логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Medal.Simon.jpg

Скопје, 23 септември 2011 (МИА)-Претседателот Ѓорге Иванов денеска во претседателската вила Водно на пијанистот Симон Трпчески му ја додели титулата „Национален уметник на Република Македонија“.

Ова признание во Република Македонија се доделува првпат.

Medal.Simon.jpg

Претседателот Иванов на свеченостa рече дека Трпчески преку клавијатурата ја прославил Македонија во светот и докажал дека е земја на извонредни уметници.

- Прогласувајќи го Трпчески за прв национален уметник, воедно ја искажуваме нашата посветеност кон уметноста и трајните вредности на музиката. Уметноста не препознава поделби и е најголемиот архитект на соживот и заедничката иднина меѓу народите и заедниците. Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, толеранцијата и разбирањето. Низ уметноста тие ги надминуваат сите граници и недоразбирања и невозможното го прават возможно, рече Иванов.

Прогласувајќи го Трпчески за национален уметник, посочи претседателот, ние всушност го праќаме во мисија на поврзување и градење пријателства во Македонија, но и меѓу земјата и светот.

- Македонија е мајка која отсекогаш давала големи луѓе кои го менувале светот, кои просветлувале, создавале и оставале трајни вредности. Горди сме што еден од тие големи синови на Македонија е нашиот драг Симон Трпчески, додаде претседателот Иванов.

Medal.Simon.jpg

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека со оваа титула, по примерот на многу држави од Европа и светот, трајно се вреднува и бележи влогот на Трпчески кој остварил врвна комуникација со културните случувања насекаде.

- И покрај сите меѓународни успеси и признанија, Симон не ја заборави Македонија, своите македонски корени и својата публика. Тој денеска е дел од музичкиот пантеон на светската пијанистичка интерпретација, а со својата уметност суверено се движи како естетски император чии десет прсти го создаваат клавирскиот бескрај, потенцираше Канческа-Милевска.

Medal.Simon.jpg

Medal.Simon.jpg

Трпчески наградата ја посвети на своето семејство. Во жешкиот месец август, како што рече во своето обраќање, бил дома и многу вежбал.

- Колку само пот се излева во таква макотрпна работа за едно уметничко дело да излезе на виделина, пред илјадиници луѓе со голема одговорност, но и гордост. Не беше ни малку лесен мојот пат да стигнам до ова. Низ трње до ѕвездите. Растев во скромно семејство, во топла атмосфера, во многу тесен простор, опкружен со најшироките срца на светот, со многу љубов и песна. Мојот музички талент го наследив од мојот татко, тој беше оној кој најмногу веруваше во мојот успех и од самиот почеток визионерски ги предвидуваше работите. Затоа и со таков жар се трудеше да ми овозможи да напредувам. Храбро, сам и со многу малку пријатели успеал и денес тој би бил најсреќен. Оваа награда всушност би била негова огромна сатисфакција, рече Трпчески.

Уште од мал, додаде, бев воспитуван да му припаѓам на светот, но со мал аманет, пред се и над се да знам што сум и од каде сум, бидејќи, рече Трпчески, дрво без корени не може да опстои.

- Секаде и на сите континенти јас сум Симон од Република Македонија, горд на своето потекло и преполн со огромно духовно богатство, рече Трпчески, заблагодарувајќи им се на Министерството за култура, Владата и државата што се сетиле на оваа награда.

Симон Трпчевски е роден 1979 година во Скопје. Тој завршил основно и средно музичко училиште, а дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Пијанистот во годините наназад успеа да ги наполни европските и светските познати концертни сали. лѓ/паг/15:53

Medal.Simon.jpg

Medal.Simon.jpg

 Лето Господово 2011

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная