логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Грција е балкански мангуп во богато друштво

Благодарејќи на Охридскиот рамковен договор, етноцентристичкиот при­стап во градењето на македонската нација е целосно напуштен.
Албанските граѓани во Македонија сериозно заостануваат во нивната тран­сфор­ма­ци­ја од колективитет во збир на индивидуи.
Ако продолжи трендот на девалвирање на образовниот систем на Ал­бан­ци­те во Македонија, тие нема да се интегрираат во матицата на ма­ке­дон­ска­та нација туку ќе останат најзаостанатиот дел од албанската за­ед­ни­ца на Балканот.
Името на државата Македонија во себе никогаш не содржело ет­нич­ка конотација, како во случајот со другите балкански држави.
Грција е балкански мангуп кој успеал да влезе во богато семејство, са­мо за да си обезбеди егзистенција, но не сака да ги смени уличните на­ви­ки

ВЕСТ: Како ќе се интегрираме во ЕУ и во НАТО како нација од два милиона, по­де­ле­ни и скарани по сите основи?

ДО­НЕВ: Многу лесно. Оној момент кога Република Грција ќе се врати на прин­ци­пи­ел­на­та позиција, се разбира, ако се врати, дека недоразбирањето во врска со користењето на нашето уставно име нема да претставува преч­ка за членство на Република Македонија во меѓународните ор­га­ни­за­ции, во тој момент ние ќе станеме членка на НАТО и ќе ги почнеме пре­го­во­ри­те за прием во Европската унија. Кажано со други зборови, нашата внат­реш­на ситуација во ништо не се разликува од останатите де­мок­рат­ски држави членки на НАТО. Копенхагенските критериуми ги исполнивме во целост, нешто што го потврди и самата Европска комисија. Да зак­лу­чам, ниту сме раскарани ниту сме поделени. Над осумдесет отсто од гра­ѓа­ни­те на Република Македонија го поддржуваат евроатлантското ин­тег­ри­ра­ње на државата. Тоа е повеќе отколку што треба. Плус, над ше­е­сет отсто од истите граѓани се против членството во овие институции, до­кол­ку се смени името. Уште еден доказ дека не сме скарани. Едноставно, во Република Македонија постои широк консензус за стратешките пра­ша­ња поврзани со иднината на државата. А тоа е исклучително добро.

ВЕСТ: Зошто во Македонија е табу-тема создавањето на македонската на­ци­ја?

ДО­НЕВ: Не знам од каде ви е сега ова? Прашањето за создавањето на ма­ке­дон­ска­та нација воопшто не е табу-тема. Напротив, може да се каже де­ка за корените и историските процеси во нејзиното создавање, одвреме -нав­ре­ме, има и премногу дискусија. И тоа е добро. Секоја нова генерација на припадниците на нацијата, во клучни историски моменти, се навраќа на сво­и­те корени, ги преоценува историските процеси, и на тој начин бара од­го­вор на прашањата од денешнината. Гледано од овој аспект, ние не сме ис­клу­чок, уште повеќе што во изминатиов период ние, ако не се лажам, сме единствената држава од постсоцијализмот која официјално не изврши де­и­де­о­ло­ги­за­ци­ја на сопствената историографија.

ВЕСТ: На Австралијците им требаше да им гинат илјадници војници на Га­ли­по­ле за да се обединат како нација. Што треба нам да ни се случи за да сфа­ти­ме дека припаѓаме на иста нација?

ДО­НЕВ: Нема потреба од нови случувања. Малку ли ни се сите тие што сме ги имале низ историјата. Граѓаните на Република Македонија, нај­го­ле­ми­от дел од нив, разбираат и чувствуваат дека се припадници на ма­ке­дон­ска­та нација. Доволен доказ се бројките кои ви ги посочив во претходното пра­ша­ње. Штом една група луѓе зборува во ист глас, размислува на ист на­чин и препознава стратешки заеднички интерес, таа група слободно мо­же да се дефинира како нација.

ВЕСТ: Кои се алките што можат да ги врзат двете поголеми заедници во Ма­ке­до­ни­ја во создавањето на нацијата?

ДО­НЕВ: Сосема не ви го разбирам прашањево. Всушност, не ви ја раз­би­рам потребата да ја девалвирате македонската нација и да ја сведете на по­го­ле­ма заедница. Доколку на овој начин сакате да укажете дека во Ре­пуб­ли­ка Македонија постојат две племиња, тогаш тезата ви е целосно пог­реш­на. Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија се дек­ла­ри­ра­ат како припадници на македонската нација, без оглед на нивната ет­нич­ка припадност. Кај Албанците ситуацијата е нешто поинаква, но теш­ко дека и нив можеме да ги дефинираме како заедница. Тие во Ре­пуб­ли­ка Македонија се дел од албанскиот народ, поделен во три држави, но ме­ѓу припадниците на овој народ што живеат во Република Македонија пос­тои развиено етноцентристичко албанско чувство. Оттука прашањето кое во иднина ќе треба да се набљудува е како Албанците на Косово ќе го на­дог­ра­дат својот идентитет за да прераснат во Косовци, односно како Ал­бан­ци­те во Македонија ќе се надоградуваат идентитетски за да навлезат во матицата на македонската нација.

ВЕСТ: Дали митовите за Александар Велики и за Скендербег можат да ни пос­лу­жат за тоа, бидејќи двете фигури се прифатливи за двете заедници?

ДО­НЕВ: Ова прашање е исклучително комплексно, и не може да се случи пре­ку ноќ. Уште многу вода ќе протече низ Вардар за да дојдеме до тој мо­мент. Разликите во јазикот и во верата, земени како систем на културни вред­нос­ти во најширока смисла на зборот, претставуваат сериозен пре­диз­вик во овој правец. Во нашиов случај, социјалниот инженеринг треба да се имплементира исклучително внимателно. Всушност, треба да се при­ме­ни методот на варење жаба, без нагли потези. Охридскиот договор и ус­тав­ни­те измени кои произлегоа од него се исклучително важна основа за натамошно работење во овој правец. Создавањето заеднички ми­то­ви, во комбинација со градењето на заедничка општествена елита, се, ис­то така, дел од овој механизам. Да не зборуваме за изучувањето на ма­ке­дон­ски­от јазик и елиминирањето на образовната сегрегација. По­тис­ну­ва­ње­то на верските разлики, во смисла на нивно сместување во сферата на при­ват­но­то, исто така. И да не набројувам. Сепак би потсетил. За танго се пот­реб­ни двајца. Да се надеваме дека нашето танго ќе продолжи, без ог­лед што на моменти се чини дека партнерите одвреме-навреме ги грешат че­ко­ри­те.
ВЕСТ: Зошто не го користиме искуството од илинденскиот период, кој е све­тол пример за обединување на сите во борбата за слобода?

ДО­НЕВ: Искуствата од илинденскиот период не треба да ги користиме, заш­то за такво нешто нема потреба. Нема белки пак да креваме востание!? Но, шегата настрана. Илинден е голем македонски мит. Илинден е срцевината на македонската нација и држава. И како таков, тој постојано е присутен во сите историски важни моменти. Тој беше со нас од 1941 до 1944 и нè до­ве­де до АСНОМ. Од 1945 до 1990 година го негувавме за да нè доведе до референдумот за независност. Во 2001 година повторно излезе пред нас. Зар некој мисли дека Македонците така лесно ќе го прифатеа Ох­рид­ски­от рамковен договор ако кај нас сите не беше присутна лекцијата од Илинден и свеста за потребата од заедничко живеење, која про­из­ле­гу­ва од него.

ВЕСТ: Има ли воопшто волја во Македонија кај елитите да се започне про­це­сот на правење на нацијата?

ДО­НЕВ: Понекогаш имам впечаток дека во Република Македонија, од тол­ку многу дискусии и дебати, се губи суштината на прашањето. Ние немаме пот­ре­ба од некаква елита која ќе гради нација. Нацијата е создадена уште по­о­дам­на. Тоа што, претпоставувам, сакате да го потенцирате, е прашањето на кој начин албанските граѓани во Република Македонија би се ин­тег­ри­ра­ле во македонската нација. Во оваа смисла, Охридскиот рамковен до­го­вор е моќно орудие. Не сум сигурен дека во овој момент сите ние сфаќаме де­ка, благодарејќи на Охридскиот рамковен договор, етноцентристичкиот при­од во градењето на македонската нација е целосно напуштен. Поч­нат е процес на градење на нација, базирана врз граѓанинот. Нешто што ма­ке­дон­ска­та елита, свесно или полусвесно, го прифаќа и го поддржува. Опс­трук­ции од одредени групи или поединци секогаш се можни, но тие не го нарушуваат целиот процес. Од друга страна, забележлива е тен­ден­ци­ја­та на отпор кај дел од албанската елита кон овој процес. Едноставно, тие и по­на­та­му инсистираат на колективитети. Ова е разбирливо, но не може да би­де прифатливо. Повеќедецениското потиснување и дискриминација што се вршеше врз Албанците во Република Македонија, создаде генерации и ге­не­ра­ции на недоволно или воопшто необразовани поединци што не се во сос­тој­ба да ја препознаат нужноста од индивидуалност. Од замената на ко­лек­ти­ви­те­тот со индивидуалитетот. Ова за некого може да биде нав­ред­ли­во, но, за жал, ситуацијата е таква. Како поинаку ќе го објасниме фе­но­ме­нот дека ниту една албанска невладина организација во Македонија не се спротивстави на Законот за борба против дискриминацијата. Или не­кој сака да ни каже дека меѓу Албанците во Република Македонија нема хо­мо­сек­су­ал­ци. Зошто никој јавно не проговори против незамисливото и без­ми­лос­но убиство на човек среде бел ден, само затоа што работел во "Елек­трос­то­пан­ство". Па слушна ли некој еден збор на осуда против ро­ди­те­ли­те чии деца беа приведени од полицијата затоа што си играле со ог­не­но оружје. И да не набројувам. Ова се доволни индикатори дека ал­бан­ски­те граѓани во Република Македонија сериозно заостануваат во нивната тран­сфор­ма­ци­ја од колективитет во збир на индивидуи. Секако, ова не­ко­му му одговара, но тие треба по секоја цена да се изборат за длабоки и де­мок­рат­ски трансформации. Крајно време е нивната интелектуална елита во еден глас да се спротивстави на овие и на други појави, доколку на­вис­ти­на сакаат некој сериозно да ги разбере дека ги поддржуваат ев­ро­ат­лант­ски­те интеграции на Република Македонија.

ВЕСТ: Која е улогата и одговорноста на политичките и интелектуалните ели­ти за водење на нацијата кон современите предизвици?

ДО­НЕВ: Ако сакаме да бидеме искрени, најголемиот дел од македонските по­ли­ти­ча­ри и интелектуалци и досега беа свесни и одговорни за нивната уло­га во овие исклучително значајни моменти од нашата историја. Од ед­но затворено, исплашено и ксенофобично општество, за дваесет години соз­да­дов­ме заедница која, по сите нишани, може да се мери со сред­но­раз­ви­е­ни­те демократии во светот. Ова не е доволно, секако. Можевме и мо­же­ме уште повеќе, но ниту ова не треба да го потценуваме. Не е малку, по­себ­но што зборуваме за македонски услови. Зборуваме за демократски про­це­си во исклучително сиромашна земја. Демократијата е скапа работа. Таа побарува ресурси од секаков вид, а нам некои од нив сериозно ни не­дос­тига­ат.

ВЕСТ: Каква улога играат соседите во овој процес? Ни прават ли сопки?

ДО­НЕВ: Живееме во реален свет. Во свет кој е полн со себичност и без­ми­лос­на конкуренција. Во тој свет сосема е нормално со соседите, одвреме -нав­ре­ме, да имате недоразбирање. Понекогаш вие им ставате сопки, по­не­ко­гаш тие. Но тоа што е важно за нас е сите тие недоразбирања да ги ре­ши­ме на мирен и демократски начин. Да ги решиме на начин кој навистина ќе покаже дека сите ние имаме заедничка цел. Изградба на регион на оп­штес­тве­на благосостојба. Се разбира, при ова не мислам на Република Гр­ци­ја. Таа е балкански мангуп кој успеал да влезе во богато семејство, само за да си обезбеди егзистенција, но не сака да ги смени уличните навики. Жал­но, ама и таа ни е сосед, а наша задача треба да биде од овој бал­кан­ски мангуп да помогнеме да се направи пристоен член на заедничкото ев­роп­ско семејство.

ВЕСТ: Дали сè уште мислите дека образовниот јаз меѓу етничките Ма­ке­дон­ци­те и Албанците е пречка за креирање на нова нација?

ДО­НЕВ: Не разбирам што подразбирате под поимот нова нација? Ако под нова ја подразбирате постојната македонска нација во која би биле вклу­че­ни и Албанците од Македонија, во тој случај имате сериозен пре­диз­вик. За ова нешто зборував и во вашите претходни прашања. Сега са­мо би додал, жално е што толку млади Албанци во Република Македонија се жртви на нашиот образовен процес. Наместо, од нивна страна, да се ин­сис­ти­ра на евентуално зголемување на позитивните квоти на државните уни­вер­зи­те­ти, наместо, по секоја цена, да се бараше натамошно дог­ра­ду­ва­ње на квалитетот на наставно-образовниот процес на Универзитетот на Ју­го­ис­точ­на Европа, нивните политичари се определија за Државниот уни­вер­зи­тет во Тетово. И што добија? Добија вработување на професори што се со сомнителни квалитети, се разбира, секоја чест на исклучоците, и до­би­ја генерации и генерации осакатени студенти. Студенти, чија диплома теш­ко дека го оправдува називот високообразовна. Страшно е што за овој нивни проект се трошат пари од даночните обврзници на Република Ма­ке­до­ни­ја, уште пострашно е што со овој проект продолжува и се на­дог­ра­ду­ва сегрегацијата во образовниот процес, но најстрашно од сè е за не­как­ва изборна победа, за некаква претстава за заштитник на правата на ма­ке­дон­ски­те Албанци, да се жртвуваат генерации млади луѓе. Срамота е во дваесет и првиот век, кога знаењето е најмоќниот капитал, некој, по се­ко­ја цена, да инсистира на упропастување на својот подмладок, само и са­мо за да се остане или да ја освои власта, сеедно. Тешко ми е да кажам, но ако овој тренд продолжи, Албанците во Република Македонија не само што нема да се интегрираат во матицата на македонската нација туку и ќе ос­та­нат најзаостанатиот дел од албанската заедница на Балканот. Не­о­дам­неш­на­та тепачка во една од скопските џамии е сериозен индикатор де­ка работите одат во овој правец.

ВЕСТ: Ако е точна констатацијата дека свеста на етничките Албанци е преч­ка за раѓањето на новата нација, тогаш зошто македонските елити не го започнуваат процесот со помалите етнички заедници? Дури се из­мис­лу­ва­ат и чудни ентитети, како Македонци муслимани. Зар тие не се Ма­ке­дон­ци?

ДО­НЕВ: И ова прашање не го разбирам во целост. Прашањето на иден­ти­те­тот треба да се гледа повеќеслојно. Секој човек поседува по не­кол­ку идентитети, нешто што државите, поради правниот сообраќај, не го по­са­ку­ва­ат. Нивна тенденција е секогаш работите да се поедностават. Од тие причини, нив ги интересира само идентитетот поврзан со др­жав­јанс­тво­то, односно националноста, а сето останато го препуштаат во сферата на индивидуалните човекови права и слободи. Се разбира, во рамките на овој корпус се наоѓаат и правата за заштита и негување и на колективните иден­ти­те­ти, што кај нас е обезбедено со Бадентеровиот принцип. Оттука Ре­пуб­ли­ка Македонија, и да сака, не може да избега од ова по­ед­нос­та­ву­ва­ње. Не можеме на светот да му ја откриваме топлата вода. Притоа треба да се каже дека во нашиот случај, што е редок во светот, го имаме нај­моќ­но­то оружје за ова поедноставување - името на државата Македонија. Тоа име во себе никогаш не содржело етничка конотација, како во случајот со Ср­би­ја, Хрватска, Бугарија, па ако сакате и со Албанија. За волја на вис­ти­на­та, за време на поранешната јужнословенска федерација, во Македонија се создаде процес на етноцентристичко креирање на македонската на­ци­ја, длабоко базиран врз блискоста на македонскиот јазик со останатите јуж­нос­ло­вен­ски јазици, што нанесе извесна штета на целиот процес по оса­мос­то­ју­ва­ње­то. Фактички, даде свој придонес за конфликтот од 2001 го­ди­на. Но сега тоа е зад нас. Со Рамковниот договор, Република Ма­ке­до­ни­ја го напушти етноцентристичкиот пристап во градењето на нацијата и соз­да­де услови за инкорпорирање на сите етнички групи во матицата на на­ци­ја­та. Дали тоа им се допаѓа некому или не, не знам, но за мене "Скоп­је 2014" е токму тоа. Материјална експресија на напуштањето на ет­но­цен­трис­тич­ки­от пристап. Некои имаат волја, и ова го прифаќаат, а некои, ка­ко еден дел од Албанците, сè уште се спротивставуваат. Сè уште со­ну­ва­ат за некои други решенија.

ВЕСТ: Дали доцнењето во создавањето на нацијата ни ја отежнува и по­зи­ци­ја­та во спорот за името?

ДО­НЕВ: Нема потреба од такви тврдења. Во нив се крие токму грчката про­па­ган­да. Според неа, македонска нација не постои. Тоа што денес се на­ре­ку­ва македонска нација, всушност, се покрстени од ју­гос­ло­вен­ски­те комунисти делови од бугарскиот народ, на кои им е залепено име­то Македонец и Македонија, преку крадење на деловите од грчката и бу­гар­ска­та национална историја. Според ова тврдење, сега е време крад­ци­те, односно ние Македонците, да им вратиме сè што им е украдено, вклу­чу­вај­ќи го и идентитетот. Се разбира, кон ова треба да се додаде и уш­те една нивна теза. Со обезличувањето на македонската нација, преку вра­ќа­ње­то на тоа што тие го сметаат за украдено, ќе се создадат услови тоа славомакедонско племе, односно ние, да почне процес на градење на нова нација во која веднаш би се вклучиле и Албанците од Република Ма­ке­до­ни­ја, нешто за што тие имаат волја, но им пречи името Македонија, од­нос­но македонска нација. Да сумирам. Доколку ние Македонците се от­ка­же­ме од нашето уставно и национално име, во тој случај сите проблеми, и внат­реш­ни и надворешни, ќе исчезнат, и сите заедно среќно и весело ќе вле­зе­ме во Европската унија и во НАТО. Не е страшно што балканскиот ман­гуп Грција го смислила ова. Не е страшно што еден дел од албанската по­ли­тич­ка елита го поддржува ова. Страшно е што некои европски држави, ис­то така, ја застапуваат оваа теза. Доколку не се научи историјата, таа се пов­то­ру­ва како фарса. И токму тоа сега се случува. Тие исти држави, кои во 19 и 20 век не ни дозволуваа да создадеме држава со образложение де­ка сме биле македонска салата, дека не сме имале своја нација, сега на тие истите им пречи нашата нацијата и сакаат да нè претворат во ма­ке­дон­ска салата. А сè за доброто на нас самите. Цела среќа што нè на­сед­ну­ва­ме на овие трикови. Уште еден доказ дека сме зрела нација. Нација која раз­мис­лу­ва со своја глава и за свое добро.
Насер Селмани
Фо­то: Борис Грдановски

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1253
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1576
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная