логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Интервју со Елена Ончевска Ејгер, лектор на филолошкиот факултет при УКИМ


Елена Ончевска Ејгер е лектор на катедрата за англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје. Елена издвои време да ги изјави своите ставови за студирањето и институцијата наречена факултет, со цел да им помогне на студентите, но и да влијае на останатите предавачи од високите образовни установи.

Ф: Каде студиравте? Какво беше вашето студирање?


Е: Дипломирав тука, на наш факултет, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Морам да признаам дека направив грешка во врска со образованието, но тоа беше пред студиите. Се запишав во средно училиште кое беше престижно и едно од најтешките во тоа време. Запишав стоматологија бидејќи тогаш мислев дека тоа е она што го сакам. Интересот траеше првата година, но потоа ја воочив сопствената грешка и ми остануваа уште три години поднесување на штетата која веќе беше направена. Додека останатите моделираа забчиња, јас читав англиска литература под клупа. Потоа следуваше студирањето, беше интересно, започнав одлични луѓе за време на студиите кои сеуште ми се одлични пријатели. По студирањето работев во приватни училишта за јазици, по што добив стипендија за магистратура во Англија. Тоа ми направи една пријатна академска турбуленција. Искуството беше неповторливо. Тогаш бев позрела за разлика од студентските денови, кога често (за жал) доаѓав до ситуации на кампањско учење. Затоа сакав да ја искористам таа година најдобро што можам, многу работев, ги слушав советите на професорите и учествував во предавањата. Сосема е различно кога студентот ќе дојде на предавање подготвен и ќе дискутира со професорот, отколку само пасивно да слуша.

 Ф: Која е разликата помеѓу студирањето тука и во Англија?

Е: Се плашам дека ако споредувам ќе се направи несоодветна споредба бидејќи се различни студии, додипломски и постдипломски. Меѓутоа, од она што успеав да забележам таму кај додипломските студии беше тоа што групите беа многу помали за разлика од тука. На тој начин има шанси секој да каже нешто  да учествува во предавањето. Зборуваме за групи од приближно 15 луѓе, имаше групи од само 5 луѓе. Пасивноста кај студентите е до некаде оневозможена, сепак во мала група не можеш постојано да се криеш позади некој. Другата работа е тоа што имаше ресусри достапни на секој чекор, на пример, кога ќе се кажеше дека ни требаше некоја книга, таа книга ја имаше во многу примероци во библиотеката. Библиотеката беше огромна зграда каде беше достапно се’. Освен тоа, на почетокот на годината, се одвојува една седмица за адаптација на студентите во новата средина. Во таа недела имавме предавања од секакви луѓе кои работат во факултетот и можат да им помогнат на студентите. Едноставно, не можеш да се почуствуваш дека си оставен сам на себе. Имавме средби со сите луѓе кои ни се потребни, вклучувајќи и полицаец кој ни кажуваше како да внимаваме на безбедноста.

 Ф: Мислите дека поради споменатите причини студирањето надвор е полесно?


Е: Не би рекла дека е полесно. Од една страна е полесно, но од друга страна мора да работите повеќе. Организацискиот дел е многу подобар, студентите се соочуваат само со академски стрес поврзан со учењето, не со административни работи. Мислам дека тоа е фантастичен фокус, тоа е идејата на студирањето, да се мачите на академско поле, не на административно.

 Ф: Каков треба да биде односот професор-студент?


Е: Различен, претпоставувам. Сите сме различни и различно воспоставуваме однос со луѓе. За некои студенти сигурно односот ќе биде потивок отколку односот на други студенти со професорот. Треба да има соработка, треба да има комуникација. Дали таа комуникација ќе биде преку активност на час или комуникација по имејл, сосема не е битно, битно е да постои комуникација. Сметам дека преку комуникација се надградуваме сите, ние учиме од вас и вие, претпоставувам, од нас.

 Ф: Мислите дека професорот може да влијае на студентите?


Е: Претпоставувам дека може. Мене лично ми оставале впечаток луѓе кои ме поттикнувале да правам нешто за кои не би ми текнало сама. Она индиректно влијание е она што го ценам повеќе кај луѓето, наспрема индотринирање, кога некој смета дека нешто е така и сите мора да мислат исто. Мислам дека тоа е главната цел на професорот, да го мотивира студентот да погледне негде каде не погледнал претходно.

 Ф: Мислите дека студентите од нашите факултети имаат сигурна иднина?


Е: Никој нема сигурна иднина. Од моето искуство, од сите студенти кои поминале низ овие клупи, речиси секогаш се познавало кој од нив ќе биде успешен. Таа љубопитност и потреба за наградба потребни за движење по професионалните скалила се видливи уште од академските клупи. Мислам дека треба да си ја одработиме иднината. Иднината е во таа љубопитност и во ентузијазмот со кој се работи.

 Ф: Дали ќе се согласите дека неформалното образование е еднакво битно како и формалното?

Е: Апсолутно. За жал, кај нас формалното образование се поистоветува со онаа интелектуалност, што е едноставно поедноставување на нештата. Луѓето не смеат да се гледаат само како интелектуални битија, ние сме многу повеќе од тоа. Проблемот се јавува и кај учениците од основно и средно училиште. Се’ се сведува на тоа студентот да научи куп факти и да се надеваме дека ќе ги помни после две-три години. Тоа е многу неверојатно, бидејќи, сепак, она што се помни се вештини, не е збир на факти. Покрај тоа, тој збир на факти е многу лесно проверлив, во секое време може да  се провери извесен факт. Она што не можете да го најдете на интернет за минута е вештината. Според мене, идејата е студентите да се каат на факултетот со извесни вештини и ставови за нештата и со оној капацитет за критичко преобмислување на нештата. Едноставно е недозволливо за интелектуалец да излезе од студентските клупи и да се согласува со се’, да не преиспитува. Дури и она што изгледа најнаивно, најфино, може да биде премногу убава спакувана манипулација. Интелектуалците се должни да не престануваат да ги преиспитуваат нештата во потрага во евентуално фино камуфлирана манипулација.

 Ф: Што би им порачале на студентите?

Е: Би им порачала да бидат авантуристични во текот на студирањето. Да не се ограничуваат на тоа на коешто системот ги ограничува. Доколку системот вели да се положат шест испити, тоа не треба да биде и наш стандард за успешност. Има многу работи што студентите може да ги прават во период кога имаат повеќе време од било кога. Би апелирала на студентите да ги истражуваат талентите. Од кај знаете дека не сте потенцијален генијален фотограф, на пример, ако не сте пробале? Доколку некој студент покажува и мал интерес за нешто, претпоставувам дека вреди да го истражи тој интерес. Би ги поканила да експериментираат со своите таленти, да бараат талент повеќе. Не велам дека ќе биде доцна по студирањето, меѓутоа сега е убав период, додека сеуште ја живеете таа безгрижност, додека сеуште потенцијално имате стипендии и живеете со родителите, кога сте порелаксирани финансиски и во секој друг поглед. Тоа е нешто што јас си го префрлам и мислам дека не го правев доволно кога бев студент, мислам дека кога би се вратила назад, би го правела тоа, би чепкала низ себеси.

 Извор: Факултети

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1257
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1579
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная