логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Многу Православни учени покрај Православното Откровение одлично ја познавале, толкувале и коментирале и хеленската книжевност. Климент Александриски, Св. Григориј Богослов, Св. Василиј Велики, Св. Јован Дамаскин, Св.Фотиј Цариградски, Св. Кирил Философ, Св. Григориј Палама, Михаил Псел, блажениот охридски архиепископ Димитриј Хоматијан се само дел од зборот на учени кои и тоа како добро ја познавале хеленската книжевност.
Св. Василиј Велики во својата беседа PROS TOUS NEOUS, “Opwj n ™xEllhnikоn зfelo‹nto lТgwn1 вели дека за младите, кои сеуште не се навикнати на „тврда храна” (се мисли на Православното Откровение), од голема корист е изучувањето на примерите на хеленската книжевност. Хеленската книжевност, според него, приличи на водена површина во чиј отсјај се отсликува сонцето. Очите на младите не се навикнати да гледаат непосредно во зраците на сонцето, па затоа, од голема полза е да се вежбаат прво да го гледаат сонцето посредно, преку неговиот отсјај, т.е. да ги изучат примерите на хеленската книжевност, а потоа, откако го извежбаат и изострат
своето духовно око, ќе можат да го созерцуваат сонцето и непосредно, насладувајќи се од живите зборови на Православното Откровение. Светителов ги советува младите во однос на примерите на хеленската книжевнот да бидат како пчели: полезните примери да ги собираат и примаат, а неполезните да ги одминат. Kat¦ p©san dѕ oвn tоn melittоntѕne„kТna,tоnlТgwnШm‹nmeqektšon. 0Eke‹na…teg¦roвte¤pasito‹jҐnqesi paraplhs…wj ™pšrcontai, oвte mѕn oOEj n ™piptоsin Уla fšrein ™piceiroаsin,ўll0 УsonaЩtоn™pit»deionprХjtѕn™rgas…anlaboаsai,tХloipХnca…reinўfБkan(PG 31, 569 C).

Што се однесува пак, поконкретно на Хомеровите епови, од соборот на Православните учени доликува да ги споменеме Јован Цецес и солунскиот епископ Евстатиј. Јован Цецес се јавува како голем обновувач на проучувањата на Илијада и Одисеја што беа започнати во Хелинистичкиот период. Неговите толкувања се алегориски и главно поттикнати од барањето, Хомер да биде протолкуван во склад со
учењето на Црквата2. „Коментарите пак, на Евстатиј претставуваат многу поважно дело како извор на податоци за античките толкувања на Хомер. Во нив е содржан голем материјал во кој наоѓаме многу податоци од областа на лексиката, стилот,

1 КОН МЛАДИТЕ, Како би можеле да се користат со словата на Хелените: Мигне, Ј. П., АД
АДОЛЕСЦЕ0ТЕС, Љуомодо поссинт еџ гентилиум либрис фруцтум цапере, ПГ 31, Патрологиае Цурсус Цомплетус,
Сериес Граеца (Парис, 1857- 1866), цол 563-590.
2 Митевски, В., Античка епика, Матица македонска, Скопје 2001, стр. 19.



етимологијата и сл. Посебен белег на Евстатиј е неговата книжевна интерпретација на ликовите и мотивите во хомерската поезија.”3
Во тој Христијански дух, сакајќи да ги подражавам овие учени, на ова место ќе направам едно кратко алегориско толкувание на содржината на Одисеја. Притоа, однапред сакам да кажам дека мојата намера не е на Хомер да му придадам значење на пророк кој однапред го предвидел овоплотувањето на Христа и симболично преку сликите на митот за Одисеј ни го прорекол. Не, мојата намера е сликите на Одисејата
симболично да ги поврзам со настаните кои се суштествени во христијанскиот домострој на спасението, и ова поврзување ќе биде надворешно и само на облик, а целта е, читајќи за згодите и незгодите на Одисеј, се наново и наново да ја потикнувам својата мисла кон христијанска добродетел. Ова кратко толкување се состои од четири вежби, а секоја вежба има по еден расказ и една слика. Расказот е кратка содржина на дел од Одисејата, прилагоден за алегориско толкување, а сликата пак, е толкувањето на содржината на расказот.
Вежба прва:
Расказ: Ете Пенелопа, жената на Одисеј, дваесет години го чека својот маж да ѝ се врати. Телемах, под раководство на Ментор, заминува од дома со кораб по разбрануваното море за Пил, кај Нестор, за овој да му каже дали Одисеј воопшто е жив и дали Ќе се врати дома. Нестор, откако сите заедно принесат жртви на бога, во придружба на своите два сина го испраЌа Телемах во Спарта при Менелај. Таму Телемах срдечно е примен, ободрен дека татко му Ќе се врати, се запознава и со Елена (жената на Менелај) поради која се водела Тројанската војна, обдарен е со многу дарови и од Нестор и од Менелај и од Елена, и се враЌа дома знаејЌи дека неговиот татко за брзо време Ќе се врати дома.
Слика: Душата на подвижникот во богооставеност (Пенелопа), трпеливо Го чека Својот Жених-Христа да ѝ се врати. Подвижникот (Телемах) под раководство на опитен духоносен старец (Ментор) го напуШта овој свет и приврзаноста за него и страстите и похотите и патувајЌи во коработ ноев, во Црквата Божја, го препловува разволнуваното море на страстите и гревот стигнувајЌи во своето тивко пребивалиШте, пустината како антиград. Таму го пречекува верата (Нестор) како темел и мудрост на животот на подвижникот и го учи на работи кои се
недофатливи за разумот и таинствени, го учи трпеливо да Го очекува Христа
3 Ибидем.
живеејЌи во покајание и постојано принесувајЌи му на Бога духовни жртви: искрени молитви од длабочината на срцето свое. Верата преку своите ,,два сина”: православното исповедание и православното делание го доведува него до надежта (Менелај) која го ободрува подвижникот на неговиот крстен пат и го закрепнува неговото трпение. Потоа на подвижникот познаница му станува соврШената љубов (Елена) поради која се води целата внатреШна и невидлива борба во дуШата на подвижникот на Православното Благочестие. Се разбира Бог преку триве овие
добродетели го обдарува со многу дарови: покајание, плач, смирение, умносрдечна молитва, победа над страстите, богомислие и тн. И така умот на подвижникот прочистен си се враЌа дома, слегува во срцето и од таму му принесува духовна жртва на Господа, знаејЌи дека за брзо време Отецот и Синот и Светиот Дух Ќе дојдат кај него и во него пребивалиШте Ќе направат.
Вежба втора:
Расказ: Пред сето тоа да се случи, во домот на Одисеј доаЃаат голем број на просци кои ја просат Пенелопа веЌе долго време, поради тоа Што има царско достоинство, убедувајЌи ја дека Одисеј е мртов и дека нема да се врати. Просците се многу дрски, постојано престојуваат во домот на Пенелопа лумпувајЌи, јадејЌи, пиејЌи и распрснувајЌи го имотот на Одисеј, кралот на Итака, и блудничејЌи со голем број од неверните слугинки. Најбезочен и најбесрамен меЃу просците е Антиној. Просците му подготвуваат убиство на Телемах при враЌањето дома
чекајЌи го во заседа, но провидението му помага на Телемах и тој безбедно стигнува кај својот верен роб, свињарот Евмеј. Таму веЌе го чека Одисеј преправен во лик на питач.
Слика: Пред тоа, Штом Христос не е во срцето на човекот, во него се доселуваат демони кои на секој начин ја измачуваат дуШата убедувајЌи ја дека бесцелно е да го чека Христа, бесцелно е да се измачува во духовниот подвиг, бесцелно е да ги остави насладите од овој свет без никаква корист, повторувајЌи ѝ на дуШата дека Бог ја оставил, дека нема да ѝ се врати па дури ѝ велат дека Бог е мртов. Демоните постојано ја искуШуваат дуШата сакајЌи да ја придобиајт во гревот и смртта, знаејЌи дека таа, дуШата човечка, е образ и подобие Божјо и дека
има царско достоинство. Демоните се многу дрски: го распрснуваат, расејуваат и униШтуваат секој духовен плод во дуШата на подвижникот на која сеуШте не ѝ се вратил Христос, Царот над царевите. Демоните се здружуваат со страстите и похотите, тие неверни слугинки на дуШата, поточно речено тиранки, за со нивна помоШ да опустоШат сè Што е добро и убаво во дуШата на благочестивиот. Најбезочен и најбесрамен меЃу демоните е демонот на гордоста (Антиној=спротивно на умот). Откако подвижникот (Телемах) Ќе постави добар почеток со добродетелите спомнати во вежба прва демоните чкртајЌи со забите поради завист, му подготвуваат ново искуШение чекајЌи го во заседа, ненадејно сакајЌи да го нападнат опсипувајЌи го со пофалби со цел да го возгордеат и овој несреЌниот да се најде во чељустите на Антиној. Но Господ е помоШта на подвижников, па, демоните пред Лицето Негово Свето испаруваат како восок пред оган, а нивните планови остануваат осуетени. Телото пак на Православниот Христијанин скротено со плач, пост и бдение прилега на верниот роб, поточно слуга на Телемах, свињарот Евмеј. А Христос пак, Словото Божјо, овоплотен, откако зеде тело на човек (на питач), веЌе е со подвижникот во колибата нанеговото скротено, исчистено и верно тело.
Вежба трета:
Расказ: Верниот Свињар Евмеј му го дава својот кожув на Одисеј да си почине на него, а Одисеј му се открива на Телемах дека е неговиот татко и кројат план како да им се одмаздат на просците. Утредента Одисеј, Телемах и Евмеј тргнуваат кон куЌата на Телемах. На патот ги пресретнува козарот Мелантеј, го напаЃа Евмеја а го понижува и Одисеја не препознавајЌи го. Во куЌата просците му се подбиваат на Телемах Што довел питач во својот дом бесцелно да го јаде имотот.Просците организираат борба меЃу Одисеј и питачот Ир (кој гледал во Одисеј
конкуренција во питањето), со цел да го посрамат Одисеја. Телемах ободрен од присуството на татка си застанува на страната на Одисеј и им се спротивставува на просците. НоЌта верната слугинка Евриклија му ги мие нозете на Одисеј и го препознава по белегот Што го има на ногата. Пенелопа потоа разговара со Одисеј и овој со јасни докази ја ободрува дека нејзиниот маж Ќе се врати. НоЌта Телемах го трга сето оружје од мегаронот за просците утредента да немаат со Што да се бранат.Слика: Човечкиот род преку Пресветета и Пречиста Владичица наШаБогородица и секогаШ Дева Марија на Словото Божјо му ја дава човечката природа (Евмеј му го дава својот кожув на Одисеј да си почине на него). Кога Господ Ќе се всели во дуШата на подвижникот веднаШ му се открива и дуШата негова недвосмислено знае дека тоа е Бог; не ѝ се потребни на дуШата никакви умувања и докази дека тоа Што го созерцува е Бог. Таа, дуШа очистената од страстите, го гледа Бога и не ѝ треба ниШто друго да ѝ потврди. Сега кога Христосе во срцето на подвижникот, тој (подвижникот Телемах) е реШен да се пресмета со
гревот и страстите до крај. Блудната страст (Мелантеј) го напаЃа телото (Евмеј) и го понижува Христа, но подвижникот со помоШ на Името Христово, кое секогаШго носи на устата и во срцето, ја победува и таа им се трга од патот кон конечната пресметка со демоните, страстите и похотите. Демоните не можат да го препознаат Христа облечен во човечко тело, тие само насетуваат и треперат пред неговата појава. Демоните му се подбиваат на подвижникот Што го носи во својата дуШа Назареецот кој умре на Крстот, велејЌи му дека тој не бил Бог ами човек престапник кого јудејските првенци го осудиле на смрт. Но подвижникот, нивните клевети, сега, кога го има Словото Божјо во себе си, ги смета за трици, и отворено им се спротивставува. ТогаШ демоните го насрчуваат чревоугодието (питачот Ир) против подвижникот, за овој, откако Ќе му подлегне на чревоугодието, да биде напуШтен од Христа. Но сега самиот Христос се бори во име на подвижникот и ја победува секоја страст. Верната слугинка Евриклија е совеста човечка која го препознава Господа, бидејЌи го познава печатот на дарот на Светиот Дух кој го прима секој Православен Христијанин на чинот на миропомазанието4. Во текот на невидливата внатреШна борба Господ постојано ја теШи дуШата и ја бодри да издржи до конечната победа (Одисеј во разговор со Пенелопа). Подвижникот во текот на ноЌта, во бдение, се припрема за борбата со гревот, тој ги тргнува (ги исфрла) сите порочни помисли од својата дуШа кои можат и тоа како да импомогнат на демоните во престојната невидлива борба, како моЌно оружје.
Вежба четврта:
Расказ: Се подготвува натпревар: кој Ќе успее да го растегне лакот на Одисеј и да испуШти стрела од него, која Ќе помине низ дванаесет секири, Ќе ја добиеПенелопа со нејзиното кралско достоинство. Просците се обидуваат но не можат ни да го растегнат лакот, а камо ли да испуШтат стрела од него. Но просците се лукави: прво го загреваат лакот, па го мачкаат со лој, за на крајот кога Антиној треба да се обиде, да произлезе дека тој ден бил некој празник па, натпреварот4 Чинот на миропомазание е Света Тајна при која на православниот Христијанин му се дава СветиотДух.требало да се одложи. Но тогаШ питачот Одисеј праШува дали може да се обиде и тој. Просците му се потсмеваат, Телемах се завзема за тоа дека и питачот има право да проба да го растегне лакот. Одисеј го растегнува лакот и откако погодува низ дванаесетте секири излегува победник во натпреварот, па полага право на Пенелопа. ВеднаШ потоа Одисеј почнува да стрела во просците и по долга борба сите просци се убиени. На страната на Одисеј се борат, покрај Телемах, и Евмеј и овчарот Филетиј. Единствено, на молба на Телемах, се поШтедува пејачот Демодок кој ги забавувал просците под присила. Одисеј ги убива не само просците ами и неверните слугинки и тоа сите до една. Потоа во куЌата на Одисеј се организира прослава (за да не се знае дека Одисеј се вратил и дека имало борба во која
изгинале сите просци). Евриклија оди кај Пенелопа и ѝ кажува дека си доШол Одисеј и дека ги убил сите просци. Слегува Пенелопа и Одисеј ѝ се покажува во својот вистински лик. Пенелопа не му верува. Одисеј не ѝ се лути за нејзиното неверување ами ѝ докажува дека е Одисеј, кажувајЌи ѝ ја тајната за брачниот одар кој го направил самиот Одисеј, тајна Што ја знаеле само Одисеј и Пенелопа. Пенелопа верува и му се фрла во прегратки на Одисеј.Слика: Демоните се познати по тоа Што многу често земаат лик на ангел и се претставуваат како да се самиот Бог. Многу често го глумат Бога со цел да прелажат некого. Со други зборови, сакаат да изгледаат како богови и луЃето да им признаваат божествена моЌ. Но тоа тие го прават привидно со помоШ на лукавство и измами (просците не можат да го растегнат лакот на Одисеј па го
топлат на оган, го мачкаат со лој и тн.). Единствено само Христос може да ги раШири своите пречисти раце на Крстот (Одисеј да го растегне лакот) и со својата крсна смрт да ги победи не само демоните туку и гревот и смрта. Потоа, Отецот Небесен го испраЌа Светиот Дух на дванаесетте апостоли (стрелата Што ја испуШта Одисеј минува низ дванаесет секири) и овие, апостоливе, како некои секири божји го сечат и униШтуваат секое незнабожечко учење во вселената проповедајЌи го Името на Христа. Христос кога се вселува во срцето на подвижникот се бори за него и го чисти срцето од секаква демонска сила, а страстите човечки, тие неверни слугинки-тиранки, ги униШтува сите до една.
Претходно кога питачот Одисеј сакаШе да проба да го оптегне лакот просците му се потсмеваа а Телемах застана на негова страна. Господ пред да се бори за нас и да нè спаси ја чека наШата согласност, наШата слободна волја, чека и ние како некој Телемах да го повикаме да го растегне за нас лакот против наШите духовни непријатели. Во борбата подвижникот влегува како човек кој покрај дуШа е и тело (слугата Евмеј во борбата со просците). Но телото веЌе му е потчинето на подвижникот и во склоп со неговата дуШа, и како некој Евмеј-верен слуга, му
помага во духовниот подвиг со тоа Што со трпение ги поднесува трудовите на телесниот подвиг. А овчарот Филетиј? Тоа е волевиот дел на дуШата, срцето на подвижникот, во кое се вселила кротоста (кроток како јагне, нели?). На крајот поШтеден е само пеачот Демодок, симболот на усните на подвижникот, кои од сега па натаму Ќе му пеат само на Бога, само Него Ќе Го слават во вечни векови, и ни еден лоШ збор нити пак празнословие нема да излезе од нив. А Што би можело да има во дуШата на подвижникот после ваквата борба и победа, откако Ќе биде
ослободен од секој грев и откако Пресветата Троица Ќе дојде при него, освен духовна радост и веселба? Кога на подвижникот му се даваат духовни виденија Светите Отци советуваатпретпазливост и недоверба (Пенелопа е недоверлива кон Одисеј), бидејЌи и демоните често земаат облик на ангел со цел да не повлечат во прелест. Поради тоа оправдано е недоверието Што оваа наШа Пенелопа духовна го покажува.
Изворот на ова недоверие не е гордоста или некоја друга страст ами токму љубовта кон Господа и стравот да не се падне во замка. Затоа Господ го пофалува ова недоверие и носејЌи ја дуШата човечка во брачната одаја ѝ ја кажува тајната за одарот и таа му се фрла во прегратка, попрво би рекол: пред нозете, за таму вечно да се насладува гледајЌи го лицето Негово во вечни векови. За крај, сакам да ги пренесам зборовите на Св. Василиј Велики, од горенаведената беседа, што се однесуваат токму на Одисеја. Светителов вели: «Така јас слушнав од
еден маж, дичен познавач5 на мислата на стихотворецот6, дека сето творештво на Хомер е пофалба на добродетелта и дека сите работи кај него7, она што не е споредно, водаткон тоа, а не помалку (и оние стихови) во коишто војводата на Кефалонците8, спасен од бродоломот9, (Хомер) го прикажал10 гол, (кого што) прво царицата11, иако требаше да се засрами од него штом го виде гол и сам, го испочитува, кога (тој) ѝ се покажа сам, со оглед на тоа што него наместо наметка го красеше добродетел. А потоа, и меѓу
5 деиноа_(деинТј,_3)_
6 на Хомер
7 кај Хомер
8 Одисеј
9 Се зборува за шестото пеење на Одисеја во кое Одисеј, после заминувањето од кај нимфата Калипсо и
по претрпената бура, е исфрлен на брегот на Схерија, земјата на Фајаќаните.
10 пепо…хке_
11 Навсикаја, ќерката на Алкиној, кралот на Фајаќаните.
останатите Фајаќани (Одисеј) се сметаше за толку достоен, што, откако (Фајаќаните) го оставија раскошот во кој живееа, сите на него се угледуваа и му ревнуваа, и ниеден од тогашните Фајаќани не посакуваше повеќе ништо друго освен да биде Одисеј, и тоа спасен од бродолом. Потоа, толкувачот на мислата на стихотворецов12 велеше дека Хомер едвај (воздржувајќи се да) не викне вели: „потребно ви е да се трудите околу добродетелта, о луѓе, којашто и со бродоломникот испливува, и оној кој гол излегува на суво го покажува почесен и од среќните Фајаќани”. Та, навистина е така. Другите имено, придобивки не им припаѓаат на оние што ги имаат во поголема мера отколку на било кој (случајно) згоден, како што и коцките се тркалаат во играта со коцки. Единствена од придобивките, (само) добродетелта е неотуѓива и му соприсуствува и наоној што живее и на оној што скончал».13

12 на Хомер
13 Ад адолесцентс, ПГ 31, цол 572 Б- 572 Д__

Авторот е дипломиран класичен филолог 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1455
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1783
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1660
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная