логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





Недела, 05 Јануари 2014 17:40


Првпат на македонски се преведени дела од старата египетска литература, митологии, писмата од Ван Гог, романи од Солженицин, Шо, Грас, Музил, Борхес, Едгар Алан По, Пруст, Зола, Томас Ман... Во подоготвка се уште 60-ина други кои ќе бидат промовирани овој месец и со кој едицијата ќе достигне до половина, а до крајот на оваа или почетокот на 2015 се планира заокружување на целиот проект кој почна пред две години.

- Се работи за најзначајни дела во светската книжевност на сите времиња. Некои од нив се преведени многу поодмана на македонски јазик, но овој превод е далеку поквалитетен. Но, голем дел од нив првпат се преведуваат на македонски јазик и тоа е од особено значење и за нашиот јазик, и за преведувачите, лекторите, издавачките куќи и, пред се, за читателите и љубителите на убавиот пишан збор. Задоволство ми е што сум на некој начин дел од овој проект, помагајќи го и туркајќи го до неговиот крај како претседател на Владата на Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски.

015__zvezdi_640

Во своето обраќање на четвртата промоција на дела од оваа едиција, тој посочи и на други издавачки проекти од културата и од образованието и додаде дека тој тренд на издавање најдобри дела ќе продолжи и во иднина. Најави дека се размислува за нови едиции, поврзани со светската поезија, мемоари, автобиографии и биографии на познати светски успешни личности во различни области.

017_zvezdi_450Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ е крупен чекор во етаблирањето на Република Македонија како држава која ги почитува и афирмира светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој.

- Овие дела ќе внесат нова димензија во поимањето на тајните на светската книжевност и ќе детерминираат еден нов траен импулс во културното живеење во нашата држава, рече минисерката за култура, која ги наведе и другите придобивки од овој проект, меѓу кои  подигањето на свеста за важноста на јазикот.

Главниот редактор на едицијата Митко Маџунков, исто така, се осврна на значењето на оваа едиција за македонскиот кнжевен јазик кој, како што рече, досега не бил докрај кодифициран  во јазичната практика и зашто со неа се покажал потенцијалот на млада генерација преведувачи на кои тој им се  заблагодари за вложениот труд.

Нагласи дека проектот е исклучително важен за културата и досега најважен за афирмација на нашиот јазик, а дека успехот се должи на однапред договорена процедура - задолжителена рецензија и јазични упатства,  единственост во преведувањето на имиња и поими од кои е направена и база на податоци што може да послужат за идни преводи и за толковни речници.

- Оваа едиција се прави во слава на македонскиот јазик... и со неа е трајно изменета сликата на нашето издаваштво... Но на овие дела им треба видливост и популаризација, да влезат во школската лектира, а не да останат скриени, истакна меѓу другото, редакторот Маџунков.

Извор: Министерство за култура на Р,Македонија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1339
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1465
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 3063
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

02/09/2025 - вторник

Св. пророк Самуил; Св. свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес; Преп. Серафим Роуз;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови Маченици Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Зинон, Акиндин, Северијан, Принкипс и други 4 септември/22 август   2025

Тропар на св. Христови Маченици Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Зинон, Акиндин, Северијан, Принкипс и други 4 септември/22 август 2025

Крв јагнешка и јарешка не посака Господи,жртва сепаленица отфрли,а само срце скрушено и смирено не презре, та затоаЦрквата ја втемели...

Тропар на св. Христов апостол Тадеј  3 септември/21 август 2025

Тропар на св. Христов апостол Тадеј 3 септември/21 август 2025

Мирот Господов на дар ти се подари,о Тадее Христов апостоле,кадешто во Име Божјо приман беше,

Тропар на св.Божји пророк Самуил 2 септември/20 август /  2025

Тропар на св.Божји пророк Самуил 2 септември/20 август / 2025

Ах, Господе Боже наш, народ не те послуша,наместо Љубов власт над себе од човек побара,да го води на каде не...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная