МОЛИТВА ЗА ОТВОРАЊЕ НА УМОТ
Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
Те молам отвори ги очите на срцето мое
за да го чујам и да го разберам Словото Твое
и да ја творам волјата Твоја,
којашто во него нам, безумните и грешни луѓе,
ни е откриена.







Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.
Денес, 9 март 2020 година, Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги прогласи за преподобни светите Старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиски и Ефрем Катунакиски.
Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.
На 20.03.2020г., петок денот кога ја читаме третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица нашиот свет храм ќе биде домаќин на чудотворната икона на Богородица Почаевска која е на свештено чување во Пречистанскиот манастир и е верна копија на оргиналната од Почаев - Украина. Третиот акатист во ова наше мистично патување низ Постот во храмот на Света Троица, нашето благодарење и венец од пофалби кон небесната Војвотка ќе биде пренесен пред образот на една од најпочитуваната икона на Мајката на целиот свет - Почаевската икона,
Но за брзо време се појавија луѓе кои, иако себе си се нарекуваа Христијани, по дух не беа Христови. За нив Христос претходно кажа: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува вољата на Мојот Отец небесен“ (Мт. 7, 21). Христос пророкуваше и дека мнозина ќе се прогласат себе си за Самиот Христос: „мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос!“ (Мт. 24, 5). Апостолите во нивните посланија укажаа
На Проскомидијата, која вообичаено се врши за време на читањето на третиот и шестиот час,се потсетуваме на Раѓањето на Спасителот.Во исто време се потсетуваме и на старозаветните пророштва за Неговите страданија и смрт. На проскомидијата се подготвуваат Светите Дарови-лебот(Агнецот) и виното,кои се потребни за извршување на Евхаристијата и се спомнуваат живите и упокоени членови на Црквата.Душите на упокоените чувствуваат голема радост кога ги спомнуваат на Божествената Литургија.
Умот поминува низ три фази на развој: очистување,просветлување и преобразување. Знаејќи го ова,сватлив е повикот да го држиме отворен.
Пиј онаму каде што коњот пие. Коњот никогаш нема да пие нечиста вода.
На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи гревови и слично, а сложени теолошки теми се: ерес, раскол, екуменизам, свети канони, календар... Ве молам, деца, сфатете веќе еднаш: кога немате просветлен ум, секоја тема што е надвор од вас е веќе сложена тема, и ако се занимавате со неа, вие, очигледно, не
Можеме да кажеме дека ковид 19 е исклучително епидемиолошки успешен токму затоа што не е екстремно смртоносен. На пример, со стапка на смртност од 90 отсто, Еболата е прилично глуп вирус: го убива и домаќинот и себе, пребрзо за да доволно се рашири и го преобликува начинот на живот на другите видови со согласност со своите потреби.
За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението.
Практично, целата 2020 година ќе биде посветена на големиот и навистина редок и уникатен по значење јубилеј 1000 години од основањето на Светата Бигорска Обител. Во тој поглед, ние веќе формиравме едно координативно тело, коешто ќе ги организира настаните поврзани со илјадагодишнината. Од планираните проекти би набројале дека веќе се подготвува документарен филм посветен на јубилејот, песна со видеоспот, неколку книжевни...
На 05.03.2020 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф,
Сите одиме по тој пат. И јас и ти и оние кои ги гледаш и им се воодушевуваш, во тајната градина на срцето, во таинственото пространство на својата душа, секој внатрешно го понесува својот крст, се бори со себе ги гледа длабочините на своето срце, гледа како му врви животот, не што говориме со устата, кога одиме надвор, ги облекуваме нашите алишта, ги поздравуваме соседите и сите велиме: Како сте? Добро! Вие? Што има ново? Децата? Дали сите се добро?

























