Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
Што се тоа ангели чувари?
Името ангел-чувар е земено од следниве зборови во Светото писмо: ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои (Пс. 90, 11).
106. За секој од нас постои ангел-чувар. Во тоа нѐ уверуваат следниве зборови на Господ Исус Христос: