логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



  Христос се роди!

На празникот на Рождеството Христово, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи бдение со Божествена Литургија во соборната црква на светите Методиј и Кирил во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Rozdestvo.HristovoMPC.jpg

Витлеемски домови

           

 

            Денес, ќе се надоврзам на беседата од минатото бдение. Сигурно се сеќавате дека реков: Откријте ја убавината на животот духовен, оти и нема друг вистински живот. Вложувајќи во духовниот живот, од една страна, вложуваме во нашата иднина (и така сѐ најпрвин се случува на духовен план, а потоа во реалниот живот)  ̶  времена и вечна, а од друга страна, ја правиме вечноста присутна во нашиот секојдневен живот, го живееме Царството Божјо овде и сега.

            Доколку пак, се случи повеќе од потребното да вложуваме во нашите световни потреби, тогаш со сигурност ќе влеземе во безобѕирна и безобразна борба за задоволување на нашите страсти. Велиме безобѕирна, затоа што во таа борба ги повредуваме другите луѓе околу себе, на кој било начин  ̶  душевен или телесен, без грижа на совест, а е безобразна затоа што не нѐ води кон образот Божји. Идејата на денешниот благ ден е дека Бог стана Човек, за човекот да стане бог преку личното учество во Божјата благодат. Човекот создаден како икона (образ) Божји, да стане и подобен на Бог  ̶  преподобен.

            Затоа, вложувањето во световниот живот на крајот, кога-тогаш, брзо или покасно, ќе донесе само несреќа, само болест, само тага и неуспех; ќе ни се открие како погрешна инвестиција, како онтолошко промашување. А вложувањето во духовниот живот ќе нѐ збогати со Плодовите на Светиот Дух Господ: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста (Гал. 5, 22–23). Тоа е првата порака што сакам да ви ја пренесам од овој благден.

            Втората порака е тоа дека духовниот живот не е неразјаснет, оставен магловит од светите Отци, кои убаво го опишале и го поделиле на три степени од духовниот развој: очистување, просветлување и обожение. Зборот ми е дека во духовниот живот нема лажење, ниту пред Бог, ниту пред луѓето кои се опитни, ниту пред самите себе ако сакаме да бидеме искрени. Знаеме дека првиот степен, и сите останати степени, се одредуваат според квалитетот на молитвата; а рековме дека на првиот степен молитвата можеме да ја кажуваме само усно и со умот, на вториот можеме да ја кажуваме со умот во срцето. И човекот ако види дека има само усна молитва и со умот внатре во себе а не во срцето, тогаш знае дека е на првиот степен. Ако види дека има молитва во срцето, знае дека е на вториот степен. А тоа се познава од опит. Така што, духовниот живот не е нешто магловито, нешто неопределено, нешто нејасно, за да се чудиме на кој степен и како сме, а тоа е предизвик да знаеме на кој степен сме и да знаеме дека треба да растеме, а не да остануваме сѐ на истиот степен од духовниот развој. А ќе растеме откако ќе го восогласиме начинот на нашиот живот и подвиг со степенот од духовниот раст на кој се наоѓаме.

            Ова ќе го поврзам и со денешниот празник – Рождество Христово. Тоа е исто кога срцето нема да си го очистиме од своите страсти, тогаш нашето срце станува како домовите витлеемски во кои Христос не можел да најде место, т.е. Богородица не можела да најде место да Го роди Христос, така што морал да се роди во некоја пештера, во некои јасли надвор од домовите на витлеемските жители. И таа пештера го симболизира кое било друго место освен нашето срце. Затоа, битно е да растеме во духовниот живот, да напредуваме за овие празници.

            (Едно малечко девојче прашало зошто не се викаат полници, туку празници. Зборот празник е малку нејасен збор, тој си бара свое толкување, односно не е прецизен. Тој означува дека во овие денови треба да се посветиме на Бог и да сме празни од обврските околу овој свет и затоа празник – да не биде да се испразниме од она што значи побожен живот, а да се посветиме на јадење и пиење.)

            Затоа, третата порака што сакам да ви ја пренесам денес е тоа да не го славиме Рождеството Христово без Христос. И во овие денови на прославување сеќавајте се на Христос, бидете во молитвите со Него, за посебната благодат што ни е дадена во Црквата во овие денови да не се претвори во еуфорија, зашто лесно сѐ се претвора во еуфорија. На примeр, еве, после постот радоста може да биде чисто психолошка кога ќе почне човекот да јаде. Досега сте постеле и од утре ќе почнете да јадете и се чувствувате убаво. Но, тоа може да остане само психолошки момент, ако не е вистински духовна радост, односно ако постот не е поврзан со вистински православен духовен живот. А таа радост празна и световна набргу ќе се претвори во еуфорија и на крајот ќе се почувствуваме празни. Затоа, да не го славиме Христовото Рождество без Христос, без разлика на кој степен од духовниот развој се наоѓаме, да го лепиме умот наш за Христос, да се молиме, да бидеме со Него, и да не Го оставиме, како што реков на почетокот, нашиот дом – нашето срце, без Него. 

            Знам дека Господ на секој од вас му дава посебна радост во овие денови и никој нема да остане без радост, но да гледаме таа радост постојано да остане во нас, не само во овие денови. Христос постојано да биде во нашето срце, да го осветлува нашиот ум и нашиот пат во овој живот. Амин!

            P. S. Мислите дека витлеемските жители стварно немале место во своите домови? Не, просто не сакале да си ја нарушат својата комоција, не сакале да се откажат од компромисот со овој свет, тесно им било во срцата. Витлеемските жители немале место во своето срце, но и не знаеле што прават. А, ние?

            Христос се роди!


                                                             

 (од беседата на Митрополитот Струмички Наум, според електронскиот запис)

 

Лето Господово 2012

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

04/05/2025 - недела

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него; Света Тамара Грузиска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная