Започна со работа црковно-информативниот портал „Литургија.мк“
Започна со работа црковно-информативниот портал „Литургија.мк“. Истиот ќе ги опфаќа следниве содржини: новости од МПЦ – ОА и од православниот свет, разни соопштенија поврзани со нашата Црква и, воедно, приказ на современи текстови, ставови и поуки за православната вера.
Сајтот може да го посетите на следниов линк:
https://liturgija.mk/


Денес, на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград беше прославен нововостановениот празник на Светиите кои учеле и кои се учеле на Богословското училиште во Белград, меѓу нив свети Иринеј Бачки Исповедник, свети Јустин Ќелијски, свети Варнава Хвостански. Во факултетскиот параклис посветен на светиот апостол и евангелист Јован Богослов,
Денешното евангелско четиво пак, ни говори за Најголемиот Лекар во светот - Господ Исус, Кој го посетил градот Ерихон... Таму еден слепороден човек седел крај патот и просел. Тој штом ја чул вревата, прашал што се случува. Тие му рекле: "Минува Исус од Назарет." Тој не гледа, не знае дали
Денес, по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале.
Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму







Значи, капењето е мал подвиг, мал чин на самопожртвуваност, што го правиме заради смирение. Да го смириш телото - и духот ќе ја најде слободата. Поздрав до сите што дојдоа кај Бога во едноставност и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие, како што пишува во Светото Писмо,
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина.
На 9.1.2024 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше на Светата Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Црниче.























