логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Голем дел од Вашиот научен ангажман му го посветивте на св. Наум. Што е она најзначајното во неговото дело и мисија за македонскиот народ?

Во едно драматично време, по смртта на св. Кирил и Методиј и прогонот на нивните ученици во Средна Европа и покрај номиналната поддршка на тогашниот папа Хадријан II, на самите темели на словенското писмо изградено врз основи на дијалекти од јужна Македонија, им се закануваше уништување. Неговите учениците беа прогласени за еретици по принципот дека Библијата може да се проповеда и чита само на три јазици – грчки, латински и хебрејски. Нивната благородна замисла беше спасена на брегот на Охридското Езеро.

Бидејќи средновековниот свет се именуваше само како варвари и божански луѓе, словенската популација беше третирана како варварска се' до доаѓањето на Климент и Наум. Од Охрид поаѓаат никулците кои потоа се ширеа низ сите словенски земји. Благодарение на нормираниот книжевен јазик, кој сега се нарекува старомакедонски, сите придобивки на светската култура и цивилизација му станаа достапни на нашиот народ и на сите други. Уште во 11 и 12 век имаме зачувани преводи и коментари на наш јазик од светското културно наследство. Во Охридската архиепископија, во сите неволји и амплитуди што ги доживеа во овие илјада години, се употребувал и нашиот јазик во богослужба и кореспонденција. На тој јазик се испишани на натписите во голем број наши храмови - фрески, икони, илуминации, а подоцна и графики.

 

Своевидно сведоштво за големината и значењето на св. Наум е и фактот дека во Москополе, кое било културна престолнина на Балканот, во печатницата која го носела неговото име биле печатени ракописите на житијата на сите свети кои се слават во Охридската архиепископија.

Да, самиот факт што Москополе, град со над 50 илјади жители, на 30 километри западно од Охридското Езеро, во 18 век имал своја печатница „Св. Наум“ и свој лицеј говори многу. Така било се' до пустошењата на Али-паша Јанински - во Москополе се негувал највисок култ кон св. Наум, особено кај влашкото население. Печатницата успеала да ги собере ракописите на охридските архиепископи и на учените луѓе на Охридската школа и да ги објави во посебни книги со амблем на св. Наум, што потврдува колку бил значаен. Секако, тука е и огромната улога на св. Климент со кого го правел пробивот во сите балкански краеви, а особено во Средна Европа.

 

Ликот на св. Наум е овековечен во голем број храмови, но кога и каде првпат се јавуваат неговите портрети?

Многу долго сум ги барал првите зачувани портрети на св. Наум, но тие сигурно се исчезнати при уривањата на овој храм. Затоа, пак, имаме драгоцени сведоштва на фреските во Охрид на кои неговиот лик редовно е присутен, почнувајќи од 14 век. Би сакал да го истакнам фактот дека во охридскиот живопис се формира посебна тематска целост на фигури на охридските поглавари и мисионери, како и на личности поврзани со мисиите на Климент и Наум. Бидејќи св. Климент му ја посветил својата црква на Плаошник на св. Пантелејмон, Климент е насликан заедно со овој свет лекар. Потоа со нив се сликаат архиепископите Константин Кавасила, Теофилакт, Никола, а веќе во 12 век, во Курбиново се појавуваат ликовите на Кирил и Методиј, заедно. Како проучувачи, кога ќе откриеме лик на овие светци, ние знаеме дека станува збор за зографи кои се или од Охрид или таму минале една животна фаза.

 

Споменавте дека во црквите биле насликани поглаварите на Охридската архиепископија. Зарем тоа не е потврда дека Архиепископијата, пред се', му припаѓала на македонскиот народ?

Да, на целиот македонски народ, но и на сите кои потпаѓале под јурисдикција на Охридската архиепископија во рамките на нејзината дијацеза, која во различни времиња се ширела до Сицилија, Далмација, а на исток до Дунав и Црно Море.

 

Дали и на друго место се забележани групирањата на светци како во кругот на Охридската архиепископија?

Има, но не во толкав голем број и така хомогено транспонирани. Големо изненадување за нас претставуваше откритието на една група охридски светци на Света Гора и тоа во административното седиште Протатон. Таму, јас и моите колеги констатиравме дека нарачател е еден монах, кој долги години престојувал во Охрид. Портретите беа скоро идентификувани и тие се' уште предизвикуваат интерес меѓу професионалните проучувачи на Света Гора и на Балканот.

 

Кој од зографите најмногу го сликал св. Наум?

Најнапред, Михаил и Евтихиј уште во 13 век, а во време на нашата преродба, Дичо Зограф и неговиот син Аврам од Тресонче, како претставници на Мијачката школа. Во Средна Европа, централна личност бил Христофор Џефар (Џефарович) за кого се откриени документи дека потекнува од Дојран и својата дејност, главно, ја реализирал во Виена.

Џефарович е многустран автор, голем гравер во техника на бакрорезот, автор на светски познатата Стематографија издадена во 1741 година во Виена во соработка со Германецот Томас Месмер, чија граверска работилница ја користел. Беше долго време енигма дали Џефар престојувал во Охрид и во Москополе. Неспорно е дека нарачките што ги добивал во Виена оделе преку манастирот св. Наум, а донатори биле истакнати трговци кои работеле на почвата на Австрија и на Унгарија. Во светот е знаменита неговата гравира-бакрорез - 14 епизоди од Наумовиот живот, за чија изведба се користени објавени книги од Москополе, како и епизоди создадени во етнологијата на нашиот народ. Нејзин нарачател е токму манастирот „Св. Наум“, кој барал овие бакрорези да се направат во повеќе илјади примероци.

 

За името на св. Наум се врзува и исцелителската моќ на душевно болните. Дали и тие сцени се забележани во нашите храмови?

Секако, многу рано се појавуваат сцени во кои се гледа како св. Наум ги исцелува душевно болните. Познато е дека и денес постои посебен параклис во рамките на манастирската црква каде што биле „хоспитализирани“ нервно заболените. Заболените кои не нашле лек на друг начин им се сугерира ноќта да ја поминат покрај гробот на св. Наум. И ден-денес во црквата „Св. Наум“ се молат за здравје и исцелување од болести и претставници на муслиманската конфесија - Турци, Албанци, Роми и Помаци, бидејќи ценат дека во тешка неволја може да помогне само св. Наум.

 

Манастирската црква „Св. Наум“ и неговиот гроб во Охрид перманентно траат 1.100 години и се меѓу ретките кои успеале да им одолеат на вековните искушенија. Како?

Треба да му благодариме на фактот што овој храм не е во урбано средиште, туку е осамен и свртен кон Господа на патот меѓу Охрид, Корча, Берат и Драч на брегот на Јадранско Море.

 

Постојат ли нови научни сознанија што ќе се презентираат годинава?

Од мојата професија, драго ми е што можам да ја споменат идентификацијата на досега непознати портрети на св. Наум во Лерин, Костур, Корча, Берат, Воден и кај нас во Пелагонија, кои ќе бидат презентирани на научниот собир што го организира МПЦ. Во доменот на дејноста на св. Наум во јазикот и литературата, најмногу се дискутира за авторското дело на св. Наум – Канонот што му го посветил на апостол Андреј, со акростих во кој е откриено неговото име. Значајни се и проучувањата на колегите од Унгарија и од Нови Сад за Светинаумовите цркви и ликовни претстави на територијата на поранешната Австроунгарска монархија, порачувани од наши иселеници, пред се', околу брегот на Охридското Езеро.

 (Извадок)

Билјана Јовановска - Утрински весник

http://www.time.mk/read/6c26093201/4e7e56018b/index.html

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1251
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1575
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная