Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н. Капиштец,Скопје (09.07.2020)
Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски,
Вистинска исповед на една монахиња, која по нејзиното претставување пред Господа ја посведочил нејзиниот духовник, според нејзинате желба додека била жива, по милоста Господова да се објави љубовта на Неговата Мајка, Пресветата Владичица наша, Богородица.Една монахиња во еден руски манастир, поради својата благочестивост, во манастирот имала само едно послушание: секое утро да ја украсува иконата на Мајката Божја со свежи цвеќиња.
Со шест награди, краткиот македонски филм „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски, победи на првото издание на фестивалот на кратки филмови Апулија во Италија. Победниците се објавени на Фејсбук страната на фестивалот, кој се одржа на 6 и 7 август во замокот во италијанскиот град Мезање со строги протоколи за заштита од ковид-19.
Честопати може да се забележи тврдењето дека е Стариот Завет заснован врз законот на стравот, додека Новиот Завет е закон на љубовта. Но, таквото генерализирање не остава простор за нијанси, кои секако постојат. Ако стравот во Стариот Завет и има посебна важност, во него, сепак, свои корени има и законот на љубовта, а од друга страна, пак, со новиот закон, стравот не е сосема укинат.
Кога некој прославува именден, посакајте му го следново: Да живееш многу и богоугодни години.
- Здрав е оној кој добро џвака, а не оној кој многу јаде (ова се однесува на духовното учење).
- Ние треба да правиме се што е во човечките можности. Она што ја надминува нашата сила, треба да го оставиме во Божји раце.
- Колку ќе беше среќен Бог, ако ѓаволот се покаеше!
·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.
Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги лекувал и исцелувал ближните без надомест и без земна награда поради дарот и љубовта што ја имал од и кон Бога. Бесплатно го дарувал она што бесплатно го добил од Дародавецот.
„Откако ја прими благодатта од небото да правиуш чуда, и со крштението ги очисти словенските народи,
ти стана похвала и слава на светитеите и великопроповедник и апостол во Македонија.
Имајќи, пак, смелост пред Бога, моли Го да ги спаси душите наши“ (литиска стихира на Слава...
на Вечерна на св. Климент Охридски).
Напротив, штом си Го сретнал Христос, очекувај да почнат неволји и искушенија, оти патот по кој Го следиш Христа е тесен и страдален.
Христос во ниту еден миг во Евангелието не нè излажа и не ни вети живот во розеви облаци, барем не овде, на земјата. Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се
Кој го признава законот како збир од сите морали, тој ја познава само корицата на книгата за моралот.
Кој ја признава љубовта како збир од моралот,тој го гледа и чита и го познава духот и животот на моралот.
Кој ја признава душата како причинител (праузрок) на светот,тој ги гледа и ги чита само буквите во книгата за светот.
Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат што и да им каже, иако Тој внимава и на тоа – колку тие можат да примат; второ, други луѓе, просто, сакаат да научат или слушнат нешто ново, но сепак, за дали тоа ќе го прифатат или не, критериум си останува нивниот разум; трето, доаѓаат при Него луѓе болни или ...
Светителот Теофан Задонски вели: „Целата благодат што доаѓа од Бога преку светиот Крст, светите икони, светата вода и др. – има сила само за оние, кои се достојни за таа благодат преку покајание, молитва, смирение, служење на луѓето, преку милосрдни дела и пројавување на другите христијански добродетели.
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш.
Петнаесетте дена на постот се како чекори што ги искачуваме за да стигнеме до Богородица и да и се помолиме на Неа, затоа што таа е и наша мајка. Се молиме на Пресвета Богородица затоа што таа ни е потребна. Без Неа, ние сме сирачиња и беспомошни. Таа е Онаа која може да го побара и измоли нашето спасение од нејзиниот Син. Таа е Онаа која како нежна ...
Кондак 13:
О, света и многустрадална преподобномаченице Параскево! Прими го милостиво ова наше молење, и моли ја Светата и секогаш поклонувана Троица да нé избави од вечните маки, и да нé удостои заедно со тебе Царството Небесно да го примиме, и вечно на Создателот наш да Му пееме: Алилуја, алилуја, алилуја!!!
(овој Кондак се чита трипати, потоа првиот Икос, па првиот Кондак)
На 04.08.2020 Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф заедно со парохискиот свештеник го посетија семејството Ангелковски од с.Теарце при што на ова семејство му беа донирани прехранбени и хигиенски производи.
Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог.