логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Протојереј Андреј Ткачов

 

Доколку науката неумоливо би го оттргнала човекот од Бога, во светот не би останал ниту еден религиозен научник. И доколку таа иста наука неумолливо не би го притискала човекот кон стравот од Бога и кон Неговиот највисок ум, во светов не би имало ниту еден сериозен научник којшто не би се молел и не би солзел над Евангелието.

Наместо тоа, како во историјата, така и во современоста, набљудуваме две големи групи – мислители и научници. Едната група се состои од оние коишто во храната на ученоста ја додаваат солта на верата, а втората група, пак, од оние коишто вкусуваат од слатките јадења. Тоа се оние на коишто Бог не им е потребен ниту во сопствениот дом – како Помошник, ниту во науката – во вид на хипотеза (види, дијалог помеѓу Лаплас и Наполеон).

Воопшто не е важно во која од овие две групи преовладува броевиот сооднос. Во една таква околност, неколку гласови повеќе или помалку нема да го променат главниот заклучок, дотолку повеќе што двете групи содржат значителна бројка. Главниот заклучок, пак, се состои во тоа што науката нема да нè доведе до верата и во верата нема да нè внесе. Науката може да помогне и да те придвижи час на едната, час на другата страна, но суштината не се состои во тоа. Во човекот има нешто друго, поразлично од умот што прави анализи, каде што, впрочем, се зачнува и зрее самата вера.

Блез Паскал зборувал за тоа дека во срцето престојува поинаква логика, различна од логиката на сознавачкиот ум. Паскал, и самиот необична појава, зборувал за тоа дека Бог му приоѓа на човекот, не како Бог на философите и учените, но како Бог на Аврам, Исак и Јаков.

Луѓето како Паскал се скапоцени. Тие луѓе се потребни макар и за тоа да му го свиткаат мечот од картон на спортистот-атеист, кога тој го поттикнува своето неверие со баналниот убод на фразата: „науката докажа“.

Блез Паскал – Задлабочен во мислите

Каква наука? Што докажа таа? Еве, на Паскал не му докажа. И не само што не му докажа, туку Паскал со помош на математичка веројатност ја докажал неопходноста за верата во Христа. Доколку смислата на животот се состои во стремеж кон благосотојба и бегство од страдање, и доколку науката е повикана да ја обезбеди или да го приближи човечкиот идеал за среќа, во тој случај, да се верува во Христа е разумно и неопходно, а да не се верува во Hero – безумно и опасно. Расудете сами.

Да претпоставиме, човекот од вера направил грешка. Што загубил тој човек? Ништо. Тој живеел слично како и останатите луѓе, јадел, пиел, работел, одморал. Тој само се обидувал да го исполни моралниот закон, поради што, сосема логично, бил почитуван од страна на неговото опкружување. Потоа тој си умрел – и тоа е сè. Тоа е во случај доколку тој човек направил грешка. Тој ќе се распадне на праелементите од коишто бил составен, или како што умеел да каже О. Хајам: „Овие грстови песок под нозете наши порано биле зраци што ги пленеле очите ни“.

Но, што пак, доколку тој човек, сепак, е во право и не направил грешка? Во тој случај, него го очекува слава, Царството небесно, заедничарење со ангелите, познанство со најдобрите луѓе на светот, лицегледање на Христа, ликување, мир на душата.

А сега да погледнеме кон нерелигиозниот човек. Со што се здобил минувајќи го животот согласно својот светоглед? Тој не се измачувал себеси со пости и посети на долготрајните богослужби. Гревовите извршени од плотта ги сметал како закон на природата. Тој не сакал да се смири пред Бога, и тоа не му било доволно, тој сакал да се возгордее со славното име на човекот. Но, затоа пак, морал да се смирува пред своите претпоставени и пред околностите на животот. Величествени дела, секако, не правел, а си поживеал сходно своите задоволства. Во име на вистината, и тоа задоволство се покажало непостојано. Болестите и поодминатата возраст, расчекорот помеѓу копнежот и реалноста, семејните конфликти го отруле поголемиот дел од потенцијалната среќа. Но, при сиот свој атеизам, човекот останал тврд. И ете ти сега, тој умрел за да исчезне. Колку ли ќе се изненади кога сето тоа исчезнување ќе му се измолкне, а боите на светот ќе станат уште поблескотни! Со што ли би победил исчезнувајќи? Со ништо. Тој не само што не би победил во споредба со човекот со вера, но дури и во споредба со домашното милениче, тој не само што не би победил, туку сосема е можно и да загуби. А еве и зошто, губејќи (во случај да не е во право) неговиот пораз може да се покаже така голем што не би можел да го поднесе. Поразот ќе биде толку голем што ќе ти дојде да залелекаш од очај и ќе застружиш со заби. А така е и речено: таму ќе биде плач и крцкање со заби.

И така, од двете варијанти „да се верува – да не се верува“, подобро е да се верува. Ништо нема да загубиш, но затоа финалето може да биде спектакуларно. Сосема е сеедно што се обложуваш на рулет со милионски број подарени жетони. Ова го говори наједноставната математичка пресметка.

И спротивно на тоа. Атеистот не победува станувајќи храна на црвите и распадот. Но, кога губи, тогаш колосално губи.

Заклучок: Науката нема да го докаже отсуството на Бога на мускули. Напротив, приврзаниците на
безбожноста не се запознаени со елементарните закони на правилното размислување. Тогаш, нека не се повикуваат повеќе на науката. Во тој случај би зборувале: „Не верувам зашто срцето човечко е бездушно“, или „суетата проголтува“, или „се плашам кон Бога погледот да го подигнам“. Тоа би било чесно, и тоа би значело, чекор поблиску до идното покајание и исповед. А што се однесува до „науката докажа…“ Попрво, би требало да се засрамат. Во Аристотеловата логика не се допуштаат противречности. Со неа, не се ставајте онаму каде што има чудо. На пример, во областа на Евангелието. Таму Девица раѓа Син и останува Девица. Таму Бог се воплотува, мртвите воскреснуваат, пет леба нахрануваат илјадници луѓе. Очигледно, некој друг свет влегол во – овој свет, и законите на другиот свет „притискаат“, меко одвојувајќи ја неизменливоста на животот на којашто сме навикнале. Си живеат така луѓето, си живеат, и нивните животи како паралелни прави не се пресекуваат. Бог на небото, ние на земјата, Евклид е прав: правите линии не се пресекуваат. Одненадеж, при свртување на следниот лист, започнува геометријата на Лобачевски. Hе дека паралелните прави линии се пресекле – Бог се симнал на земјата. Двата света неразделно се соединиле, но и не се слеале. И вообичаените закони на светот започнуваат да отстапуваат, покажувајќи дека „Царот Којшто не е од овој свет“ е тука некаде, во близина.

Она што може да се види на земјата не покажува ниту целосно отсуство, ниту манифестирано присуство на божество, туку присуство на скриен Бог. Сè го носи овој печат.

Постои ли таква наука, којашто смело би ги произнесувала своите мисли наспроти видливиот свет?
Постои. Тоа е математика. Таа е царица на науките. Во нејзините раце еднаш и засекогаш се сите умни нешта коишто нема да ги видиш. Никој од нас не ја видел ниту ќе ја види нулата. „Ништото“ е незамисливо и доловливо. А математиката оперира со нулата со неподнослива леснотија, како домаќинката со игла и конец.

Претстои да се спомне нешто и за бесконечноста, за тоа како започнуваат чудата. Секој математичар на своите палци ќе ви докаже дека во бесконечноста деловите од множествата се еднакви на целината, дека бесконечната права е кружница со бесконечен радиус. Тоа дури и јас би можел да го докажам. И, значи, во науката ни претстои да воведеме еден од атрибутите на Бога – бесконечноста, тука ние веќе сме во состојба да поведеме разговор на јазикот на науката, многу близок до јазикот на верата. Веќе се бришат насмевките од лицата на скептиците, кога се поведува разговор за тоа дека Бог има една природа и три Личности. Да, господа. Аристотел останал зад врата, а ние влегуваме во светилиштето на мисловното созерцание, каде што никој не се воодушевува ниту на Богочовештвото, ниту на вечната девственост, ниту на единството на Троица. Поточно, се воодушевува, но не одрекува, туку созерцува.

И така, пречи ли науката за да се верува? Можно ли е да се убие со кујнски нож? Можно ли е со микроскоп да се кршат ореви? Сето тоа е можно при векторот на животот којшто не се насочил во тој правец. Разумот, како дигитрон, послушно ќе ги пресмета броевите како во безгрешните така и во измамничките шеми. Важно е разумот да биде управуван од срцето, коешто (според Паскал) има своја сопствена логика. И најважно е тоа срце да се моли. Тогаш нема да има страв од ништо. Поточно, ќе има нешто, секогаш ќе има. Но, основите за страв (да се изразиме математички) ќе тежнеат кон нула.


Извадок од книгата: Протојереј Андреј Ткачов, Мисионерски записи

Протојереј Андреј Ткачов
Извор: Бигорски манастир


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1235
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1557
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная