Поука на денот (28.04.2016)

А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека го фали Господа! Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.





















На 17 април 2016 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.





























