логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Симфонијата на надворешните црковни односи
интервју со архиепископот волоколамски Иларион

vozdvizenie.jpg
Символика: од служба на служба

 - Владико, до неодамна Вие богослужевте во еден од најмузикалните градови на светот - во Виена. Таму живееле и твореле највеличествените композитори - Моцарт, Хајдн, Бетовен, Шуберт, Брамс. Веројатно тоа и Ве поттикнало да творите музика?

 - Мојата композиторска судбина е чудна и необична. Еднаш во својот живот ја оставив музиката. Сепак, тоа го сторив сознателно и, како што тогаш мислев, засекогаш. Едноставно, се најдов пред избор: да и' служам на музиката или на Црквата. И јас ја избрав Црквата.
 11 години одев на часови по виолина и композиција во музичкото училиште "Гнесини", а потоа во Московскиот конзерваториум. Се очекуваше да станам професионален музичар. Но, паралелно почнав да одам во црква. И како што минуваше времето, храмот се' повеќе ме привлекуваше, а музиката се' помалку.

 - Т.е. Вас Црквата Ве оттргнала од музиката?

 Неколку години живеев во состојба, не на раздвоеност, туку некако постојано се прашував себеси: кому треба да му го посветам животот? На крајот на краиштата сфатив, дека повеќе од се' сакам да и' служам на Црквата.

 - Колку години имавте тогаш?

 - 15. Мислам, дека мојот избор беше резултат на оној внатрешен процес, којшто не може едноставно да се објасни со зборови. Но, потрагата ме приведе кон непогрешлив резултат.

 - Толку сте сигурен во тоа?

 - Човекот, кој стапил на патот на служење на Црквата и тоа го сторил сознателно, никогаш нема да зажали за својот избор.

 - И Вие го оставивте Московскиот конзерваториум?

 - Од конзерваториумот ме повикаа во армијата. Такви беа условите: прво се бараше да се даде "свештениот долг" на Татковината, а потоа веќе да се занимаваш со она, кон што душата повикува. Секако, ако не отидев на служба во армијата, јас веднаш ќе се запишев во Богословија. Сепак, не сакав да ја одбегнам службата во армијата, знаев, дека треба да се отслужи и потоа со мирна совест останатиот живот да го посветам на она, кон што се стремев - на црковното служење.

 - Каде служевте, ако тоа не е воена тајна?

 - Во Обрасцовиот оркестар на Пограничните војски. Со целиот оркестар патувавме по караулите на Далечниот исток, дававме концерти на естрадна музика. Мојот инструмент беше електрооргули. Пропатувавме дел од границата со Кина - од Хабаровск до Благовештенск. Од една караула до друга - стотици километри.

 Сигурно, имате и награди?

 - Имаше обележје, знак што се ставаше на гради "Одличје на пограничната војска". Иако, според мене, не го заслужив. Бев самостоен и неподреден.

 - Што Ве поттикнуваше кон такви значајни чекори?

 - Одев во храм. Требаше да кријам, дека сум верник. Тогаш не смееше да се носи на вратот крст, па затоа го зашивав на јаката од војничката кошула.

 - А каде го чувавте Евангелието - сигурно не во војничкото шкафче?

 - Ми подарија минијатурно Евангелие, што можеше да се стави во џеб. Но, јас знаев, дека порано или подоцна ќе го откријат. Затоа го научив напамет Евангелието според Јован, а книгата ја криев.

 - Што се случи по армијата?

 Ме демобилизираа во ноември, а да се запишам во Богословија беше доцна, зашто учебната година веќе беше започната. За да не губам време, решив да одам во манастирот на Светиот Дух во Вилнус. И следниот септември веќе бев свештеник.

 - А музиката?

 - Расчистив со неа, како што ми се чинеше тогаш, еднаш засекогаш. Одрекувањето од светот за мене, пред се', претставуваше одрекување од музиката. Затоа што мене, освен музиката, целосно гледано, ништо не ме поврзуваше со светот. Повеќе не пишував музика, не свирев на музички инструменти и дури не слушав музика на плочи.

Во црква не е досадно

 - Има многу млади луѓе, кои се сметаат себеси за верници, но во црква не одат. Тие велат, дека таму им е досадно. Се разбира, дека црквата не е дискотека, таму не се оди за забава, но, сепак, дали може да се измени ситуацијата?

 - Не можам да си претставам, како може некој да се досадува на богослужение. Во училишните години неколку пати одев во дискотеки и училишни забави, кадешто се собираа моите врсници "себе да се покажат и други да видат". И умирав таму од досада. Се водеа празни и бесцелни разговори. Настаните, што се случуваа во т.н. младинска средина, секогаш ми изгледаа некако невкусни, а веселоста на соучениците - вештачка.

 - Во црква е поинаку?

 - Во црква се' е поинаку. Само таму успеав да ја почувствувам реалноста на вистинскиот живот.

 - Дали служењето на Господа е доходовно дело?

 - Кога го започнував својот свештенички пат и служев во Литванија, тогаш едноставно живеев во бедотија. Моите парохјани беа најсиромашни луѓе, а јас добивав симболична плата. Во 1991 година дојдов во Москва и тука веќе имав три задолженија: служев како клирик во храм, а, исто така, предавав во Московската духовна семинарија и во Институтот на свети Тихон. Општиот доход на месец ми изнесуваше 12 долари. Еден долар добивав за службата во храмот, 10 - во Духовната академија, и уште еден - во Институтот на свети Тихон. Пресметувам во долари, затоа што рубљата тогаш многу паѓаше. Воопшто, реално заработував два килограми сирење месечно.

 - Како преживувавте?

 - Заработував со преведување - од англиски на руски и обратно.

Кога доаѓа музиката

- Како се вративте на музиката?

- Постепено почнав повторно да слушам музика. На пример, возејќи автомобил. Но, на концерти или на опера не одев, а и до ден денес не одам. За шесте години живот во Виена, само еднаш бев во знаменитата Виенска опера. И само затоа, што еден пеач од нашиот црковен хор ја исполнуваше таму партијата на Командор во "Дон Жуан" и ме молеше да дојдам и да го слушнам.

- Имате цврста волја!

- Кога имав 20 години, бев многу радикално настроен. Ја напуштив музиката и си мислев дека тоа е засекогаш. Но, како што се вели, човекот претполага, но Бог располага. Во одреден момент, очигледно, периодот на радикализмот помина, почнав да си дозволувам да слушам по малку класична музика. Иако со неа не се занимавав активно. Но, во 2006 година нешто во мене одеднаш се смени - и почнав да пишувам музика.

- Како тоа "одеднаш" - ниту од едно или од друго нешто? Сигурно имало некаков поттик?

- Таа улога ја одигра еден концерт во Москва на фестивалот на православна музика. Хорот од храмот на светителот Николај во Толмача при Третјаковската галерија го исполни моето 20 години старо дело - "Ниње сили небеснија". Го слушнав и...

- Посакавте уште нешто да искомпонирате?

- Да. Во мојата глава одеднаш почнаа да возникнуваат музички идеи, теми, и тоа во такво изобилство, што ми се чинеше дека во мене се таложеле, како во сандаче, две децении. Мелодиите како да паѓаа од небо. Не помнам, дека такво нешто ми се случило во годините кога учев во конзерваториумот. Тогаш со голем труд творев музика.
За 10 дена напишав "Божествена Литургија" за мешан хор. Пришто, процесот на творење се совпадна со патувања во разни земји, затоа во основа  пишував во авионите или во чекалните.

- Дали пишувавте на хартија за ноти?

- Прво и тоа го немав при рака. Со проста рака цртав линии на обичен лист и таму ги запишував нотите.

- Ова можеби е наивно прашање: како се раѓа музиката? Дали при рака, освен хартија за ноти, секогаш да се има, да речеме, уште и пијано?

- Музиката се раѓа во главата и во срцето. За тоа сосема е незадолжително поседувањето на пијано. Кога пишуваш со инструмент, творечкиот процес е сосема поинаков. На пијаното може да се испроба музиката, да се отсвири едно или друго. И одненадеж да слушнеш нешто оригинално. Тогаш може и да се запише. Но кога се нема пијано, музичките теми се раѓаат внатре, мене ми останува само да ги пренесам на хартија. Имено, така прво ја напишав "Божествената Литургија", потоа "Се'ноќното бдение". Токму така се појавија и "Страданијата според Матеј".

- Вие така бестрашно се нурнавте во сферата на Јохан Себастијан Бах. Се знае, дека врв на неговата вокално-драматична музика постанал токму ораториумот "Страданија (Пасија) според Матеј". Колку е тој во созвучност со Вашето творение?

- Мојата идеја се заклучуваше во тоа, старата форма на "Страданијата", која, всушност, постоела уште пред Бах, но нашла свој највозвишен израз во неговото творештво, да ја наполнам со православна содржина. Се појавија "Страданија", основани на православната духовна традиција. Таму текстовите од православното богослужение, како и самата музика, упатуваат на црковна служба. Тоа е обид да се пренесе на сцена атмосферата, што возникнува во православниот храм на Велики петок, кога се врши богослужението, посветено на Христовите страданија.
 Во исто време, секој композитор ги определува за себе оние уметнички принципи, кои ќе ги подражава во своето творештво. Понекогаш тој постапува рационално, а понекогаш тоа се случува само по себе во процесот на творењето. Во конкретното дело јас се потпирав (волно или неволно) на три разни стилистички слоја. Прво, баховата традиција - музичкиот стил од епохата на барокот. Второ, стилот на руската црковна музика, на онаа што и денес ја слушаме во храмовите, но која во основа е од 19. век. И, трето, стилот на одделни композитори од 20. век, такви како Шостакович, Прокофјев.

 - Како го оцени Вашето творештво патријархот Алексиј II-ри , кој беше голем познавач на класичната музика?

 - Неговата светост, приснопамјатниот патријарх Алексиј II-ри присуствуваше на првата интерпретација на "Страданија според Матеј" во Големата сала на Московскиот конзерваториум на 27 март 2007 година. По концертот, тој ме покани кај себе и рече: "Ви благодарам за прекрасната музика". Заедно со него на концертот беше и митрополитот Кирил, сегашниот свјатејши патријарх.

 - "Страданијата според Матеј" ги слушаа во Рим. Каква беше тамошната реакција? Дали мислењето на католиците се разликуваше од мислењето на православните?

 - Приемот од страна на публиката беше најтопол. Кога ја пишуваш музиката, не знаш дали таа ќе најде отзив во душите човечки. Една работа е што самиот ги внесуваш своите доживувања во делото, а друга, дали тие ќе бидат предадени на другите, дали ќе бидат примени од слушателите. Контактот со публиката може да се случи, а може и не. Во овој случај контактот беше стопроцентен. Луѓето го разбраа тоа, што сакав да го изразам преку таа музика.

Облекување за 40 секунди, ручање за шест минути

 - Цвеќиња, аплаузи... Дали се почувствувавте како ѕвезда?

 - Како прво, јас сум свештенослужител. И во своето творештво - дали станува збор за музички дела, преводи или книги, се трудам да сведочам за Христа, да го донесам Словото Божјо и Неговата убавина до човечкото срце. А тоа е примарната задача на пастирот.

 - Како се чувствувате, кога излегуваат Ваши нови книги или се преиздаваат стари?

 - Кога добивам испечатена книга, не чувствувам никаква еуфорија. Освен тоа, првото што обично ми се случува во такви случаи: кога ќе отворам на некоја страница, наоѓам печатна грешка, што не сме ја виделе при препрочитувањето, ниту јас, ни редакторот, ниту, пак, лекторот.

 vozdvizenie.jpg

 - Да се вратиме на почетокот од нашиот разговор - за привлечноста на Црквата за младите. Дали сметате, дека во тоа успеваат свештениците, кои до неодамна биле идоли на младите?

 - Секој свештенослужител во Црквата го внесува својот сопствен опит. Тој опит може да биде вреден и потребен. Навистина, има свештенослужители, кои произлегле од средината на научниците, музичарите, актерите или претставниците на другите професии. Често таквите свештеници се способни да воспостават многу подобар дијалог со претставници од својот претходен кружок, отколку свештениците, кои немаат таков опит. Сепак, не е работата во тоа. Поради некоја причина, обично се мисли, дека Црквата се само свештениците. Всушност, Црквата е целата полнота на верните луѓе: и епископите, и свештениците, и ѓаконите, и монасите, и мирјаните. Секој свештенослужител е должен да го искористи опитот пред свештенството и сиот свој творечки потенцијал за слава на Бога и Црквата и за полза на луѓето. И тоа се однесува не само на свештениците, туку и на сите членови на Црквата. И како мирјанин, занимавајќи се со некоја световна работа, исто така, може да се донесе полза и на Црквата, и на другите луѓе, восприемајќи ја својата световна професија како форма на служење на Бога.

 - Некои познати рок-музичари во Русија се сметаат себеси за верници. Често тие своите концерти ги спроведуваат со проповед. Какво е Вашето мислење за идејата на "православен рок"?

 - Јас се вопситував во традицијата на класичната музика и никогаш не ме привлекувала рок-музиката. Мене класичната музика ми е многу поблиска. Современата младина, за жал, малку слуша класика. А тоа е огромен слој од светската култура.

 - Што мислите, зошто младината ја отфрла класичната музика?

 За да ја примиш музиката, треба да ја разбираш. Но, ако си воспитан на некои други обрасци, тоа не е едноставно. Иако, јас не би рекол, дека интересот кон класичната музика опаѓа. Концертните сали се полни, компакт-дисковите бргу се продаваат, значи, и класиката е барана. Освен тоа, мислам, дека рок-музичарите, чии имиња денес одекнуваат по цела Русија, со време ќе бидат заборавени, но Бах, Бетовен, Шуберт, Брамс остануваат за векови. Човештвото одново и одново ќе се обраќа кон тие колоси на класичната музика.

 - Според Вас, дали рок-музичарот може позитивно да влијае врз умовите?

 - Зошто да не. Ако тој е верник, тогаш може. Зборовите за верата, за христијанскиот морал од устата на рок-музичарот, мислам дека ќе остават впечаток кај неговите почитувачи или ќе ги натераат да се подзамислат. Тоа е мисија од свој вид. Зашто секој христијанин, со што и да се занимава, секогаш може да биде со Бога, сите негови дела и сиот негов живот можат да бидат од Него осветени.

 - Дали за Вас творењето на музика, на книги претставува хоби?

 - Хобито претполага имање на слободно време. А него и претходно практично го немав, а сега - по назначувањето за претседател на ОВЦС (Одделот за надворешни црковни односи) - и воопшто го немам.

 - Зар сосема, ниту половина час?

 - Ако се погрижам, можам да најдам половина час. Во текот на долгите години служење на Црквата, јас разработив цел систем за наоѓање на слободна минута.

 - Дали можете да ја кажете тајната?

 - Треба да станеш порано, а да си легнеш подоцна.

 - Кое време е тоа за Вас?

 - Се' зависи од околностите, но сонот не смее да биде повеќе од шест часа. Секако, може и помалку да се спие, но тоа е веќе за такви подвижници, кон кои себеси не можам да се вбројам. Потоа, од армијата стекнав навика набрзина "да примам храна". Во армијата ручекот траеше шест минути. Сега обично ручам 10 минути. Штедењето на времето за ситници како резултат може да даде половина час, можеби час, дури и два. Исто така, многу време поминувам на пат. Во авиони, во аеродроми, во автомобили. Се трудам да ги испланирам и искористам дури и тие часови. Зашто, летот може да трае и половина ден, цел ден, дури и деноноќие - на пример, за Австралија.

 - Дали имате музички планови?

 - Во август минатата година, кога една недела престојував во Финска, напишав едно дело, кое до сега се'уште не е интерпретирано. Тоа е симфонија за хор со оркестар на зборовите од псалмите - "Песна на восходењето". Се претпоставува, дека тоа сочинение ќе се слушне на 26 ноември во Големата сала на конзерваториумот.
 Но, во овој момент немам никакви понатамошни планови. Неговата светост, патријархот Кирил, еднаш рече: "Владиката Иларион сега треба да пишува само една симфонија - на надворешните црковни односи". Со тоа и се занимавам деноноќно.

vozdvizenie.jpg

   «Российская газета» — Недела №4969 (145) од 6 август 2009

Превод од руски: Г.Г.

 



Митрополитот Иларион е претседател на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија и е една од највлијателните личности во Русија и во православниот свет. Тој зборува 12 јазика, има четири докторски дисертации на престижните светски универзитети од Оксфорд до Париз и има издадено преку 600 стручни публикации. Како што го нарекувааат рускиот шеф на духовната дипломатија митрополитот Иларион е доста активен во меѓународните односи на Руската православна црква.

Друго:

 Архиепископ Иларион (Алфеев)- "Во секоја музика - Бах"...

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5831
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6643
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6437
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5627
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная