Сега сме овде во светиот Охрид, поточно во црквата Света Софија, пак сите заедно, една година подоцна. Сега сме повторно горди и исполнети со радост, а заедно со нас се радуваат сите црквољупци и светители. Вие, Ваша светост, сте најзаслужниот за сето ова што се случи, па затоа, на овој ден и на ова место, ви благодариме во името на македонскиот народ.
Сè што имаме, што сме, што мислиме, што говориме, што вреди нешто, е од Бог и е во Бог. Затоа дарот да се гледаме во Светиот Дух како браќа и како сестринство на Црквата е дар Божји. Меѓутоа, иако дарот Божји секогаш доаѓа, Бог секогаш дава, неопходно е и ние да ја разбереме Неговата волја и да служиме за да ја оствариме Неговата волја.
Благодарност до отец Гаврил кој одлучи циклусот „Фотографски записи на еден монах“ да го отстапи на нашата Фондација, а средствата собрани од продажбата на фотографиите да бидат наменети за помош на Детското одделение при Општата болница во Струмица.
21.05.2023 Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, надлежниот епархиски архиереј на Европската епархија г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот г. Јован-Парачко-славонски, и епископт г. Кирил новоименуваниот администратор
Денес, Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов, којшто во црковното предание е нарекуван уште и „Апостолот на љубовта“ и чијшто спомен го славиме, си избра еден нов апостол на љубовта Христова, удостојувајќи го нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, да биде едногласно изгласан од страна на светите архиереи од Свештениот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија и да го прими благословот на највозвишниот и свет, апостолски архиерејски чин.
Немој да бидете анксиозни. Понекогаш полошо од тоа да бидеш болен е да се плашиш да не се разболиш. Остави на Бога. Што и да допушти Бог е најдобро за тебе. Бог никогаш не ни дава Крст без претходно да го измери многу внимателно со цел да се осигура дека Крстот ќе резултира со духовен напредок.
И навистина, штo e Свeтoтo писмo, акo нe грамoта на Царoт нeбeсeн! Какo да нe нè интeрeсира сeкoј дeн и сeкoј час таа eдинствeна спасoнoсна Грамoта, кoга нè интeрeсираат и најмалитe нарeдби на најмалитe власти вo државата? Свeти Антoниј, рeкoл: “За сè штo рабoтиш, имај oправдувањe вo Свeтoтo писмo”.
Oнoј рајски, чист разум на бeзгрeшeн чoвeк нe e мртoв туку e заспан вo луѓeтo пoд грeв. Пoтрeбнo e самo да гo разбудимe и тoј тoгаш нeпoгрeшнo ќe гo привeдe чoвeкoт кoн Христа. Затoа апoстoлoт и си налoжува на сeбe дoлжнoст кај луѓeтo да гo разбуди тoј првoбитeн, јасeн, видoвит, oд Бoга сoздадeн разум.
Ние, поглаварите на: МПЦ – ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, изразуваме особена загриженост за иднината и безбедноста на верниците за кои имаме одговорност, а посебно за жените и децата.
Ве покануваме на книжевната средба со отец Пимен којашто ќе се оствари на 8.5.2023 година, од 17:00 до 19:00 часот, на штандот на МПЦ – ОА, во Арената „Борис Трајковски“ – Скопје.На средбата ќе биде претставена новата книга на отецот – „Пост и параклис“, а, воедно, за секој купувач на истата ќе следува и посвета од авторот.
Ве очекуваме!