логоFacebookTwitterYouTubeeMail


4ти ноември 2020 г.

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba
Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ денеска организираат научен собир за 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков (1829, Прилеп – 1920, Софија), најпознатиот собирач на македонското усно народно творештво.

Ермис Лафазановски, директор на Институтот за фолклор кој го носи името на Цепенков, истакна дека најпознатиот собирач на народни умотворби сè уште го нема заслуженото место во нашата културна меморија. Прв за неговото дело, рече, проговрил Блаже Конески во 1954 година кога рекол „…денес и во неговиот град и пошироко ретко кој му го знае името, а камоли да му го цени во право заслугите“. Благодарение на неколу интелектуалци од средината на 20 век, рече Лафазановски, името на Цепенков почна постепено да го зазема заслуженото место во нашата наука и култура. За тоа сведочи и десеттомното издание на неговите народни умотворби објавени во 1972 година.

-Неговата оставнина ние, Македонците, денес, со право може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија. Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите песни, приказни, обичаи, преданија, легенди, нашата музика, инструменти, занаети, детски игри и, пред сè, нашите соништа. Денес ние треба да си признаеме дека му останавме должни, затоа што за разлика од другите собирачи на народни умотворби кои ги задолжија нашите генерации, како што се браќата Миладиновци, Шапкарев, Верковиќ, името на Марко Цепенков сè уште го нема своето заслужено место во нашата културна меморија, истакна Лафазановски.

Го прогласи 21 век за век на Цепенков затоа што, рече, треба уште многу да направиме да му се одолжиме и тоа најдобро ќе го сториме ако неговите македонски народни умотворби станат дел од нашата филозофија за животот, која ќе им ја предадеме на идните поколенија.

-Сто години по смртта на Цепенков, со оглед на сложената меѓународна политичка ситуација во која не по наша вина се наоѓаме, неговите собрани материјали, кои во целост сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура, денес треба да бидат многу поактуелни од нивната актуелност во 20 век. Треба да сме свесни дека овој век треба да биде уште еден почеток, уште една реактуализација на нашето минато заради заокружување на нашата иднина, посочи директорот на Институтот „Марко Цепенков“ кој годинава одбележува 70 години постоење.

На отворањето на собирот, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев истакна дека денес е општо прифатено гледиштето дека Цепенков не е обичен запишувач на народни умотворби, туку е и автор на проза, посочувајќи на неговата најпозната приказна „Силјан Штркот“ која ја нарече „негов поетски тестамент“.

-Силјан Штркот содржи повеќе јасни наративи: судбината на народот и единката, односот меѓу „јатото“ и самотните птици, трагањето по сопствената изгубена личност, и преобразбата…., рече Коцарев.

3.angeli.so.truba

Академик Катица Ќулавкова, претседавач на научниот собир, изјави дека Цепенков со раскошното творештво е дел од македонската култура и културна историја и е меѓу личностите кои, како што рече, „што и да напишале во некои документи или под присила дека се по идентитет тоа или тоа“, всушност оставиле, рече таа, непроценлив доказ за македонската народна култура, македонскиот фолклор, јазик, етнос, специфики на македонскиот народ.

– Тоа е она што нив ги идентификува, токму таа оставнина, тоа културно наследство што го имаме од Цепенков, а фолклористите го сметаат за најголемо запишувачко дело од народната култура, додаде Ќулавкова по повод собирот во МАНУ на кој денеска во три сесии ќе има 18 излагања за дејноста на Цепенков од академици и универзитетски професори.

Во собирачката дејност на Цепенков се запишани повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди…)

 3.angeli.so.truba

Извор:

https://nezavisen.mk/nauchen-sobir-za-cepenkov-negovite-sobrani-materijali-vo-celost-svedochat-za-makedonskiot-identitet-jazik-i-kultura/

 

 

 

 

 

 

 

Друго:

https://expres.mk/razbudenata-manu-so-nov-simpozium-kontra-sofiskite-tezi-za-makedonskata-nacija/

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…
Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 412
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 361
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 453
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »