логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Trajche.sv.Teodor

Светиот цар Константин и Светата царица Елена

    Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател.

Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот.

        Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

Тропар
Кога го виде крсниот знак на небото, и како Павле доби позив не од луѓето, туку од Тебе, Господи, Твојот апостол меѓу царевите го предаде царскиот град во Твои раце; него секогаш во мир пази го, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче.

Кондак
Константин со неговата мајка Елена денес го покажуваат крстот, сечесното дрво, кој е за посрамување на сите Јудеи, а за верните цареви е оружје против непријателите, но и за нас се покажа како голем знак и страшен во борбите.

Преподобниот маченик Пахомиј

Родум од Мала Русија. Во младоста го фатија Татарите и го продадоа на еден Турчин кожар како роб. Помина во ропство дваесет и седум години, во местото Усаки во Мала Азија. Насилно го потурчија. Отиде на Света Гора, се замонаши и помина дванаесет години во манастирот на Светиот апостол Павле. Реши да пострада за Христа. Неговиот Старец, духовникот Јосиф, го отпрати Пахомиј до Усаки, каде што на својот поранешен господар Пахомиј му се јави како христијанин во монашка облека. Турците го удрија на маки, потоа го фрлија во затвор и најпосле го заклаа на 8 мај 1730 година, на самиот ден на Вознесение. Од неговата крв и од неговите мошти се случија многу чуда. Погребан е на островот Патмос, во црквата на Свети Јован Богослов. Така овој малоруски селанец стана маченик и венценосец во бесмртното Христово Царство.

Тропар
Тајната на мачеништвото ја запозна, о Пахомие, кога благодатта го исполни срцето кое се кае, аа ревноста уот го запали со една желба и една мисла. Радувај се преподобен оче и за нас моли се пред Оној кон Кого поита.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

« »

Православен календар

 

11/11/2025 - вторник

Преп.мч-чка Анастасија Римјанка

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври   2025

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври 2025

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври  2025

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври 2025

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Тропар на светата маченица Параскева Икониска 10 ноември/28 октомври 2025

Тропар на светата маченица Параскева Икониска 10 ноември/28 октомври 2025

Премудрата и сефална Христова маченица Параскева,мажествена храброст примајќи,женската немоќ ја отфрли, демонот го победи и мачителот го посрами, повикувајќи и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная