логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Naum.na.Lit65

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување


       Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат да се држат за нешто видливо, опипливо – како слепи за стап, и до нешто што можат да го чувствуваат и доживеат, а Бог не им личи баш погоден за тоа.
И Мојсеј додека да се врати од гората Синај со таблиците од Божјите заповеди, неговите веќе си направиле идол во вид на златно теле и почнале да му се поклонуваат.
Главната причина за таквото однесување е заробеноста на срцето од страстите – славољубие, среброљубие и сластољубие, кои го држат умот непросветлен и слеп да Го види Бог, така што човек, на ова цивилизациско ниво, својата сигурност и безбедност е принуден да ја бара во феномените од овој свет: држава, нација, семејство, бизнис, власт, титули, криминал и слично – законски дозволено и недозволено, од кои си прави и идоли.
Велам принуден поради управата што демоните, преку страстите, ја преземаат над нашиот живот, посебно користејќи го стравот како средство. Иако секогаш нè поврзува со нешто материјално, идолот е всушност лажна состојба на затемнетиот ум, демонска идеја, прелест.
            И не само обичните луѓе, туку и религиозните социопати си прават свои идоли, но тие се поврзани со нивното „верување“, така што нивни идоли стануваат и: црковно-административното уредување, свештени чинови, надворешноста и внатрешноста на храмот, типици, свети Канони, календари, одејанија, начин на пеење, начин на служење, начин на однесување, пост, и што ти ли не. Тоа воопшто не значи дека ги немаат и идолите на обичните луѓе, затоа што основата и на нивното идолопоклонство е иста – срцето извалкано од страстите, затворено за умно-срдечната молитва и обземено од демоните, а ум затемнет; само што своето обично идолопоклонство го покриваат со религиозно идолопоклонство.


        Што не разбираат овие религиозни социопати – активни и пасивни; односно што не разбираат овие идолопоклоници?
Прво што не разбираат е дека идолот е секогаш истата и единствена пречка за духовниот развој и раст. Кој од нешто направи идол и го прифати во своето срце, таквиот престанува духовно да расте и почнува неговиот пад. Второ, бидејќи се лишени од перспективата на духовниот развој – како некои кои се духовно слепи, никогаш нема да разберат дека она што го гледаат како непроменлив идол си има свој историски почеток, развој и крај, и дека она што мислат дека е вистина за нивниот идол сосема различно изгледа на степенот на чистење на срцето од страстите, на степенот на просветлување на умот и на степенот на обожение на личноста.
На пример, еден е богослужбениот типик на општожителниот манастир, друг на оние што живеат во скит, трет на пустиножителите; или сосема друг во градските цркви; не можат сите да имаат или да им се наметнува ист типик – од идолопоклонички побуди, просто се работи за различен квалитет на духовен живот и различни духовни потреби.
Или на пример, молитвата на оној што се наоѓа на првиот степен е само умна и усна; молитвата на оној што е на степенот на просветлување на умот е аскетско умно-срдечна; а молитвата на обожениот е непрестајна умно-срдечна молитва; таква им е и Литургиската молитва.
             Или на пример, додека за оној што се наоѓа на прв степен – чистење на срцето од страстите, храмот му е место на кое се собираме за Света Литургија; за оној од вториот степен – просветлување на умот преку умно-срдечната молитва, храм му е целиот видлив свет, да не речам универзум, додека олтар му е секое место на кое ја извршува Божјата волја во слава Божја – на дело и со молитва; оној, пак, што е на третиот степен – обожение на личноста, самиот станува храм што ги собира сите луѓе, а неговото срце олтар од кој Светиот Дух Господ со неискажливи воздишки повикува за нивно спасение: Ава Оче!
И Светите Канони поинаку се применливи за секој од степените; итн., итн. Јасно е дека секој, од својот степен, различно гледа на работите, но духовно посилните треба да ги носат слабостите на послабите; додека пак, непросветлените треба да се учат, а не да поучуваат.
          Нормално, идолопоклониците – од типот на активните религиозни социопати, многу тешко можат да се излечат и речиси е безнадежно човек ним да им се обраќа; затоа што основна храна на нивното славољубие е токму судирот со познати црковни авторитети, како митрополити, архиепископи, патријарси, свети Синоди.
             Ретки се таквите, но гласни се и штетни. Нив можат да ги спасат само многу тешки болести и несреќи, и тоа доколку им текне да се покајат; но, за жал, во моето повеќедецениско работење на Нивата Божја, такво силно покајание – согласно штетата што ја прават, не сум забележал. Просто, ќе им помине времето во кое им е дозволено демонот да делува преку нив и одеднаш ги снемува.
Само што новопојавените активни религиозни социопати не знаат што се случило со претходните или демонот ги заслепува да не видат што се случило со некои сегашни. Слично нешто, но полесно, се случува и со пасивните религиозни социопати – оние што им го одобруваат работењето на активните; кои се и на број – повеќе. Како и да завршат, наше е да се молиме за нив.
Нам не ни е дозволено да им посакуваме нешто лошо и нам не ни е дозволено никого да изоставиме молитвено од нашето срце, без и самите молитвено да отпаднеме од него.
              Пишувам за оние идолопоклоници кои од невроза – религиозна или не, имаат можност, ако сакаат, да преминат на првиот степен од духовниот развој на личноста; пишувам опомена за оние што се наоѓаат на првиот степен од духовниот развој, а гледаат дека нешто стагнираат во духовниот развој; и пишувам за оние кои се наоѓаат на вториот степен од духовниот развој, кои за да продолжат духовно да растат, мораат доброволно да се откажат од секоја човечка власт и слава – всушност, пишувам и против самиот себе.
            Како што реков, секој прекин на духовното растење е сигурен знак за некакво идолопоклонство. Штом забележиме дека духовно не растеме, тогаш сигурно е дека од нешто сме направиле идол. Самото духовно нерастење е идолопоклонство. Неотвореноста за духовно растење е идолопоклонство – ако невротичарот си мисли дека не постои прв степен од духовниот развој на личноста, ако оној од првиот степен си мисли дека нема аскетска умно-срдечна молитва и просветлување на умот итн.
Не ви го пишувам ова со намера нешто да се менува од она што го востановила Црквата – ни типик, ни Литургија, ни Канони, ни календар, ни ништо – противник сум на секоја штетна промена, туку велам дека тоа што таа го востановила мора да го користиме како педагошко средство за постојано духовно растење, а не да правиме идоли од што било. Ние немаме потреба од надворешни промени, туку од внатрешни.
         Сакам преку напишаното да ве поттикнам да имате отворен ум, да не паѓате во стапиците на идолопоклонството, да ве мотивирам да растете – затоа што вашето духовно растење ќе го сруши секој идол што ќе се најде на вашиот духовен пат и на друг, духовен начин ќе ги гледате истите работи – сѐ додека не ги видите во несоздадената Божја светлина.
И сакам да ве потсетам дека токму идолопоклониците од нашите редови го подготвуваат патот на антихристот – тоа е истиот дух. Кој разбрал – разбрал.


Митрополит Струмички г. Наум

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1589
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3776
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8400
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

31/05/2025 - сабота

Св. маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија; Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина; Светите маченици Ираклиј, Павлин и Венедим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная