Да го запреме злото на време: Педофилите бараат права како хомосексуалците!
Користејќи ги истите тактики како и геј активистите, педофилите започнаа да бараат сличен статус, аргументирајќи ги своите барања со тврдења дека нивната желба за сексуален однос со деца е вид сексуална ориентација која не се разликува од хетеросексуалната или хомосексуалната.
Критичарите на хомосексуалниот начин на живот веќе долго тврдат дека кога еднаш ваквото прашање ќе стане прифатено како алтернативен начин на живот или сексуална ориентација, нема повеќе да има граници во поглед на предлогот за прифаќање на другите сексуални ориентации. Заговорниците на геј правата категорички ваквите тврдења ги одбиваа и тврдеа дека тоа никогаш нема да се случи. Но тоа сепак се случи, психолозитe почнаа да ја редефинираат педофилијата на ист начин како што ја рeдефинирале хомосексуалноста неколку години наназад.
До сега незамисливи изјави за прифаќањето и нормализацијата на педофилијата, почнаа да даваат истакнати психолози и сексолози, а се со цел подготвување на теренот за нормализација и декриминализација на педофилијата. Историјата се повторува…
Американското здружeние на психијатри (АПА) во 1973 година ја декласифицираше хомосексуалноста од листата на психички пореметувања. Збир на американски психијатри заедно со B4U – Act (здружение кое се залага за правата на педофилите) одржаа симпозиум на кој предложиле нова класификација на педофилите на листата на ментални болести на Американското здружение на психијатрите.
Американското здружение на психијатри во 1998 година издаде извештај во кој се тврди дека е негативно влијанието од сексот помеѓу возрасни лица и деца и дека истиот во повеќе случаи е пријавен.
Педофилијата веќе доби заштитен статус од страна на Владата на САД. Американскиот закон за сузбивање на дискриминацијата ја стави на попис категоријата и сексуалната ориентација, но не специфицира за која сексуална ориентација станува збор. Републиканците со амандман се обидоа да специфицираат дека педофилијата не е сексуална ориентација, но демократите го одбија амандманот.
Хастингс, претставник на демократите изјавил дека сите алтернативни начини на сексуалниот живот мораат да бидат заштитени со закон и додал дека овој предлог треба да доведе до сузбивање на насилството базирано на предрасудите и да ги осигура сите Американци без разлика на бојата на кожата, расата, религијата, националноста, родното определување, сексуалната ориентација…
Оваа година двајца канадски психијатри изјавија дека педофилијата е сексуална ориентација како и хомосексуалноста или хетеросексуалноста. Психијатарот и пензиониран професор на Универзитетот во Монтреал Ван Гијсејхем, во својот говор во Парламентот им рече на пратениците: „Педофилите не се само обични луѓе кои имаат нешто што е еквивалент на сексуалната ориентација како што некои други се хомосексуалци или хетеросексуалци“.
Исто така додал: „Не можете да смените нечија сексуална ориентација, но личноста би можела да апстинира“.
Кога го прашале дали треба да се спореди педофилијата со хомосексуалноста тој одговорил:
„Ако живеете во општество каде хетеросексуалноста е забранета и ако ви кажат дека морате на терапија за да ја промените сексуалната ориентација, вие тоа би го сметале за лудост. Поинаку кажано, вие со тоа не би се сложиле. Таа аналогија ја користам за да ви дадам позитивен одговор (на прашањето дали треба да ја споредите педофилијата и хомосексуалноста…педофилите не ја менуваат својата сексуална ориентација)“.
Доктор Куинеи, професор по психологија на Квинс Универзитетот во Кинстон, Онтарио се сложил со изјавите на Гијесхем и изјавил дека децата се сексуален интерес на педофилите како и дека нема доказ дека тој сексуален интерес може да биде променет со лекување или со било што друго.
Во здравствената публикација на Харвард од јули 2010 година е објавено:
„Педофилијата е сексуална ориентација и не може да се промени. Лекувањето на педофилијата се обидува да оневозможи некого да се однесува во склад со своите сексуални потреби“.
Линда Харвеј нагласува дека туркањето кон изедначување на правата на педофилите можат да бидат се понагласени и понормални како што се продолжува со наметнување на ЛГБТ групата и изјавува:
„Сето тоа е дел од планот сексот да се наметне кај се помладите и помалите деца, како и да ги уверат дека обично пријателство, всушност е сексуална привлечност“.
Професорот од Хавајскиот Универзитет, Мет Дајмонд изјави дека детската порнoграфија може да донесе само добробит во општството:
„Потенцијалните сексуални престапници ја користат детската порнографија за во неа да супституираат секс со детето“.
Професорот Дајмонд е истакнат предавач на Институт кој отворено правно го застапувал укинувањето на забраната хомосексуалците да служат во американската војска.
Веќе во неколку држави на САД – како Калифорнија, Џорџија и Ајова законот кој ги штити децата од сексуалните престапници е доведен во прашање бидејќи сексуалните престапници тврдат дека со овој закон нив им се забранува да живеат во близина на училиштата или парковите.
Извор: (Greeleygazette – Jack Minor)
http://denesen.mk/web/2013/11/11/da-go-zapreme-zloto-na-vreme-pedofilite-baraat-prava-kako-homoseksualcite/