логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

01_zvezdi_640x400

Од 2006 година до денес со поддршка од Министерството за култура се објавени над 4200 разновидни изданија на македонски јазик и на јазиците на заедниците кои егзистираат во нашата држава ...

Нови 32 наслова од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска со што вкупниот број преведени и отпечатени книги од овој капитален проект на Владата достигна 442.

Меѓу новите наслови, некои првпат добиваат превод на македонски јазик, како што е ремек-делото на светската книжевност „Гаргантуа и Пантагруел“ на Франсоа Рабле, некои наслови со оваа серија се комплетирани во томови, како „Војна и мир“ на Толстој и „Човек без својства“ на Мусил, објавени се и Исповедите на свети Августин, индискиот еп „Рамајана“, поезија од хеленски автори, драми на Тенеси Вилијамс, романи од Флобер, Балзак, Дикенс, Фокнер, Амадо, автобиографијата на Елијас Канети...

03_zvezdi_640

- Пред нас имаме дела на врвни автори. Нивна заедничка карактеристика е што сите тие веќе го имаат поминато жирито на светската читателска критика и се имаат промовирано како врвни мајсторски дела. Нивната големина е вечна инспирација за многу љубители на книгата ширум светот и токму затоа овие дела се вечно барани во секоја развиена земја во светот. Од овие причини, овие дела се дел и од нашиот проект - рече премиерот Никола Груевски на новата промоција од проектот.

Тој посочи дека податокот што првпат се објавуваат на македонски јазик дела кои се објавени и пред 500 години, како што е енциклопедискиот роман на Рабле, зборува дека македонската култура има пропуштено многу важни нешта.

08_zvezdi_640

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека во изминатите неколку години значајно е унапредена состојбата во издавачката дејност, поттикнато е творештвото, подобрен е статусот на авторот и е збогатен библиотечниот фонд во целата држава. Покрај овој книжевен проект, Владата и Министерството ги реализираат и проектите: Нобеловци, 130 тома македонска книжевност, едиција која е преведена на англиски и на уште шест јазици низ антологиски приказ, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија“…

- Од 2006 година до денес со поддршка од Министерството за култура се објавени над 4200 разновидни изданија на македонски јазик и на јазиците на заедниците кои егзистираат во нашата држава, списанија, публикации наменети за лица со посебни потреби... Откупени се над 47 000 публикации со кои се збогати библиотечниот фонд на институциите низ државава...., а со новата стимулативна мерка, Конкурс за странски издавачи, до крајот на оваа година ќе бидат преведени 40 дела на 30 македонски автори на 16 странски јазици. Сите овие активности го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент во РМ и уверена сум дека тие ќе имаат трајно влијание во македонскиот културен контекст - рече Канческа-Милевска.

07_zvezdi_640

Академик Митко Маџунков, претседател на стручната редакција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, во своето обраќање рече дека е недостиг на инвенција да се критикува она што треба да се фали, реагирајќи на некои мислења за трошокот за реализација на овој проект.

- Многу пари за култура е синтагма која не е позната никаде во светот. За културата никогаш нема доволно пари. За неа треба да се издвојува уште повеќе, дури и над своите можности, како за патишта, зашто токму таа го создава внатрешниот сообраќај меѓу луѓето - рече Маџунков.

Тој ја пофали работата на луѓето вклучени во овој преокт - преведувачите и лекторите, а како посебно квалитетен го посочи преводот на „Гаргантуа и Пантагруел“ од Рабле, направен од Офелија Ковиловска, поради тоа што се работи за обемно дело и тешко за превод и нејзиниот потфат го нарече подвиг зашто ги решила неговите скриени финеси кои порано биле недостапни за лингвистите.

Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ ќе има вкупно 560 наслови и се очекува да биде завршена до крајот на годинава.

011_zvezdi_640

 

Извор:http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/2047-promovirani-32-naslova-od-edicijata-cvezdi-na-svetskata-knizevnost

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2481
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2624
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1234
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1442
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная