логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


janko.jpg


Пишува: Јанко ИЛКОВСКИ


Аха океј, секогаш оваа реченица се употребува од оние кои немаат начин како да ве заќутат без оглед дали говориш бесмислици или се сака да се употреби аргумент против некоја етаблирана теза. Во нашиот јавен простор повикот на авторитет со тенки докази бил и останал меинстрим во дебатата, така што аматерите немаат најчесто прилика да дебатираат или политикантите да политизираат и ги понижуваат затоа што се вади жолтиот картон на замолкнувањето - тоа е научно докажано! Често пати врескале кон мене да замолкнам, дека немам право да говорам за работи затоа што немам завршен факс за историја, па со тоа можам само да слушам што ќе ми кажат оние кои студирале, завршиле, или оние кои знаат сто посто сигурно жими мајка, чесен титов пинерски збор. Ај кога луѓе во години, кои животот го поминале во одредена идеја и со одредени ставови, малку им е тешко да ги менуваат своите верувања базирани на авторитетите на нивното време, но млади луѓе кога ми се с'скаат и врескаат хистерично, при тоа анонимни и затскриени како глувци се обидуваат да ме черечат заради она што го говорам и правам, малку ме тура во думање, од кој скут излеговте? Овие сподоби се ретки, ептен ретки, но ги има и интересна е генезата на таквите ставови.

Наместо јас да бидам остарениот и оној кој треба да ги брани конзервативните и етаблирани ставови, со огнени жезла се фрлаат громовни топки со етикети - национализам, фашизам и уште какви не квалификации затоа што искачам надвор од шемата на научната догма. Еееј, а ме горевте затоа што застанав зад религиската догма? Но изгледа и демократурата која како новокомпонована кованица ја извади опозицијата е реалност на новото доба. Се што нема да одговара на некои кругови мора да се жигоса до смрт и палење на клади. Јас немам многу нерв и да дебатирам со секакави, особено такви, но дури и да не сум во право, зарем немам право да го застапувам тој став? Ебате општеството кое се дестабилизира од човек како мене затоа што го заинтригирала опција, теза, историска или политичка и таа јавно ја брани. Ако сте во право, ќе ме избрише како гума за бришење силата на аргументацијата. Наместо тоа, она што понекогаш го протежирам само затоа што досега не било, било забрането, се сметало за погрешно мора и е дозволено во секоја демократија и во слободата на говорот останува да виси нерешено затоа што естаблишментот научен често има лоша и арогантна аргументација.

Како се осмелувате тогаш да не зборувам или да замолкнам? Застанав зад барањето и го поддржав на бегалците од егејска македонија, сакам Македонија да стане ројалистичка држава наместо република, верувам дека сме наследници на античките Македонци, Словените потекнуваат одовде а не од Русија, верувам дека на каменот од розета е напишано со македонски јазик, дека кирилицата е постара од 6000 години, верувам дека имаме исти корени со хунзите, верувам дека Грците шират тешка лага во која зацапа и западот, верувам во Бога, верувам дека универзумот настанал според Писмото со голема експлозија како што и науката докажа, верувам дека десно е појако, поинтересно и дека поголем предизвик лежи таму. Не сум комунист или фашист - кое е еден те ист, идеолошки-булшит со различна иконографија но исто сум ги сакал оние јуродиви со исчашени ставови и мислења, со храбри тези кои се противат на се дотогаш прочитано и напишано, па дури и да се коси со се погоре што застапувам. Само луд човек и тврдоглав може да има еден вечен став, неменлив, зарем нема уште да учите?

Само медиокритетите веруваат дека се знаат - приучена средна класа на која се потпираше севкупната левица, и што стана кога се родија глобалните мрежи? Знаење достапно секому? Но не може само Енциклопедија Британика да биде алфа и омега на вистината, ја предизвикувам и сакам да ја чујам секоја друга вистина, од уфо до утопија на бескласно општество, само не се обидувајте да замолкнете никого, ни мене - ни други. Ако нешто е издржано и ставено на вистински темели тоа ќе го преживее секој напад и потрес. Но сомневајте се во авторитетите, нивните тези, догми, особено кога е историјата и археологијата во прашање.

Факсот кој стигна на времето до покојниот директор на македонско радио, доајенот Варошлија, долг најмалку едно метро од директорот на ББЦ во кој тој му се жалеше на моите јавно изнесени ставови во врска со ББЦ, Британија, политиката на таа земја, нивната култура, за мене беа и останаа медиумска диплома и пофалница.

 Извор: Вечер

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1440
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1772
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1646
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/05/2024 - четврток

Светите маченици Тимотеј и Мавра; Преподобен Теодосиј Киево-Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 2 мај / 15 мај 2024

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная