логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Силна жештина и тешка суша, но не пресушила вашата подготвеност, ниту, пак, се изгаснил вашиот копнеж за слушање. Впрочем, таков е огнениот и буден слушател: полн со љубов за слушање, сè поднесува, само да ја задоволи својата духовна желба, па така ни студ, ни суша, ни секојдневните обврски, ни мноштвото грижи, ниту нешто слично не може да го спречи. Исто како и оној што сака да се истегнува и лежи не би можел да го подигне ни благорастворен воздух, ни слободното време и сигурноста, ни леснотијата и опуштеноста, туку тој продолжува да спие во некаков сон за многумина достоен за осуда. Но, вие не сте такви, туку сте подобри од оние дојденци кои го населуваат нашиот град. Бидејќи главата на овој град сте вие, толку полни и трезвени, вие кои со силна строгост ги следите беседите. Таа глетка е величествена, поголема од царска одаја.

Бидејќи, работите таму што се даваат, какви и да се, исчезнуваат заедно со овој живот, збунувачки се и исполнети со грешки, а тука нема ништо од тоа. Тука е целата сигурност, почитување ослободено од грешки и тукашната власт нема крај. Таа не завршува со смртта, туку тогаш уште посилно продолжува да суштествува. И ве молам, немојте да ми ги посочувате оние што седат во колите со подигнати веѓи и куп копјеносци (телохранители) околу нив, ниту нивното опкружување; немојте да ми карактеризирате владетели на ваков начин.

Опиши ми владетел според неговата духовна состојба, доколку ги совладува своите страсти, доколку ги совладува болестите на душата своја. На пример: доколку владее со похотата за парите, доколку ги совладува своите телесни страсти, доколку не го јаде завист, ако не го измачува тешката страст на суетата, доколку не се плаши од сиримаштвото, од промени кон полошо. Таквиот ас покажи ми го, бидејќи тоа е власт.

А, доколку тој од една страна владее со луѓето, а од друга страна му робува на страстите, јас за него би рекол дека тој од сите луѓе е најголемиот роб. И е налик на оној кој длабоко во своето тело има скриено воспаление, но на површината на телото ништо не се покажува – а лекарот секако потврдил дека воспаление има, без разлика што обичните луѓе тоа не го забележуваат. Токму така и јас би постапил со оној кој има робовска душа, кој е заробеник на страстите, иако однадвор ништо не се покажува; тој е најголем роб, бидејќи таквиот длабоко во себе има пожар од зло и тиранија од страсти кои се востоличиле во неговата душа. Додека, пак, првакот, асот кој е послободен и поголем цар од сите цареви, и во искината облека да го одведат, и во темница да живее окован со окови, тој кој тргнал од себе таква тиранија, кој не е зафатен од страсти, ниту, пак, има бесмислен страв од сиромаштво и немање висок општествен сталеж, таквиот не се плаши од оние работи кои во овој живот се сметаат за мачни.

Aleksandar.Nes.nedela

Таквата власт не се купува со пари, ниту, пак, со себе ја носат завидливците; за неа не знае јазикот на клеветникот, ниту, пак, окото на озборувачот; таа не знае за подметнување на сплетки, туку живеејќи како во некој азил на мудрољубието, засекогаш останува несовладлива и не отстапува во тешките животни околности, до самиот крај. Тоа го докажуваат Мачениците, чиишто тела се распаднаа и станаа прав и пепел, но нивната власт секојдневно живее и делува, изгонуваат демони и лекува болести. Гледате ли дека не залудно се рекло дека оваа глетка е повеличествена од царска одаја? Тамошните настани се налик на листови кои венеат и сенки што ползат,  а она што тука се прикажува изгледа како усвитено железо, или уште подобро: и од него е поцврсто, бидејќи тоа се бесмртни работи, неподвижни, кои никогаш не трпат никакви промени, а сепак, оние кои ги љубат приоѓаат без страв, ослободени од антагонизам и кавги, од завист и осуда, од сплетки и кодошења. Затоа што овоземните добра носат многу завидливци, а духовните, колку повеќе ги има, толку повеќе го покажуваат своето богатство. Тоа може да го видите со беседите. Зашто своите беседи ги давам на сите; ако, пак, ги задржам дома, за себе, станувам посиромашен, а ако ги излеам на вас, како сеење семе на нива, ја зголемувам својата благосостојба, правејќи ве вас побогати, а со тоа нималку осиромашувајќи се себеси; станувам побогат, што со пари не може да се случи. А ако решам своето насобрано злато да го разделам на сите, повеќе не ќе можам да го споделувам претходното богатство, бидејќи тоа со делењето се намалува.

Превод: Ана Масларова

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/koj-e-vistinskiot-vladetel/

 

 9ти март 2022 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная