логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Оди и кажи дека ќе пишуваш научна студија додека семејството слави матурска вечер со жолта и мезе, со зурли и тапани. Веројатно затоа овде доцнеле сите востанија и револуции. Немало време за професија. Професијата пак е живот. А кога се нема време за живот, се нема потреба ни од часовници. Попусто ги носиме. Ние сме професионални мерачи на празно, минато-сегашно време. Европа веќе го мери идното. Само колку да се знае  
   
  
Имаа старешините една добра тактика во некогашна Југословенска народна армија: никогаш да не те остават да имаш свое време. Таа тактика беше добра за нив, но лоша за нас, војниците: кога човек нема време за себе, нема време ни за своите најблиски. Нема време дури ни за спомени на своите најблиски. Таа проста тактика даваше одлични резултати: ниеднаш никој не се побуни за ништо, ни за студената супа, ни за малтретирањето на воена вежба (на пример, на минусна температура да те тераат да донесеш свежа вода од некој бунар), ни за ноќното изживување на дежурните старешини, меѓу кои имаше и класични душовадници. Еднаш, само што завршивме со чистење на пистата, старешината ни нареди да ги кренеме ѓоновите на чизмите, да ни ги прегледа. Установи, според неколку зрна прашина, дека или ѓоновите не се добро исчистени, или пистата. Кога некој рече дека ѓоновите се добро исчистени, нé врати повторно да ја чистиме пистата. Есента пак, само што ги исчистивме лисјата од тревникот, нé вратија назад. Еден до двајца требаа да се качат на дрвјата и да ги тресат преостанатите лисја. Тоа се викаше „побрза есен“. Такви работи правевме. Сé правевме, само за да немаме време. А како што веќе се кажа, секој поредок што нема намера да се расправа со бунтовници гледа да ги намести работите така да немаш време. Стара вистина е дека револуции можат да креваат само оние што имаат многу време. Во една извесна смисла, револуции можат да креваат само богатите (а не сиромавите, како што обично се мисли), затоа што само тие имаат доволно време. Времето пак може да се купи, како и сé друго денес – со пари. Најдобра инвестиција за парите не се недвижнини, движнини и други материјални добра – туку време. Само оној што може да си купи време може да се нарече слободен човек. Само оној што има пари да си земе возач, готвач, чистачка, градинар, личен асистент – тој може да ужива во своето, ЛИЧНО време, да смислува револуции, да пишува романи или научни проекти, да живее како сака.

Пред некој ден се распуштивме; поточно, заврши наставата на Универзитетот, иако испитите допрва доаѓаат. Како и секоја година, едвај дочекав да го организирам времето да напишам нешто, затоа што кај нас писателите се писатели само во слободното време. Се соочив со една грда вистина: дури и кога ги немам секојдневните работни обврски (настава во два града во Македонија, консултации со магистранти и докторанти, состаноци), јас повторно немам време. Го погледнав мојот роковник (најверен душовадник на секој човек) и анализирав каде сум го потрошил времето.

Два дена сум потрошил на подигање, пополнување и враќање некакви формулари што антикорупционерите ни ги дале нам, на професорите од Универзитетот. А со тоа нема играчки: потпишуваш на секоја страница дека си дал точни и целосни податоци. Меѓу другото, таму стои и дали имаш „блиски лица“ со кои можеш да дојдеш во ситуација на искористување на некаков заеднички интерес. Тоа е во ред, но не е во ред она што за блиски лица ги сметаат сите роднини до четврто колено и од твоја, но и од страна на сопругата, а за разведените и од страната на некогашниот брачен другар. Така треба да знаеш дали некој нејзин четврти братучед во меѓувреме е избран на некаква функција (макар и во управен одбор на некоја преполовена селска библиотека), дали има фирма и со каков бизнис се занимава и колку акции има. А луѓето тоа тешко го кажуваат, дури и ако се роднини. Никој не кажува колку капитал или акции има некаде. Ајде, некако се реши и тоа. Но само што заврши таа работа, веднаш ни смислија нова: систематски преглед за сите вработени на факултетот. Да се разбереме: убаво е и тоа, како и она со антикорупционерите – ред мора да има. Но и тоа помина некако формално. Ни зедоа крв, ни направија ЕКГ, нé прегледаа на очно и ушно, ама најважното не го направија. Мислам на психијатрискиот преглед. На тоа се жалат најголем број од студентите, а не на фактот дека некој професор има покачен холестерол или аритмија. И самиот знам, додека бев декан, какви поплаки добивав од студентите. Се жалеа на избувливост, незаинтересираност, садизам, ароганција, самоволие, неконтактибилност, дури и на „мрачни страсти“ кај извесни просветни работници. Нејсе, заврши и тоа. И токму кога мислев дека конечно ќе седнам и ќе почнам да пишувам нешто, дојдоа нови „потрошувачи“ на времето.

Најпрвин, морав да одам лично на шалтер во една институција за да исправам една грешка што постојано се повторува во сметките за наплата. Грешката не е моја, тоа се призна, но и таму отиде еден ден. Потоа имав еден „стручен состанок“, од оние на кои најголем дел од вработената популација во Македонија си ги троши работните денови. Сите знаеме дека тоа се состаноци на кои главно се доаѓа до сознанија од типот „На гинекологија биле прегледани 130 пациенти во последниов месец, и сите 130 биле жени“. Помина и тоа, но дојде време да се види што е со личните карти и пасошите. За тоа нема да зборувам, пишувано е на долго и на широко по медиумите.

Кога на тоа ќе се приклучат уште неколку „ситни“ доцнења на некои мајстори и даватели на обични граѓански услуги – чкртни го месецот. Нема време ни за живот, камоли за уметност. Постојано нешто поправам, доправам (а само што бил мајсторот тука), постојано се борам со „неквалитетни делови“ (така велат мајсторите, тие никогаш не се виновни), со ентропија (еден човек зад еден шалтер искрено ми призна дека и нему му е тешко да работи во таков хаос од државна институција во каква што е вработен). И за да не излезе дека се жалам само на „далечни“ лица (државни службеници, аматери-мајстори што повторно е општествен проблем и слично), да кажам со што е исполнет мојот најголем душовадник – роковникот за оваа седмица: матурски вечери. Оди па кажи некому од роднините, пријателите и „блиските лица“ дека не е време за паради на кич и суети. Очите ќе ти ги извадат. Оди и кажи дека ќе пишуваш научна студија додека семејството слави со жолта и мезе, со зурли и тапани.

Веројатно затоа овде доцнеле сите востанија и револуции. Немало време за професија. Професијата пак е живот. А кога се нема време за живот, се нема потреба ни од часовници. Попусто ги носиме. Ние сме професионални мерачи на празно, минато-сегашно време. Европа веќе го мери идното. Само колку да се знае.


Авторот е универзитетски професор и писател
  
   
Автор: Венко Андоновски 

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=518101412441&id=13&prilog=0&setIzdanie=21987



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

« »