логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Успение на Пресвета Богородица
„Огради ги помислите мои, Христе мој, бидејќи, еве, се осмелувам да ја опевам чистата Мајка Твоја“

(Икос на Успението на Мајката Божја).


23.jpg


 

...Кога сонцето на залезот, спуштајќи се зад хоризонтот, со својата блага светлина ја осветлува земјата, како да се збогува со неа, небесното синило изгледа особено прозрачно и длабоко, а краевите на облаците се обоени со златникава боја; тогаш чувство на внатрешна тишина и мир го обзема срцето. Ете така денес Пречистата го предава својот свет дух во рацете на Бога; бивајќи целата земена горе кон небесата, и не оставајќи ја земјата, Богомајката, носена на Синовски раце, заминува во непристапните предели, во оној сесветол и прекрасен небесен Ерусалим, опкружена од херувими и препрославувана од сите небески сили.Денот на Успението на Мајката Божја е голем празник на Православната Црква. Смртта постанала празник. За нас христијаните празникот Успение е преобразување на самата смрт, победа над гревот, враќање на патникот од далечен пат во родниот дом. Кратко пред Успението на Мајката Божја, Нејзе Ѝ се јавил архангел Гавриил – Нејзиниот Ангел Чувар – со палмово гранче во рацете и Ѝ рекол дека Господ наскоро ќе Ја земе кај Себе. Палмовото гранче е символ на победа. Самиот збор „успение“ означува „тих сон“, одмор од земските напори и жалости, а потоа будење за вечна радост, вечен ден, во кој нема ноќ, во кој небесните сфери се исполнети со сјај, налик на море од светлина. Светите отци говорат: „Денот на смртта е поголем од денот на раѓање“.
22.jpg


На сеноќното молитвено бдение, во Бигорската црква, раскошно преукрасена со цвеќиња и чиниш облечена во небесно синило, Бигорското братство заедно со стотиците верници го прославија овој „втор Велигден“, како што нашиот старец, архимандрит Партениј, го нарече сечесното Успение на Пресвета Богродица, во своето содржајно слово на почетокот на светото богослужение. А го нарече втор Велигден токму поради воскресението на Пречистата Мајка на Првовоскреснатиот. Воскресенската благодат, пак, што ги беше обвила нашите срца во оваа безвременска ноќ, дојде како исполнување на овие негови зборови. Така, најпрвин, старецот од името на целото братство им се заблагодари на бројните верници за нивното присуство на оваа молитвена вечер. Искажувајќи срдечно похвално слово за Пресвета Богородица, тој не изостави да нѐ нахрани со душеполезни поуки, поуки за живот според Евангелието. На крај напомна и за возвишеноста на монаштвото, кое е „најдрагоцен плод од покајанието на еден народ. Монаштвото е чувар на светото апостолско предание, преку кое тоа го приведува народот кон Бога“. Затоа нашиот старец ги запроси молитвите од верниците за духовен напредок на монасите.
13.jpg
 
На тој начин духовно поткрепени од неговите благи татковски зборови, присутните во храмот го започнаа овој сеноќен молитвен призив кон Онаа Која се вознесе со тело на небесата, предвестувајќи го така и нашето воскресение. Со песни и химни, колку што беше можно, во изминатата ноќ се опеваше преселувањето на небесната Царица од земниот во небесниот Ерусалим. Изобилната радост во душите, што сите толку силно ја чувствуваа, сведочеше за присуството на Пречистата во Претечевиот храм. Оваа неизмерна радост која беше дар од премилостивата Мајка за верните деца на Нејзиниот Син, блескаше од лицата на верните, во мигот кога со солзи во очите и умиление во срцата, сите во еден глас ги пееја Богородичните статии пред цветниот Епитаф со чудесната Плаштаница. Тогаш како гормогласно да одекнуваа Христовите зборови: не е умрена туку спие (Мт. 9, 24). Сепак нејзината мајчинска нежност и милост особено се излеа врз четворица членови на Бигорското братство. Таа ги удостои искушениците Марјан, Марјанчо, Игор и Михајло со монашко расо. Новите расофори, откако благодарно се поклонија и ја целиваа светата икона на Претечата и Божествениот образ на Пречистата - „Достојно ест“, направија по три метании пред нашиот старец и од неговите татковски раце беа облечени во ангелска облека. Пресвета Богородица нека им даде сили да го оправдаат монашкото расо со послушност кон старецот и бројни добродетели! Успенската радост беше збогатена и со молитвена литија околу храмот. Кружејќи трикратно со Плаштаницата пред која се носеше палмова гранка, браќата и сестрите заедно со големото мнозинство верни наликуваа на свештениот апостолски собор, кој некогаш во Ерусалим со голема љубов и умиление го носеше пречистото тело на својата небесна Покровителка.Крајот на земниот живот на пресвета Богородица бил, всушност, почеток на Нејзиното прославување. „Преукрасена со Божествена слава“ Таа стои и ќе стои од десната страна на престолот на Нејзиниот Син и во денот на Страшниот Суд во идниот век. Бидејќи Негова Мајка по тело и истородна по дух со Него, Таа царува со Него и има смелост пред Него, како Онаа Која волјата Божја ја исполнила и другите ги научила. Љубвеобилна и милосрдна, Таа љубовта кон Својот Син и Бог ја пројавува во љубовта кон родот човечки, застапувајќи нѐ пред Милостивиот, и е постојано присутна на земјата, помагајќи им на луѓето. Зашто Дева Марија единствена од луѓето ја сочувала во потполност чистотата на душата и срцето, никогаш не Го изневерила Бога, дури ни со една мисла или раздвижување на срцето.

  01.jpg

07.jpg

08.jpg

12.jpg

20.jpg

25.jpg

26.jpg  28.jpg

27.jpg

 29.jpg

Повеќе:Бигорски манастир

http://bigorski.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=684

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная