10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“
·
На ден 05.12.2025г. Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше отворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.
Фестивалот ќе трае до 14 декември и ќе понуди проекции на документарни и долгометражни филмови посветени на културното и духовното наследство, како и форуми за хумани вредности.
Филмскиот фестивал се оржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а почесен претседател на фестивалот е Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј. Митрополитот г. Георгиј како почесен претседател на фестивалот во своето обраќање на отворањето истакна: раскажувањето приказни отсекогаш било грандиозно дело. И Господ Исус Христос не поучуваше преку апстрактни идеи, туку преку параболи — стории, за сеачот кој сее, за заблудениот син кој се кае. Во тој ист дух, и филмските уметници успеале да исткаат современи параболи. Преку нивната уметност, повредените наоѓаат поткрепа, изморените одмор, а и оние што се сметале загубени откриваат дека никогаш не биле надвор од досегот на Божјата милост и благодат.
Па така, филмовите што ќе имаме можност да ги погледаме не се само обични слики кои се движат на екранот; напротив, тие се садови со жива вода, нацрпени од длабоките бунари на евангелската духовност.
Во рамки на отворањето на фестивалот беше истакнато и учеството на митрополитот
преспанско-пелагониски г. Петар, кој ја отстапи од Битола во Соборниот храм во Скопје, копија од иконата „Небесна Царица“, во чест на јубилејот.
Дебарско-кичевска епархија Охрид







„Сакал или не, твојата душа оди од овој во оној свет. Ти не си ја создал, Бог ја создаде бесмртна. Мораш да умреш еден ден и тогаш ќе видиш — но доцна — дека Евангелието на Господ Христос е вистинито, од почеток до крај, и дека Тој затоа дојде во овој свет да ја освети нашата душа, да ја
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
Големита дарови секогаш се придружени со големи искушенија — и пред нивното доаѓање, и по него. Така е, затоа што добриот Бог го знае нашиот болен нарцизам, тајната желба сè да присвојуваме за наша корист. Затоа, заедно со дарот и харизмата, Тој допушта и искушение.
Јоаким и Ана држејќи ја Марија за рака, застанаа пред петнаесетте скали по кои требаше да се искачат, за да влезат во храмот. Тие ја подигнаа Марија на првата скала. Во истиот момент, нешто силно блесна, необична светлина го осветли местото. Во тој момент, од десната и левата страна на Марија застанаа Архангелите Михаил и Гаврил
О вие мажи обручени за љубовта Божја,
Во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата 

Важно е, кога се молиш на претходно опишаниот начин, да не му дозволуваш слобода на сопственото тело. Молитва при која телото не страда, а срцето не плаче, е слична на неоформен плод; таквата молитва нема душа, велат духовните учители.
Православната Црква носи во себе една длабоко спознајна и неизмерно раскошна тајна, содржина што повеќе од две илјади години го оживува човекот и го држи светот во постоење. Тоа е Светата Литургија – изворот на животот, допирот со Возвишеното, местото каде човекот се преобразува,
Кондак 1
Денес е почетокот на Божјата милост
Современиот човек често вклучува радио или телевизија, иако нема намера да ја следи програмата. Тој едноставно не може да ја поднесе тишината.
Нивниот потсмев доаѓа од злобно срце; твојата насмевка нека биде без злоба. На незнаењето му прилега потсмев, а на знаењето – насмевка. Со својот потсмев тие ја зголемуваат вредноста на твојата молитва пред вечниот Судија. Бидејќи на Бога најмила му е молитвата на смела душа, опкружена
Пример си бил на воздржание,
Некогаш читав во една книга од областа на психологијата дека нашите мисли не се наша вистинска „сопственост“. Она за што размислуваме е резултат на воспитување, околности, времето во кое живееме, земјата во која сме родени. Да сме се родиле во друго време и друго место,
Постојат пламен што грее и пламен што гори; сето тоа зависи од изворот. Пламенот Христов преобразува; пламенот на лукавиот изгорува и руши. Христовиот пламен ќе го прегрнам; на другиот нема ни да му се приближам — ќе си заминам. Да внимаваме на пламените!


























