логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Многумина со двоумење ги поставуваат прашањата: „Зошто патот кон небесното Царство е толку тежок?“ и „Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?“ На овие и слични прашања христијанинот треба секогаш да одговара дека тоа Му е угодно на Бога. Нашиот Бог е премудар и го љуби човековиот род; Тој знае што да прави со нас. Ако навистина сакаме да бидеме вистински ученици на Исус Христос, односно кротки ученици, послушни и предадени на Господ, ајде самите себеси и целиот наш живот да Му го предадеме на нашиот Бог. Треба да укажеме на неколку јасни и разумни причини поради кои патот кон небесното Царство е толку тежок, како и на тоа дека не можеме да го избегнеме овој пат ако сакаме да се спасиме.

1. Небесното Царство е највозвишеното блаженство, најголемата слава и чест, и најнеисцрпното богатство; затоа, ако за добивање и на најмалото земно богатство потребни се многу труд и грижи, како тогаш неописливото богатство би можеле да го здобиеме без напор?

2. Небесното Царство е награда, и тоа највредна; а каде се добива награда без труд? Затоа, ако треба да се потрудиме и избориме за некоја земна и минлива награда, колку повеќе би требало да се потрудиме за да ја спечалиме вечната награда?

3. Ние треба да ги носиме своите крстови, затоа што сакаме да се наречеме христијани, да бидеме ученици и следбеници на Исус Христос и да учествуваме во Неговата слава. Каков што е Господарот, Учителот и Главата, такви треба да бидат и потчинетите, учениците и следбениците. Исус Христос Својата слава ја доби преку страдања; соодветно на тоа и ние можеме да влеземе во таа слава само преку патот на страдањата.

4. Сите ги носат своите крстови и сите страдаат. Носењето на крстот не е типично само за христијаните. Не! Крст носат и нехристијаните или оние што не веруваат. Разликата е во тоа што на првите (христијаните) крстот им служи како лек и средство за здобивање на небесното Царство, додека на другите тој им е средство за мачење и казна. Со текот на времето кај првите носењето на крстот станува сѐ полесно и порадосно, за на крајот да се претвори во носење венец на слава; а кај другите тоа станува сѐ потешко и помакотрпно, за на крајот сите крстови на светот да
се претворат во едно големо и неподносливо бреме, кое ќе ги притиска нивните глави и под кое вечно ќе страдаат. Но, зошто е тоа така? Затоа што едните го носат крстот со вера и предаденост на Бога, а другите роптајќи и хулејќи на Бога. Значи, христијаните, не само што не треба да ги избегнуваат крстовите, ниту да роптаат против нив, туку напротив, треба да Му благодарат на Исус Христос затоа што им ги пратил и деноноќно да се заблагодаруваат затоа што им овозможил да бидат вброени меѓу Неговите крстоносци. Бидејќи, ако Христос не пострадаше за светот, никој од нас никогаш не би влегол во небесното Царство, без разлика колку страдања и маки претрпел; затоа што тогаш би страдале како осудени и отфрлени престапници на Божјата волја, без надеж и утеха. Вака, пак, ако страдаме, страдаме за спасение, за искупување, со надеж и утеха дека ќе примиме награда.

О, милостив Господи, колку е голема Твојата љубов кон нас! О, Исусе Христе, колку се големи Твоите добри дела! Ти и самото зло во светот го насочуваш кон нас за наша полза и спасение. Христијанине! И самата благодарност кон Исус Христос те обврзува да одиш по Него. Исус Христос дошол на земјата заради тебе ја испил чашата на страдањата; зар ќе одбиеш да проголташ една горчлива капка, заради Него?

Свети Инокентиј Московски

 

https://www.tiveriopol.mk/%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b0%d1%82-%d1%82%d0%be/?fbclid=IwAR3wMfw6-1cIzzAes38hEm_8-LJbg9zyRQkNchRgHDwF99GhOnnUDcZLfaA

 Април 2021 лето Господово

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная