логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


liturgija.spas15.jpg

liturgija.spas13.jpg

Денес, кога Светата Црква го слави споменот на светите маченици Мина, Ермоген и Евграф, во храмот посветен на Вознесението Христово се се отслужи Божествена Литургија. Певницата ја водеа учениците на Македонската Православна Богословија предводени од професорот Гоце Секуловски.  Верниот народ се причести со Светите  Тајни Христови.

 liturgija.spas8.jpg 

liturgija.spas12.jpg

liturgija.spas12.jpg

liturgija.spas1.jpg

liturgija.spas6.jpg

liturgija.spas9.jpg

liturgija.spas5.jpg

Неделата-новозаветен празничен ден на одморот

"И Ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што Ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што Ги создаде. И Го благослови БОГ седмиот ден, и Го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што Ги создаде" (1 Мој. 2,2-3).

Бог по создавањето на светот се одморил во седмиот ден-саботата, ја благословил и ја осветил. Сепак со тоа не и дал неизменлива и незаменлива важност. И покрај благословот и осветувањето на саботата, Бог не нашол за потребно да им нареди на првите луѓе да ја празнуваат, ниту да се радуваат во неа, ни пак да се молат во тој ден. Значи старозаветната сабота имала само привремено значење, кое што важело во старозаветното време, исклучиво само за староеврејскиот народ, се додека Бог не склучил со луѓето Нов Завет, преку својот Единороден Син Господ Исус Христос. Во новозаветното време по Христовото воскресение кое се случило во неделата, Бог истата ја определил за радосен и молитвен празник украсен со милосрдни дела (1 Кор. 16,1-2).

Кога Бог го заменил значењето на саботата со неделата, не значи дека таа како ден била и избришана од седмицата. Бидејќи во новозаветното време саботата го задржала своето старозаветно име, според Божјата промисла го изгубила своето старозаветно значење што го имала како празник во старозаветното време и на нејзино место бил издигнат и прославен првиот ден од седмицата-неделата, како најголем седмичен христијански празник.

Старозаветната сабота била празнувана со принесување на крвни жртви од животни, додека во новозаветната недела нема такви крвни жртви, зашто ние христијаните сме осветени со принесувањето на телото Христово како последна крвна жртва, еднаш засекогаш (Евр. 10,10). Во новозаветната Црква, првиот ден од седмицата-неделата го примил значењето на последен ден седми наместо старозаветната сабота, зашто бил посветен за спомен на славното Христово воскресение. Затоа секоја недела сама по себе претставува мало Христово воскресение односно Велик Ден. Во тој ден Господ Исус Христос не го укинал Стариот Завет, но го исполнил и со тоа го запечатил исклучителното пресоздавање на светот. Празнувањето на неделата е најстаро од сите христијански празнувања, кое започнало од самото време на Христовото воскресение.

Значи во тој спомен неделата била свечено празнувана како ден за молитва и одмор, бидејќи во тој ден се случиле измирувањето на Бог со нашите прародители Адам и Ева и ослободувањето на светот и човечкиот род од ропството на нечестивиот, за што сведочи и Св. Писмо:
"Овој ден е што Го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него" (Псал. 117,24).
М-р И. О. -

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

« »

Најнови вести

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная