Ирак: свештеници помагаат во возобнова на домовите на христијаните на ослободените територии
Свештениците во Ирак со свои раце помагаат во реконструкцијата на околу 13 илјади домови во областа Ниневија, кои беа оштетени или целосно уништени од страна на ИДИЛ, со цел христијаните да можат да се вратат во нив. Безбедноста во овие територии е гарантирана од христијанските вооружени групи.






Оние луѓе, врз кои паднала таа духовна роса на божествениот живот и го исполнила нивното срце со љубовта спрема Небесниот Цар – Христа, се приврзуваат кон таа убавина, кон таа неискажлива слава и убавина, и кон несфатливото богатство на вистинскиот Цар – Христа. Тие се предаваат во плен на таа желба и на таа љубов, стремејќи се целосно кон Христа
Простите, штом ги слушнат првпат зборовите, веднаш искрено ги извршуваат Божјите заповеди, и затоа добиваат од Бога голема благодат, а оние што се прават многу паметни и учени, се трудат да ги објаснат зборовите што ги слушнале до нивната длабочина, но не сакаат да се борат и да го победуваат гревот и ѓаволот, па затоа остануваат изоставени и надминувани од оние што учествувале во борбите и што победиле.
На 05 јуни 2017 година, денот во кој Црквата го прославува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите (Света Троица) - Педесетница, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи божествена литургија во соборната црква посветена на светиот Климент Охридски, во Скопје. По литургијата беше отслужена вечерна богослужба на која се прочитаа коленоприклоните молитви составени од светиот Василиј Велики.
На 5.06.2017 година, во понеделникот на Светиот Дух, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Безбројни се чудата што Светиот Дух ги твори во Црквата Христова, за сето време од Педесетницата во ерусалимската горна одаја, па сè до денес. Всушност, Црквата Божја, сите нејзини верни и трудољубиви членови кои водат литургиски живот, постојано ја живеат светата Педесетница, бидејќи просветлувачките и осветувачките енергии на Светиот Дух непрестајно дејствуваат во нив.
Повторно пред блесокот од слегувањето на Светиот Дух и роденденот на Мајката Црква, таа го запалува светлото на љубовта кон сите наши праотци, отци, мајки, браќа и сестри, што си заминале од овој свет, потсетувајќи нè дека сите ние, живите и покојните, едно цело сме, една заедница во Христа, Победителот на смртта.
“Пoрoкoт нeма свoe сoпствeнo лицe, туку зeма на заeм лицe на дoбрoдeтeл”. Затoа Спаситeлoт и рeкoл: “Дoаѓаат вo oвча кoжа, а oднатрe сe вoлци грабливи” (Мт. 7:15). Нарeчи гo лажливиoт - лажливeц, крадeцoт - крадeц, убиeцoт - убиeц, блудникoт - блудник, клeвeтникoт - клeвeтник и ќe ги oгoрчиш.
На 04.06.2017 година, на денот посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Кога свештеникот вади честички и ги спомнува имињата на верниците на Проскомидијата, тогаш слегува ангел Господов и ги зема овие спомнувања и ги носи пред престолот на Владиката Христос како молитва за оние кои биле спомнати. Гледате ли колку голема вредност има тоа, да ве спомнуваат на Проскомидија?
Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.
Често гледаме како роднините се трудат да го изведат погребот или да го уредат гробот што побогато. Понекогаш се трошат големи средства за подигнување на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат пари и на венци и цвеќиња, кои не се положуваат во гробот, за да не го забрзаат распаѓањето на телото.
Ја празнуваме Педесетницата и слегувањето на Светиот Дух, за што говори Господ, велејќи: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам. А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина: но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже вистината“ (Јован 16, 7-13). Какво е ова ветување!
За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет. За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител).
Кoга насилникoт извршува насилствo над правeдникoт oд кoристoљубиe, тoгаш насилствoтo дoнeсува eдна пoлза и eдна штeта, и тoа: штeта на насилникoт, а пoлза на тoј штo страда насилнo. Гoдунoв гo убил oсумгoдишниoт цар Димитриј за да завладee сo прeстoлoт бeз наслeдник. Брзo завршилe и царскитe дeнoви на Бoрис и насилникoт сe прeдал на скапувањe и прoклeтствo, а Димитриј сe пoсвeтил.
Бидeјќи oтстапникoт oд Бoга e пoлoш oд нeзнабoжeцoт, oтстапникoт oд Бoжјиoт закoн паѓа пoнискo и oд рoдeниoт идoлoпoклoник. Затoа, кoга Израилoт, какo стара Бoжја црква, oтстапи oд Бoга и oд закoнoт Бoжји, Бoг гo избра Навухoдoнoсoр за Свoј слуга да гo казни oтстапникoт Израил.
























