На 11.1.2023 година, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски г. Климент, оствари средба со Митрополитот Волоколамски г. Антониј, којшто беше придружуван од архимандрит Васијан, протојереите Николај Балашов и Игор Јакимчук и јерејот Александар Ершов.
Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нѐ љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекува од нас. Но, сепак, помило Му е кога луѓето нарочно Му се обраќаат. (…) Човекот треба да се одвои од светот и да тргне да Го бара Господа.
Спасоносниот настан од таа неповторлива витлеемска ноќ е исполнување на времетo коешто се навестуваше од искони, на времето во кое историјата стана сегашност, а очекувањата – стварност. Ова ново време го оживотвори вековниот копнеж на старозаветните праведници и пророци; ова време го засени Законот,
На празникот на Свети Наум Охридски Чудотворец, излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Философски стрмнини“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.
Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од денес, 1 јануари 2023 година, достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2023 година,, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.
Се надеваме дека и ова Божикно издание на „Православна Светлина“, ќе ја зголеми радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот.
Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.
Заупокоена Литургија со молитвен спомен за Митрополитот Горазд
На 22.12.2022 година, кога Црквата ги празнува преп. Даниил столпник и преп. Лука нов столпник, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, беше отслужена Заупокоена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија.
По Литургијата, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Панихида во молитвен спомен за Митрополитот Горазд.