не е прашање дали Цариградската патријаршија ќе има или не потешкотии повторно да го признaе Рим за прв престол и да го заземе второто место, коешто го имала пред расколот. Цел и смисла на дијалогот е да се остварат зборовите на блажениот отец Георгиј Флоровски: „Соединувањето на христијаните за мене не значи ништо друго, туку сесветско враќање во Православие“, односно цел на дијалогот не е ништо друго туку, пред сѐ, признавање и прифаќање на вистинската вера – Православната од страна на римокатолиците; потоа сѐ друго е лесно. Секако, со оваа своја изјава патријархот сигурно не мисли или барем не рече дека само ако се договориме со Римокатоличката црква околу значењето на поимот ‘првенство’, ќе можеме и литургиски да заедничариме, но ние сепак да кажеме.

4. Уште патријархот вели: „подобро е што се наоѓаме во земја, каде што Православието е малцинство, во Турција, зашто ако бевме во друга земја, Цариградската Црква – Црквата на првиот престол на христијанството, ќе беше изложена на опасноста да се претвори во национална Црква.“ Кога би можеле за момент да бидеме саркастични и кратки, а изгледа и само така може ефективно да се одговори на оваа изјава, би рекле: Не, Цариградската патријаршија воопшто не е национална Црква, еве видете, меѓу нејзините верници и Епископи не се само Грци, има сразмерно и Турци, а и луѓе од други националности; исто колку што има и Арапи – Епископи во Ерусалимската патријаршија и исто колку што има повеќе милиони Копти во Александриската патријаршија. Господи, прости ни...!

И воопшто не е точно пишувањето на професорот Христос Јанарас, кое патријархот го цитира, односно дека било привилегија за Цариградската Црква тоа што се наоѓала на територија на неправославна држава, меѓу туѓа религија, зошто од таму можел подобро да се покаже нејзиниот вселенски карактер. Тоа тврдење би го прифатиле кога би се однесувало на почетокот од црковната мисија, но да се доведе една Црква во таква состојба, за секој духовен човек, е само доказ за непостоењето на плодовите од Духот во нејзиниот црковен живот и сведоштво за нејзиниот мисионерски неуспех. Ова важи и за мисионерската дејност на која било друга Црква, а примерите ги гледаме секаде околу нас.

Инаку, Цариградскиот патријарх е толку „Вселенски“ колку што Грчкиот архиепископ (Господ да го утеши!) е на „цела Грција“ и колку што и другите поглавари на помесните Православни Цркви во своите титули си додаваат придавки изведени од имињата на областите над кои нивната помесна Црква има јурисдикција.

5.   И за крај би ја прокоментирале малку и изјавата дека титулата „Вселенски“ за Цариградската Црква се користи без прекин од 4 век па наваму, дека таа е наследувана со векови, дека и Вартоломеј ја наследил и дека така ќе продолжи довека. Каде е оставен простор во оваа изјава за историскиот развој на Црквата и за нејзините пастирските потреби кои со текот на времето сигурно се менуваат? Тоа е идолопоклоничкиот однос за кој пред малку пишувавме и тоа е одговор на прашањето како некој си ја замислува улогата на мајка Црква и првенството по чест меѓу православните. Чест се дава, дури е и евангелски императив, но власта очигледно тешко се дава...

Но, бидејќи на сите ни е јасно какви централистички и апсолутистички тенденции има „човечката власт“, нашето внимание го привлекува друга дилема: дали Цариградската патријаршија навистина се надева дека дијалогот со Римокатоличката црква може да донесе вистински плод или го користи само како параван позади кој го промовира и наметнува своето првенство на власт? Освен тоа, полесно е потоа некој да спои два центри, отколку да има проблем со спојување на повеќе од десетина центри.  

 Дека всушност се работи за ова второто, сѐ повеќе сме убедени и од повеќедеценискиот однос на Цариградската патријаршија кон Руската Православна Црква. На сите ние што редовно ги следиме случувањата сосема ни е јасно дека Цариградската патријаршија води една политика чија цел е што поголема изолација на Руската Православна Црква од останатите Православни Цркви. Излишно е да наведуваме примери како што е донесувањето на Естонската Црква на дијлогот во Равена, охрабрување на Романската Црква за дејствијата што ги презема во Молдавија, признавањето или непризнавањето (зависи од интересот) на Црквите кои добиваат автономија или автокефалност од Руската Православна Црква, најблиските односи со Украинската црква на Филарет Денисенко, формирање на нови Цркви на канонска територија на Руската Православна Црква и многу друго, да не набројуваме. 

(од редакцијата на сајтот на МПЦ)

Вселенската патријаршија нема да има потешкотии повторно да го призне Рим за прв престол (28.11.2007)

Декларацијата од Равена- Сведоштво без сила

 

Посети: {moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

08/05/2025 - четврток

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2025

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2025

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Седумдесет свеќи се запалија од тебесвет стратилате Саво,кој пламен благодатен од Господа прими,и со таа свита храбро пристапикон војската маченичка...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај/23 април / 2025

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај/23 април / 2025

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная