Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетени души“, според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“ во Србија. Станува збор за државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац на 21 октомври 1941 година. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори што пишувале на оваа тема.
Никој не може сам да оди по патот на спасението ако одбива да биде воден од невидливата рака на Спасителот, Кој дејствува преку Неговите видливи слуги, свештенослужителите на Црквата. Оти, во Светото Писмо се вели: „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима оној што Ме пратил“ (Матеј 10, 40). Следствено, не можете да одите по патот на Светиот Дух без раководство на свештеник. Разнообразноста на искушенијата, лукавството на невидливиот ѓавол, кој се бори преку видливи луѓе, може во кое било време да ги застрани Божјите ученици од патот на спасението и да ги одведе во пропаст...
Веќе две илјади години, од Тајната Вечера (Мат. 26, 26–28; Марко, 14, 22–24; Лука, 22, 19–20; 1 Кор. 11, 23–26) до денес, христијаните се причестуваат на ист начин – од еден Леб и од една Чаша, како што стои во текстот на Литургијата на свети Василиј Велики. Токму на овој факт се темели единството и единственоста на Црквата. Црквата не е установа, која претходно постоела на основа на догматски и на други премиси, па потоа дополнително одлучила дека е потребно и полезно да служи Света Евхаристија.
„Гневот никогаш не ја пази праведната мера, туку секогаш зема повеќе од мерата. За што, и апостолот Јаков напишал: „човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда“(сп. Јак. 1, 20)… Бог ја зема одмаздата врз Себе. Не се мешајте во ова дело, како да вели Тој, Јас Самиот ќе му вратам, тоа е Моја работа. Вие нема да знаете да го направите тоа како што треба. Според вас, сега треба да се возврати, а најдобро – е да се одложи одмаздата, или за некое време, или засекогаш. Некогаш може да се помине и без никаква одмазда: оној кој ве навредил самиот ќе се освести и ќе ја исправи својата неправда; а тоа е многу подобро“.
Кога епископот Теофан Затворник (+1895) ги цитирал и преведувал светите отци, намерно ги пропуштал местата, во кои се зборува за физичките аспекти на молитвата. Тој така постапувал, бидејќи знаел, дека дури и во негово време – XIX век – многумина би ги прифатиле тие физички аспекти како крајна цел и да имитираат, без да ја разберат суштината. Затоа епископот Теофан
Да живееме во постојан страв да не се заразиме со вирусот не може да биде причина за нашето суштествување и егзистенција. Науката ни помага, но не може да нè направи среќни. Може да ми даде здравје, но не и радост. Да се зголеми животниот век, но не и да ја победи смртта. Може да ме направи здрав, но не и човек. Медицината не може да ги реши сите наши проблеми или да постави нови вредности за животот. Науката не може да стане новата религија на светот што слепо и непромислено ќе ја слушаме.
На 29.08.2020 на празникот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Кумановско-осоговски г. Григориј и г. Јосиф богослужеа Света Литургија.
На празникот Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир, света литургија чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на надлежниот епархиски архереј на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф.
Своја празнична беседа произнесе митрополитот г. Пимен, говорејќи за денешниот празник. На литургијата, верниот народ, кој со пост, молитва и исповед се
Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.
Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш не се одговараат. За сѐ треба расудување.
Има едно прашање за кое, кај нас, не баш докрај се изведоа сите заклучоци. Сега ќе изведеме уште некои, доволни за понатаму...
Многу од неверните жители на Ерусалим кога го слушнале необичното пеење и гледајќи ја торжествената поворка, побрзале да ги известат за тоа првосвештениците и старешините; сите тие пламнале од гнев и завист кога виделе какви почести и се даваат на Мајката на распнатиот од нив Исус. Јудејските началници, веднаш собрале војска и го поучиле народот да ги нападнат христијаните со оружје, сите да ги разгонат, апостолите да ги убијат, а телото на Богородица да го запалат;
Еден од моите духовни родители и учители Светиот Гаврил, Светогорец Епископот Велички од Лесновскиот манастир yште на почетокот на мојот духовен живот и подвиг ме советуваше непрестајно да ја повторувам оваа молитва.
Да ја говорам во себе или тивко, во секоја можна прилика, а посебно кога страдам и кога ми е тешко.
За христијанинот кој живее во Црквата, што значи учествува во нејзините Свети Тајни ( Причест, Исповед) и Свети Добродетели, нема побрз и поедноставен пат за
Апостолите, удостоени да го видат славното искачување на небото на Пресвета Богородица, стоеле во трепет и гледале кон небото, како што некогаш го гледале Господовото вознесување на небото, заборавајќи на сè земно и на самите себе. Доаѓајќи на себе од глетката, тие со благоговение го гледале Нејзиното пречисто тело и виделе, дека Нејзиното лице светело со небесна светлина, и почувствувале, дека од Нејзиното Пречисто тело излегува прекрасно благоухание. Апостолите воскликнале кон Неа со умиление: „Се насели во небесните одаи кај Синот Твој, Ти Која секогаш си подготвена да го спасиш Богородице Твоето наследство!“
Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт. Тиe чeстoпати ја извршуваат свoјата дoлжнoст вo вoј свeт сoвршeнo, па сeпак им изглeда смeшнo кoга нeкoј ги пoфалува за тoа;