логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.Veles.jpg

Велес, 20 февруари 2011 (МИА) - , Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан денеска од Велес повика на единство со бога и единство меѓу луѓето.

- Без меѓусебно  почитување и без  заедничка грижа за македонските интереси, без бранење на духовното, националното, културното и историското и на се што е македонско нема иднина за опстојување на секој од нас. Затоа од ова свето место  повикувам на помирување на македонскиот народ, повикувам да ја разбереме древната библиска порака колку е убаво и мило кога браќата живеат сложно. И дека е богоугодно и родољубиво и ако така постапуваме, зошто е потребно  во овие тешки времиња за нашиот народ, држава и црква да бидеме единствени во ставовите на бранење на македонското име и идентитет во борбата за зачувување на сите наши институции. Време е да се поучиме од историјата дека делбите обично носат несреќи, изјави г.г. Стефан по преосветувањето на црквата „Успение на Пресвета Богородица‘‘ во Велес.

Тој нагласи дека се наоѓаме во подготвителни недели пред велигденските пости  и додаде оти Светата црква  пред овој пост ја нагласува потребата  од покајание.

- Сметам дека е прилика, токму на овој ден, овде во Велес да повикам на помирување на нашиот народ бидејќи  се понагласена  е поделбата меѓу нашиот  македонски народ. Затоа сметам дека Светата црква треба да повикува, дека е најпотребно  единството како христијански народ и како граѓани на Република Македонија. Потребно е да си простиме, да се покаеме и да се помолиме еден за друг зошто живееме во времиња со значителни искушенија, изјави поглаварот на МПЦ.

На новинарско прашање дали е можно  МПЦ и ИВЗ да седнат на заедничка маса и да разговараат  за последните инциденти на скопско Кале г.г. Стефан изјави дека не бега од средби и размени на разговори.

 - Не е мое да  оценувам и навистина немам аргументи кој стои зад таа организација  за настаните  што неодамна се случија  на Калето. Мислам дека лидерите на верските заедници, посебно на православната и исламската заедница не се инволвирани, но јас не бегам  од средби и размена на разговори. Сметам дека  надвор од верските заедници некој ги повикува нашите млади, што не е добро за никого, рече г.г. Стефан. ад/мд/16:22

 

Друго:

ТВ.Телма

Г.Г.СТЕФАН - ИНЦИДЕНТОТ НА КАЛЕ УДАР ВРЗ НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ 

 Инцидентот на скопското Кале е удар врз македонскиот идентитет, смета поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Уривањето на објектот го поврза со повеќе децениското негирање на македонската историја и идентитет.

 - И ова последново со реконструираната црква музеј на скопското Кале не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и децениското уривање и уништување на македонски цркви и споменици во северна Грција. Исто така и неприфаќањето на МПЦ, на возобновената Охридска архиепископија како црква на македонскиот народ, не е подалеку од желбата на соседите кои не прифаќајќи не, сакаат духовно да не изолираат и обезличат како православен народ, рече г.г. Стефан.

 

Поглаварот на МПЦ исклучува каква било поврзаност на верските заедници со инцидентот на Кале. Не посочи кој стои зад уривањето на објектот, но е уверен дека не го поддржала ниту една верска заедница

 -Не е мое да оценувам и навистина немам аргументи кој стои зад таа организација, односно зад настанот што се случи неодамна на Калето. Мислам дека лидерите на верските заедници, особено на православната и исламската не се инволвирани. Но, јас не бегам од средба, ниту од разговори. Сметам дека надвор од верските заедници некој ги поттикнува нашите млади, што не е добро за никого, потенцираше г.г. Стефан.

 Ги повика граѓаните на меѓусебно помирување. Им порача да бидат единствени во ставовите за одбрана на уставното име и идентитет. Време е да се поучиме од историјата дека поделбите носат несреќи, рече поглаварот на МПЦ на преосветувањето на црквата Пресвета Богородица во Велес.

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

22/06/2026 - понеделник

Петровденски пости; (строг пост)

+Свети Кирил, архиепископ Александриски; Свети Кирил Белоезерски; Свети Алексеј Мечев;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная