логоFacebookTwitterYouTubeeMail


    

Stefan.Petkovden.jpg
   

Stefan.Petkovden.jpg
 

    - Во која фаза се наоѓа  санацијата на опожарениот конак?

- По милоста Божја и со вредното залагање на многу наши благочестиви христијани - почитувачи на светињата, првата фаза од проектот за санација на опожарените ѕидови е веќе завршена. Имено, во целост се завршени активностите во врска со препокривањето и заштита на ѕидовите со привремен покрив. Она што сега ни претстои, доколку временските услови тоа ни го дозволат, е процесот на инјектирање на околу 800 м2 површина, со цел трајно зацврстување на ѕидната структура. Станува збор за доста тежок и комплексен зафат, во кој ѕидовите треба најпрво добро да се очистат, при што се отстранува првиот слој од изгорената бетонска конструкција, а потоа следи нивно исполнување со специјален високо-квалитетен бетон, добивајЌи на тој начин стабилна основа и статичка исправност на идниот објект. Со оглед на тоа што оваа постапка бара високо ниво на стручност, ние сме во постојани контакти со повеќе експерти од оваа област, а секако и со стручната екипа од Националниот Конзерваторски Центар, со кој отсекогаш сме имале одлична соработка, и под чиј надзор ќе се изведува инјектирањето. Секако, би сакал да нагласам дека самото инјектирање е доста скап зафат, и дека во нашата земја навистина е ограничен бројот на фирми со потребната стручна подготовка и современа опрема кои би можеле успешно да ја исполнат оваа навистина одговорна задача. Засега најодговорна во тој поглед се покажа фирмата 'Спајдер Платинум”, чија специјалност е токму санацијата на објекти, и која е подготвена и да донира средства, во интерес на што поефикасното извршување на овој зафат. Доколку се постигне согласност за соработка со оваа фирма, процесот на инјектирање би завршил за некаде два до три месеци.

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

- Дали започнаа работите на изработка на проект за манастирските конаци, монашките келии и на другите содржини на изгорениот дел на Бигорски. Кој ќе го изработува проектот?

-  Она што би требало да се има в предвид е дека не може да стане збор за изготвување на некакв проект за реконструкција на 'Горни Палат”, додека претходно не се заврши со процесот на инјектирање. Со други зборови, токму успешното завршување на овој зафат е предуслов за идниот главен проект, а паралелно со инјектирањето ке се прави и премерување на постоечката состојба. Секако, во тек е подготовката на целокупната потребна документација, после што ќе следи и поднесување на барање до НКЦ од страна на МПЦ, Бигорски манастир, во кое ќе ја изложиме нашата потреба од изготвување на главен проект за реконструкција, најверојатно од страна на архитектот ѓургица Лековска, која Директорот на НКЦ, г-дин Бехиџудин шехаби веќе ја задолжи за овој проект. Доколку во текот на зимата се исполнат сите услови и се изготви проектот, со реализација би започнале некаде напролет. Во меѓувреме интензивно се работи на довршувањето на 'Источни Палат”.

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

- Дали собирањето на парични средстав се одвива според очекуваната динамика и колку средста се собрани досега?

- . Во поглед на финансиите што се собрани до сега, би сакал да ја изразам својата благодарност до верните христијани и помали фирми, кои, и покрај тешката економска состојба на нашиот народ, сепак несебично ја понудија својата материјална помош и на нашата сметка пристигнаа неколку десетици илјади евра, не сметајќи го тука и придонесот од општините и телефонските повици. што се однесува, пак до големите фирми и деловни лица, за жал тука одзивот е сеуште многу мал, не земајќи ги в предвид неколкуте чесни исклучоци. Не би можел со сигурност да кажам што е причината за така скромниот одзив. Можеби нашите успешШни бизнисмени и водечки фирми на тој начин го проектираат својот негативен став, под влијание на големата медиумска кампања против нашата Црква, во која Црквата е постојано призивана на одговорност за несреќата и според тоа должна финансиски да ја покрие настанатата штета. Она што во последно време некако се заборава е фактот дека Црквата не е институција туку непосредна заедница на народот и клирот. Значи, токму народот е тој што ја сочинува Црквата. Затоа не смееме да си дозволиме некакви генерализации, каде, заради одредени поединци, се валка целата Црква. А би било добро и да се потсетиме на тоа дека сите оние манастири и цркви кои успешно функционирале во 19-ти век, не би постоеле воопшто, доколку не биле помагани од тогашната богата македонска аристократија, која водена од љубов кон Бога, својата Црква и својот народ, оставила многу зад себе и нè задолжила сите. Мислам дека во овој свет на опседнатост со материјалното, време е веќе да почнеме да обрнуваме внимание на духовните вредности, и со тоа да го стекнеме Божјиот благослов, како народ и како држава. 
 Во овој контекст, не можам а да не го спомнам и значајниот придонес на Владата на Р. Македонија. Радува фактот дека она што го започна благочестивиот македонски народ, Владата е спремна и да го доврши, покажувајќи ги така своето достоинство и грижа за најголемите национални вредности на оваа земја.

Stefan.Petkovden.jpg

 - Дали се сними спотот на песната за Бигорски и кога ќе биде промовиран?


-  Спотот за гореспоменатата песна е комплетно завршен и веројатно, до моментот на објавувањето на оваа вест, веќе ќе ја добие својата медиумска застапеност на сите телевизиски канали. Уште еднаш  благодарност до сите кои се потрудија овој наш  апел, изразен во прекрасна песна, да допре до целата македонска јавност.

Stefan.Petkovden.jpg

- Кои други аткивности се присутни во Бигорски  ?


-  Она што е најсуштествено за Бигорскиот манастир, и што претставува негов највпечатлив белег, е богатиот духовен живот, а тој и покрај сите искушенија, продолжува со засилен интензитет. Значи, што се однесува до браќата, тие си го исполнуваат целиот богослужбен круг, и во тој поглед нема некаква посебна разлика во нивното секојдневие, освен зголемената физичка активност околу работите со опожарениот конак и особено, градењето на 'Источни Палат”. Ни во поглед на духовната мисија што овој манастир ја врши, нема никаква разлика. Верниците и бројните духовни чеда и натаму доаѓаат, се исповедаат, заедничарат со браќата на богослужбите и секојдневните послушанија, делејќи ги со нас сите радости и таги. Зашто Бигорскиот манастир никогаш и не бил ограничен само на овој конкретен простор. Тој е во срцата на сите оние, кои божјата промисла ги донела овде и кои заминувајќи, понеле со себе и дел од нас. Се додека е така, Бигорски ќе биде повеќе од само камени ѕидови.

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg  Stefan.Petkovden.jpg

   Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg   Stefan.Petkovden.jpg

 

Извор: Утрински весник

Друго:

Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:

денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2503
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1689
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2166
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…