Потребен е хируршки пристап со голема претпазливост, вештина и љубов. Тоа е исто како, кога му приоѓате на заробениот лав да му ги одврзете оковите за да може сам да оди по патот на слободата. Младите луѓе имаат празнини, тие ја читаат книгата на животот со страници што недостасуваат. Се обидуваме да откинеме неколку страници, но на овој начин ја лажираме нивната животна приказна.
Црковнословенскиот јазик е најголемато наследство на нашиот словенски народ, што ни го пренесоа нашите предци.
Благодарение на овој јазик Русите, на пример, наоѓајќи се во Србија, Македонија, Бугарија и обратно, жителите на овие држави, но и другите словенски земји, можат совршено да го разберат јазикот на богослужбата во Православната Црква.
Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата. Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.
Првите шест дена се денови на творенија, на работа. Денот седми е ден за покој, ден Господов. Осмиот ден, пак, е симбол за идниот век, ден на вечното празнување со Христа. Господ Христос се обреза и го исполни во целост Стариот Завет, давајќи ни го во наследство новозаветното обрезание – крштението, кое е внатрешно, духовно обрезание, завет за заедница на човекот со Бога, и труд за зачувување на таа заедница.
На 15.01.2021 година, во Кочани, обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со свештенството од Богодаруваната му епархија, отлужи Света Архиерејска Литургија, на која верните вкусија од Чашата на Спасението.
Тие покајани грешници стануваат побели од снег пред Божјото лице, бидејќи се очистени со Неговата благодат. Дојдете, вели Господ. Ако вашите гревови се црвени, ќе станат бели како снег.
Нив, тајновидецот св. Јован Богослов ги видел облечени во бели алишта и со палмови гранчиња, со тие знаци на победата во рацете, како Му пеат на Бога прекрасна песна: Алилуја.
Што се однесува, пак, до тоа што јас сум монах, а вие човек во светот, тоа не менува ништо. Господ бара срце исполнето со љубов кон Бога и ближниот бидејќи нашето срце е место во кое Тој сака да живее и каде Тој се јавува во полнотата на Својата небесна слава.
„Сине, дај ми го своето срце“, вели Господ, а сѐ останато Јас ќе наравам, затоа што во твоето срце може да се смести Божјото Царство.
Гoрдoста e ширoк прoзoрeц прeку кoј брзo сe вeтрeат нашитe заслуги и ситe дoбри дeла. Прeд луѓeтo ништo нe нè прави тoлку празни, ниту прeд Бoга така нeдoстoјни какo гoрдoста. Кoга Гoспoд нe e гoрд, зoштo ниe да бидeмe? Кoј има пoгoлeми права oд Гoспoда да бидe гoрд, Кoј гo сoздал свeтoт и Кoј сo Свoјата сила гo oдржува? И глeдај, Oн сe пoнижи какo слуга, какo слуга на цeлиoт свeт; дo смртта, смртта на крстoт!
Помешани чувства
на удолници и угорници,
не крената магла
натежнатост со мои слабости.
Прашање да поставам
сигурно смеам
но, сепак е тоа желба
обременета од носталгија.
Бидејќи, како може човекот целиот себе да се опфати со очите?
Окото не може да го насочи погледот на себе, не достогнува до темето, не го познава ни грбот, ни лицето,
ни распоредот на внатрешните (органи) во утробата.
Меѓутоа, безбожно е да се тврди дека заповедите на Духот се невозможни.
Затоа, ни преостанува оваа заповед да ја сфатиме во смисла на дејствувањето на умот.
Бог Кој не создаде ни подари употреба на зборови, за да можеме да си ги откриваме едни на други судовите на срцата, и секој од нас, со оглед на заедничката природа, да може да му ги открие на ближниот своите размислувања, изнесувајќи ги од скривницата на срцето како од некоја ризница. Меѓутоа, кога би живееле со, би можеле одеднаш, непосредно да си ги соопштуваме своите мисли едни на други.
На тоа се надоврзува и достојно празнување. Обрезанието Господово и молитвеното прославување на споменот на свети Василиј Велики. Суштината на споменатата промена се состои во тоа човекот од тој момент да живее само за Бог( и за своето спасение), а не повеќе исклучиво за себе како претходно (со што себеси си подготвувал само пропаст). Со тоа тој ги отфрла поранешните навики, сите утехи и се она во што порано наоѓал задоволство, отсекувајќи ги страстите и
Кога Св. Ефрем ја посетил Кесарија, тој посака да го запознае големиот Василиј, основачот на Православната догма и првенец на побожноста. Св. Ефрем, кој беше прозорлив, многу го почитуваше Архиепископот на Кесарија, кого го гледаше со очите на својата душа. Во едно видение, го виде Св. Василиј со гулаб којшто блескаше светлина посјајна од сонцето и стоеше од десно на јерархот, шепкајќи му на уво. Потоа Ефрем виде како Св. Василиј им го кажува на луѓето она што ќе го слушнеше од Божествениот гулаб.
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како
Се роди во окото твое
Младенец на Кого се радуваме,
ја исполни душата твоја
радоста на Богородителката.
Ти пак света невесто Христова
срце, срце неуморно
за Него катаден припремаше