Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (31.10.2024)
„Дали нешто друго си понел во душата кога си навреден и налутен на луѓето?
Откако ќе се навредиш, не си во состојба да забележиш дека камен има паднато на твојата душа. Со текот на времето, овие камења се наталожуваат. Делата стануваат навики, а навиките се претвораат во дел од карактерот, што доведува до вообичаено неморално однесување.