логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Во спомен на Караман, кучето кое беше горски цар.


Караман - 1 дел


Кога го купивме плацот на Козјак за да изградиме викендичка, некако во пакет со него дојде и Караман. Вистина тој имаше свој газда, а плацот свој, но сепак кај нас стасаа заедно.
Во тоа време ние веќе го имавме Арис, црна француска пудла, кој беше дел од нашето семејство нешто повеќе од три години. Караман се спријатели веднаш со Арис, но Арис се плашеше од неговата големина и тие најчесто беа на некоја раздалеченост еден од друг во дворот, никогаш не покажувајќи некоја особена блискост.


Арис беше убаво и нежно, домашно куче кое живееше со нас внатре, додека за разлика од него Караман беше голем и снажен, преубав, црно-кафен, селски пес. Вистински храбар и нестрашлив горски цар, најголем и најсилен во селото, пес кој секогаш спиеше надвор.
Од Караман се плашеа останатите кучиња од селото, но од него бегаа и некои лоши луѓе. Ми беше интересно што и тогаш, но и сега по повеќе од дваесет и седум години во ова село, исто како и во сите околни села луѓето чуваа само ловечки кучиња. Сите тие по својата градба беа многу поситни во споредба со Караман.
Многу често ловџиите од селото го земаа Караман со себе на лов, зошто беше одличен ловџија и не се плашеше од ништо, ни од лисица, ни од волк, ни од дива свиња, а раскажуваа дека еднаш дури и на некоја голема мечка и се спротивставил.
Караман знаеше долго, понекогаш и повеќе од еден саат да брка некој зајак, само од игра. Ние тогаш ќе застаневме на чардакот од куќата и од високо ќе го гледавме како по ливадите и ридовите над селото си игра брканици со него. Ќе го стигне, па пак ќе подзастане и ќе му дозволи да се оддалечи и се' така повторно, до изнемоглост. На крајот исцрпен и не повреден тој ќе ни го донесеше зајакот во дворот, фатен со забите за една нога, но жив. Маж ми ќе го погалеше и ќе го пофалеше, па ќе го земеше од него зајакот кој се тресеше од страв. Тогаш најчесто јас, на кратко ќе го задржев Караман во другиот дел од дворот, зад куќата, додека маж ми не го пуштеше уплашениот зајак повторно на слобода. Никогаш ниту еден зајак немаше утепано.
Со селските мачки, кои доаѓаа во дворот за храна, беше исклучително нежен. Тој им дозволуваше да јадат од неговата храна, да лежат до него, а на Жути, еден жолто-бел, мачор, кој се оддомаќини кај нас, него дури и му дозволуваше да спие легнат врз него, тогаш кога и тој самиот одмораше.
Караман ги сакаше многу децата, но и сите луѓе кои сакаа животни.
Секој петок, кога ќе дојдевме во викендичката Караман не пречекуваше на тремот. Кога ќе се приближевме до портата со гласно и радосно лаење ќе се стрчаше кон нас, весело мавтајќи со опашот.


Најпрвин, без исклучок ќе се стрчаше кон маж ми, за него прв да го поздрави и да се изгушка, а потоа ќе дојдеше и кај мене. Онаков голем и силен ќе рипнеше врз мене, а јас тогаш внимавав како застанувам, за да не ме обори. Арис пак, само ќе се шмугнеше покрај нас, без да се поздрават, брзајќи да влезе во куќата.
Со Караман секогаш се чувствував безбедна. Иако селаните често ме опоменуваа да не се оддалечувам многу од селото заради дивите животни, јас и Арис знаевме да одиме на далечни и долги прошетки во природа по ливадите, низ шумата, или покрај реката, но секогаш следени од Караман, кој одеше со нас вардејќи не и реагирајќи со гласно лаење на се' што ќе се придвижеше во околината.
Во тоа време, кога ја изградивме викендичката се’ уште не постоеше езерото Козјак и ова беше ретко населен крај. Во селото под нас имаше само десетина населени селски куќи и уште една другата викендичка, сместена подалеку, под последната селска куќа, која во исто време со нашата куќа ја изградија едни наши пријатели. До селото тогаш не постоеше пат, туку водеа само мали земјени патеки. Во него можеше да се стаса само со теренско возило, со мотор, качен на коњ или магаре и пеш. Селото беше вгнездено високо во прегратките на планината и беше типично ридско-планинско село со раштракани куќи, лоцирани далеку над речното коритото на Треска. Кога ќе ги погледнеше некој од долу, од ливадите кои се простираа до реката, се чинеше дека во селото секој со секого бил скаран во времето додека ја правел куќата, па настојувал да ја изгради што подалеку од другите соселани. Крајот беше ретко посетен од луѓе кои не живееја во Поречијата, бидејќи беше практично затворен и претставуваше забранета зона, прогласена за ловиште за дивеч, но достапна само за исклучително мал број на посетители, веројатно и заради близината на една од најголемите фабрики за оружје во бившата СФРЈ.
Насекаде наоколу низ оваа недопрена природа живееја многу диви животни: зајаци, диви мачки, лисици, волци, диви свињи, срни и елени, диви кози, мечки, а сите тие многу слободно се движеа низ крајот.
Многу често некој од нив знаеја и низ двор да ни претрчаат.
Најчесто тоа беа зајаци, диви мачки и лисици, но доаѓаа само доколку Караман не беше тука.
Едно зимо, ни раскажуваше чичко Радивое, еден од постарите селани, кој сите многу го почитуваа, и кој беше страстен ловџија, паднал висок снег. Луѓето од селото се организирале да одат на лов на диви свињи. Бил убав со сонце огреан ден, а тие се движеле високо над селото, на планината, кога на една ледина начекале цела група диви свињи како се одмараат на сонцето. Кучињата залајале, ловџиите припукале а дивите свињи се разбегале. Во таа гужва успеале една од нив да ранат. Ранетата свиња започнала да бега надолу кон Треска. Ловџиите и кучињата тргнале по неа, но заради високиот снег и непристапниот терен, по неколку саати се откажале од потерата.
Попладнето откако веќе сите биле вратени во своите куќи, чичко Радивој тргнал нагоре, во правец на кај нашата куќа. Сакал да го посети стариот Синадин, од кого ние го имавме купено плацот. Куќа на чичко Синадин беше уште подалеку од нашата, високо над нас. Чичко Радивој бил голорак и одел само во придружба на своето ловџиско куче. Одеднаш кога се доближил до нашиот двор, песот почнал вознемирено да лае. Тогаш пред куќата здогледал свежа, крвава трага на снегот, која водела до подножјето на тремот. Држејќи го цврсто кучето, чичко Радивој забележал голема, црна, дива свиња како лежи под чардакот на куќата. Вознемирена од лаењето и неговиот глас таа се дигнала и полека, нога за нога се спуштила во правецот на потокот, кој тече под куќа. Радивој можел само да го слуша од далеку кршењето на гранките, кое овој голем и див ѕвер го оставал, заедно со трагата од крв зад себе. Ни раскажуваше кога се сретнавме дека бил искрено среќен што се’ вака завршило. Добро знаел, од претходно искуство, колку е голема силата на ранета, дива свиња која може да убие не само куче, туку и возрасен човек.


Во оваа дивина сега и ние имавме куќа. Бев пресреќна зошто ја имаме таа привилегија да бидеме дел од неа. Јас секогаш велев дека всушност ние им доаѓаме на гости на дивите животни и дека треба да им го почитуваме мирот и слободата. Пред да подигнеме повисока камена ограда, околу куќата имавме поставено ограда слична на ранчерските, направена само од дрвени вкрстени греди. Поради големите отвори на неа во дворот слободно можеа да влегуваат и домашни, но и диви животни. Често затекнувавме нивни траги и пред куќата, но и внатре во дворот.
Едно зимо, кога моите деца со друштво беа дојдени за време на Божиќните празници, пред куќата виделе и сликале траги од мечка. Биле излезени околу пладне на прошетка и кога се вратиле ги здогледале. Мечката не ја виделе, но постоеја очевидци од селото, кои имаа видено многу мечки во близина.
За сите овие години имавме уште многу различни средби со секакви диви животни. Особено чести беа пред изградбата на езерото Козјак, во времето пред да се изградат многуте куќи, а присуството на многу луѓе и движењето на многу возила да стане секојдневие. Од нив животните избегаа високо во непристапните делови од планината. Можам да раскажувам за уште многу случки и средби со животните. За блиски средби со змии отровници, со големиот смок кој живееше во нашиот двор, за блиската средба на мојот син Еди со еден волк, кој ни дојде во дворот и кој сите од далеку го видовме, за редовните средби со двете диви мачки, што често ни претрчуваа низ дворот... Сепак сите тие се случуваа само кога Караман не беше до нас. Доколку тој беше тука, уште од далеку ќе ги почувствуваше и со лаеж ќе им се стрчаше во пресрет, а тие пак најбргу што можат, ќе се оддалечеа, исплашени од неговото силно лаење.
Караман не му дозволуваше на никој не најавен да ни дојде, на ниедно животно, а ниту ни на човек. Секогаш реагираше со силен лаеж, но никогаш, никого не го напаѓаше. Едноставно само гласно ни јавуваше дека некој доаѓа, уште додека посетителот беше многу далеку од куќата. Тогаш ние излегувавме да провериме кој доаѓа и за да ги пречекаме можните гости.
Откако ќе видеше дека доаѓаат наши блиски луѓе, Караман ќе се смиреше и ќе се повлечеше подалеку, дозволувајќи им да влезат во дворот. Особено далеку се повлекуваше пред оние кои се плашеа од него. Доаѓаше да се погали само кај тие, кои сакаа кучиња. Едноставно го чувствуваше тоа во себе и без грешка. Уште од далеку го чувствуваше ставот на гостинот кон него, па според него и самиот се однесуваше.
Кај нас ќе останеше се’ додека сме и ние таму, а кога си заминувавме долго забревтан ќе трчаше по возилото, се’ до излезот од селото.
Неговиот вистински газда никогаш не смееше да влезе сам во нашиот двор, доколку ние не му отвориме. Него Караман секогаш го пречекуваше со особено реско и гласно лаење, а продолжуваше со недоверба и ржење да гледа во него и кога ќе излезевме пред куќа и тоа секогаш застанат на поголема дистанца. Продолжуваше луто да лае доближен до нас, дури и ако го повикавме човекот да влезе внатре.


Ние знаевме зошто Караман вака се однесува. Знаевме добро дека овој човек не беше добар човек. Се викаше Станое и живееше во најблиската селска куќа, на стотина метри под нас. Тој знаеше да ги тепа сите послаби од него, сите животни кои ги имаше, вклучувајќи ги и членовите од неговото семејство. Многу често ги слушавме од далеку неговите пцости и викања упатени кон некој врз кој тој се изживуваше. Во првите денови по нашето пристигнување, иако беа доста оддалечени од нас, се случуваше од време на време да го слушнеме цвилењето на Караман или уплашеното мукањето на кравата.
Во почетокот неколку пати овој човек се осмели да дојде лут пред нашата порта, барајќи го Караман, решен со сила да го земе. Во едната рака најчесто држеше дебел и долг стап, а во другата голем, дебел синџир, за кој требаше да го врзе и одведе кучето.
Но, Караман уште од далеку го пречекуваше со извадени заби и лаеж. Иако кучето беше негово, ние му се спротивставивме во тие негови обиди, велејќи му дека со тепање и сила не му го даваме, па тој нервозно си заминуваше.
„Аааа, ќе видиш ти, кога ќе си заминат во недела, ќе го видиш ти Господ!!“ - му викаше Станое од далеку, мавтајќи со стапот високо кренат во раката.
Еднаш кога дојдовме во викендичка, Караман не не’ пречека во дворот. Од далеку го слушав како лае луто и го слушав разулавениот глас на Станое како вика по него. Уплашена за Караман, знаејќи дека сигурно го тепа, тргнав по тесната патека кон неговата куќата, за да видам што се случува.
Така забрзана на пола пат до куќата, го здогледав Караман како трча нагоре кон мене. Зад него се дигаше прашина, поради нешто што се влечкаше по земјата по него. Кога ми се доближи видов дека на вратот има широк, кожен ремен, кој беше врзан за дебел синџир, закован за поголемо парче откорната и искршена штица, која се влечеше зад него по патот. Веднаш ми текна дека е тоа штица од плевната за чија врата најчесто го врзуваа.
По него забревтан со стап во раката трчаше Станое, кој кога ме виде застана. Караман застанат до мене, се заврти со лицето кон него и целиот накострешен започна силно да лае по човекот. Јас тогаш со ужас ја забележав раната на неговиот врат, од која течеше крв. Имаше уште две рани на грбот кои исто така крвавеа.
“Што правиш!! Зошто го тепаш кучето!! “ – свикав.
Станое само го погледа уште еднаш Караман, ја спушти високо кренатата рака, се заврти и без да ми одговори замина накај својата куќа.
Гледав во Караман со солзи во очите, додека со растреперени раце внимателно му го откопчував каишот од вратот. Тој сега лежеше до мене мирно, а кога му го извадив каишот ме лизна неколку пати по дланките. Потоа ја спушти својата глава во мојот скут, гледајќи ме со своите очи кои искреа полни љубов.
Кога заедно стасавме дома, се чувствувавме како двајца победници вратени од нерамноправен и крвав бој. Караман беше со рани, кои не беа многу длабоки, но со достоинство на победник.
За неколку дена раните кои му ги негував зараснаа, а Станое не се осмели никогаш повеќе да дојде и да го побра. Ова беше потполна победа на Караман.
По некое време овој човек потполно се откажа од него и на наша радост го остави да биде со нас.
Тој често ќе поминуваше покрај нашиот двор, кога одеше да ја пушти водата од браздата, која течеше над нас, доаѓајќи од планинскиот извор. Со таа вода селаните ги наводнуваа своите ниви. Уште пред да се појави, Караман од далеку ќе го почувствуваше и ќе започнеше да лае и ржи. По неговото ржење знаевме кој поминува. Секогаш имаше различно ржење и лаење за секој вид животно, но и за различни луѓе.
Доколку Станое се сретнеше со маж ми, ќе застанеше да поправи муабет со него. „Залаците, залаците ги брои, од недела до петок, дури не дојдете“ – му велеше мислејќи на Караман, а јас знаев дека Караман најмногу ги броеше деновите исполнети со љубовта која му ја дававме и оние кога нејзе ја немаше.
Селаните ни раскажуваа дека и кога ќе заминевме за Скопје, Караман се враќал кај нас во дворот и најчесто спиел на чардакот.
Во куќата, кај својот поранешен стопан се симнувал само кога бил гладен. Таму најчесто жената на човекот, или некој од децата ќе се сожалеле и ќе му фрлеле некоја корка сув леб, или по некоја коска останата од ручекот. Доколку останал и без тоа, Караман ќе побарал храна во коритото на свињите и ќе јадел со нив од помиите и триците, или ќе заминел во другите селски куќи, во потрага по храна.
Ние пред одење секогаш му остававме сува храна и неколку суви леба. Пред да заминеме, Караман еден по еден ќе ги однесеше некаде долу кон селото. Каде ги чуваше овие резерви на храна никогаш не дознавме. Друг вид храна не можевме да му оставиме, затоа што не можеше долго да стои свежа, а и ќе му ја изедеа мачките или некое од селските кучиња кои понекогаш наминуваа и со кои тој знаеше да го подели својот оброк.


Продолжува...

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Sladjana Stavreva

 12ти јули 2020 лето Господово

 

 Друго.

Калдрма - Слаѓана Ставрева

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1245
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1570
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная