логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот на 31 август, 2021 г. во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac - 30 Years - ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска.

Во текстот од монографијата посветен на сликарството на Балаќ стои дека и покрај тоа што нејзините слики делуваат како да се направени во еден здив, во едно застанување пред штафелајот, „изразните средства на бојата и ритамот на широки потези на четката“ се резултат на свесен процес што на крајот резултира со пастуозно сликана површина. Ова дополнително ја потврдува импресијата што ја добиваме кога за првпат ќе застанеме пред сликите на Балаќ. Тоа се дела на сликар; на сликар во вистинската, класична смисла на зборот. Нејзините платна имаат темпераментни потези и желба за создавање сликарски површини во кои големиот, критичниот момент што ја води Балаќ напред кон истражување нови сликарски проблеми е оној исконскиот, стариот порив на традиционалните мајстори на четката: да се слика. Таа желба да се слика, да се твори, како и бурниот ликовен израз, се сеприсутни во нејзиниот опус и не зависат од медиумот или од техниката во кои што работи. И покрај сите промени, циклуси и техники во кои работи, Балаќ ја започнува својата кариера како, а и останува, пред сѐ, сликар. Длабоко ориентирана кон сопствениот свет, таа е непоколебливо фокусирана врз својата уникатна визија за, и на, својот внатрешен свет. Всушност Тања Балаќ им припаѓа на оние ретки уметници кои не само што поседуваат свое гледање, едно само за неа својствено толкување на светот, туку и уметнички јазик што се развива без застој, јасно следејќи ја само сопствената линија, сопствениот пат.
 (К. Пенушлиски)

Кон крајот на првата деценија на дваесет и првиот век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе се интересира и за видеоуметноста. Нејзините дела остварени во тој медиум често се коментар на она што се случува во светот. „Раѓањето на нацијата“ од 2016 година директно може да се поврзе со промените во Македонија и обидите за насилно, визуелно менување на културниот идентитет на градот Скопје, а со тоа и на македонската нација. Видеата „Perceptio Inversa“ и „Stuck Together“ може да се поврзат со големата бегалска криза.

Во својот текст, Натали Р. Павлеска истакнува: „Ангажираната уметност на авторката Тања Балаќ е еден од ретките примери кои овозможуваат активна вклученост на восприемателот, на чија страна е позициониран и самиот автор, исчитувајќи го сопственото дело одново, во постојните, но и во нови значенски контексти.  На моменти езотеричен и опскурен, понекогаш потполно соголен и експлицитен, поетскиот израз на Балаќ, покажува несомнено плодна продуктивност и разновидност, релевантен во поширокиот културален дискурс на овие простори. Антрополошката и социолошката димензија на нејзините дела аргументирано ги допира прашањата за односите помеѓу индивидуите и колективитетите, етички разобличувајќи ги прашањата за нееднаквоста, вечната (не)припадност, глобалните политички и империјалистички императиви на големите централизирани дискурси на моќ, преиспитувајќи го општествениот контекст, опсервиран локално и пошироко. Зачетокот на уметничките експерименти во сликарството на Балаќ, се раѓа заедно со идејата за одминување на доминантниот постмодернизам на овие простори, како период на долготраен процес на посветено и активно истражување на изразните потенцијали, а концептот за проширување на сликарскиот медиум произлегува од потребата за поместување на границите на формалното, материјализираното, и мисловното. Импулсот за излегување (надвор) од просторот на сликата, се чувствува и преку внатрешно-медиумските дијалози, често како чин на интермедијални интервенции, помеѓу текст и слика или како гест на иконична суперимпозиција, но и како чин на себе-преиспитување, на сопствените втемелени идеи и заокружени иконографски симболи.“


Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година, магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006-2013 година и негова претседателка.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная