логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

soboren.dekemvri3.jpg


soboren.dekemvri2.jpg

 soboren.dekemvri.jpg

На денот на светиот пророк Наум и  свети Филарет Милостив во соборниот храм посветен на св. Климент Охридски се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

soboren.dekemvri5.jpg

soboren.dekemvri4.jpg

soboren.dekemvri1.jpg

Светиот пророк Наум   

Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва.

soboren.dekemvri6.jpg

Свети Филарет Милостив   

Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа. (од Верскиот календар на МПЦ)
soboren.dekemvri7.jpg

soboren.dekemvri10.jpg

soboren.dekemvri9.jpg

 

Посети:{moshits}


 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

06/07/2025 - недела

Петровденски пости (на риба)

Св. маченичка Агрипина; Св. маченици Евстохиј, Гај и другите со нив; Споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица; Повест за покајанието на Теофил; Св. Саксбурга ;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка  4 јули/ 21 јуни  2025

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 4 јули/ 21 јуни 2025

Благословена си Ти Пресвета Богородице Утешителке,Учителке и примеру на мајките,кои ги следат челадтта на голгота,блажен си ти о мачениче Јулијане,кој...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная