логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

„Дојдете собори на верните, дојдете празник да отпразнуваме, оти денес се покажа пресветлиот спомен на страдалникот Георгија кој, болскајќи со добродетели, невидливо ги просветлува срцата наши. Затоа, едномислено пеејќи, да речеме: Радувај се, воину на Великиот Цар Христос! Радувај се, пресветла похвало на верата! Радувај се, пресветол и пребогат маченику! Моли Го, преблажени, Господарот на сите – Христа Бога, да бидеме запазени од искушенијата на лукавиот, и да ги спаси душите наши.“
                                                        (Стихира од богослужбата на св. Георгиј)

 

Каква радост носи празнувањето во спомен на славниот великомаченик Георгиј. Неговиот светол пример оставил трага во срцата на сите оние што сакаат вистински да Го следат Христа. Зашто секој  вистински следбеник Христов треба да биде и маченик во своето срце, и да биде спремен да изгуби сè, да претрпи сè, само да не остане без својот преблаг Спасител. А тоа значи, да го следи маченичкиот подвиг на светиот Победоносец Георгиј. Токму за ова зборуваше и нашиот старец архимандрит Партениј, во својата кратка проповед на вечерната празнична богослужба во чест на патронот на свештената Раичка обител, сакајќи така да го истакне значењето на секојдневниот маченички подвиг на вистинските христијани во оваа духовна пустина на современиот свет. Можеби затоа, чествувањето на светиот Победоносец и Великомаченик Георгиј, отсекогаш било од големо значење за нашиот многустрадален народ, а сведоштво за тоа е и свечената еордија, што секоја година традиционално се прави во прекрасниот и славен град Струга. Самиот збор еордија е од грчко потекло и означува празнување. Вака во Струга се нарекува ктиторската вечерна, која се прави веднаш после прославувањето на патронот на храмот. Ваквиот обичај во градот на мостовите се прави веќе стотици години наназад, како долг на стружани кон ктиторите на Црквата, меѓу кои имало и светогорски монаси од струшко потекло, како Калистрат Зографски. На вечерната, покрај молитвата за ктиторите, се правела и литија со чудотворната икона на св. Георгиј, која е постара од храмот и датира од 16 век. Големата почит на стружани кон својот свет патрон и заштитник на градот, која не престана ни во тешките години на комунизмот, со благослов на митрополитот Тимотеј, а во организација на игуменот на свештениот Бигорски манастир, о. Партениј и ѓаконот Василиј, поттикна да му се врати сјајот на ова многувековно торжество, збогатувајќи го и со носење на моштите на св. Георгиј Победоносец од манастирот во Рајчица. А милостивиот Бог, Кој со радост го наградува секое богоугодно дело, оваа година ги израдува присутните на литијата и со учеството на оркестарот при МКЦ на град Скопје, за што најзаслужен е директорот Златко Стефковски, како и професорот Илија Пејовски, со своите успешни оркестрации на воскресниот тропар и химната на Богородица „Возбраное“. Така после празничната вечерна богослужба, која во целост го исполни храмот на Св. Георгиј, големото мнозинство народ во свечена поворка се упати кон центарот на градот, проследена со знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти. Всушност, присуството на моштите беше знак дека и самиот Победоносец духовно чекори со литијата, ги благословува сите и го осенува со неискажливо благоухание секој дел од старите струшки улици, бидејќи неговите свети мошти непрестајно благоухаат уште од првиот момент кога пристигнаа во својот дом во Рајчица, како подарок од познатиот архимандрит и агиолог со светогорско потекло, о. Епифаниј, долгогодишен пријател на скитот на св. Георгиј во Кавсокаливија, од каде што и потекнуваат овие мошти. Љубовта на сестрите во Рајчица достојно ги украси светите мошти со величествен цветен епитаф, кој беше радосно носен на рацете на видните струшки граѓани Новица Столески, Димитар Колоски, Благоја Милески и Душан Матоски. За оваа пригода цветно беше украсена и чудотворната икона на св. Георгиј, и положена на специјално изработена основа. Притоа не можеше, а да не се забележи и радоста на најмалите, кои на свој детски начин исто така им приредија свечен дочек на светите мошти и иконата, мафтајќи со знаменца и опсипувајќи ги светињите со цвеќиња, со радосниот поздрав „Христос Воскресна!“ Нивните весели и распеани детски гласчиња се мешаа со свечените акорди на оркестарот, кои насекаде одекнуваа и го зголемуваа празничниот амбиент. Радоста што се гледаше кај сите присутни во огромната поворка се одразуваше и на лицата на случајните поминувачи и бројните набљудувачи. Беше тоа една раскошна процесија, налик на оние што се прават во големите православни центри. Така, цела Струга ликуваше со овој велелепен настан, потсетувајќи се на старите славни времиња. По молитвите на нашиот старец Партениј и по застапништвото на светиот великомаченик Георгиј, да се удостоиме сите со неговото неискажливо маченичко трпение во страдањата, зашто во овој смртен живот нам постојано ни се наметнува потребата да претрпуваме нешто, а трпението ни е единствен начин да се спасиме и достојно да го носиме својот крст. Каква утеха ќе најдеме, каков мир ќе стекнеме, какви духовни плодови ќе набереме, доколку го усвоиме овој дух на Христово трпение. Тоа е мачеништвото и круната на секој верник Христов.Да најдеме и ние милост на судот Христов и да се удостоиме за Царството Небесно, заедно со маченикот и со сите оние што го чевствуваат неговиот свет спомен, во слава на нашиот Спасител Исус Христос, Кому заедно со Отецот и Светиот Дух, Му прилега слава, сега и во сите векови. Амин.

3.jpg

 5.jpg

6.jpg

10.jpg

12.jpg

13.jpg

16.jpg 

18.jpg

 

29.jpg

Повеќе: http://preminportal.com.mk/administrator/index2.php?option=com_content&sectionid=0&task=edit&hidemainmenu=1&id=8253

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

14/09/2025 -недела

Почеток на црковната година; Преподобен Симеон Столпник; Свети Исус Навин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Симеоне свети подвижниче,подвиг пред Господа голем принесе,надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот...

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин  12 септември/ 30 август  2025

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин 12 септември/ 30 август 2025

Молитвата како река протекува низ умот човечки,и ги согорува помислите на неговите богови,метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,оче Христифоре преподобен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная