логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Катица Ќулавкова (МАНУ)

Македонската културна историја е основана приближно во исто време кога и другите етнонационални истории на европските култури. Мисирков е не само основоположник на културната историја на Македонија туку тој ја издигнува истата таа на високо европско научно рамниште. Културната историја на Македонија конципирана од Мисирков не претставува само истражувачка и емпириска платформа туку и научна дисциплина со своја теориска, методолошка и интерпретативна заснованост. Мисирков ја проучувал македонската култура во контекст на пошироките словенски, јужнословенски и балкански етнокултури и нивните развојни процеси. Придонесот на Мисирков во развојот на македонската културна историја како научна дисциплина е значаен затоа што се рефлектира врз освестувањето и легитимирањето на македонскиот етнички и културен идентитет, што, пак, претставува услов за стекнување на политичкиот суверенитет на Македонија

1. Историја на културата

Иако проучувањето на културната историја датира од дамнини, таа се консолидира на национално рамниште во 19 век како поддисциплина на општествената историја. Од 1850 до денес се следат неколку „начини на коишто се практикувала културната историја“ – интелектуална историја на идеи и поими, на менталитети, на симболи и погледи на свет, на јазици и говори (Arcangeli 2011). Иако не се исцрпува со културната историја, општествената историја без културната е обезличена. Имено, културните аспекти ја профилираат историската слика, ја хуманизираат и ѝ даваат душа.

Историјата на општеството има два фокуса: едниот е национален и поврзан со развојот на државата, другиот е културен и заинтересиран за идентитетските спреги на релацијата индивидуа, нација и држава. Тоа е така затоа што културата и цивилизацијата, колку и да се различни, сепак се во заемна рецепција: запишаната и усвоена историја е цивилизациски чин, проекција на колективната меморија, синоним за национален консензус, рамнотежа меѓу стварното и имагинарното. Колку што има култура во цивилизацијата, толку има цивилизација во културата.

Токму затоа, сите стабилни истории се плод на контактот меѓу историската и митската свест, меѓу народната и писмената култура, меѓу културната и политичката автономија. Со оглед дека културата е најчувствителното лице на општеството, културната историја и самата е отворена спрема сите битни филолошки, книжевни, етнолошки, антрополошки, археолошки, митолошки, фолклористички и социоекономски индиции.

Според некои филозофи, културните аспекти на историјата се дури побитни од политичките и економските (Хантингтон 2010). Споредена со општествено-политичката, културната историја е постабилна. Така е затоа што се стреми да го зачува културното наследство од минатото, особено уметничкиот дел од тоа наследство. Во таа смисла, културата е кумулативна, така што, колку и да е иновативна, таа само привидно и привремено е антитрадиционална. Потрагата по новите културни изрази не е деструктивна, туку креативна, а креативноста е сама по себе конструктивна.

Културната историја се модифицира во зависност од два фактора: прво, како се модифицира поимот култура и второ, како се деградира статусот на нацијата-држава. Значи, ако за доминанта на културата се земат идентитетските обележја како јазикот, писменоста, книжевноста, етнокултурната традиција на колективни преданија (нарации), симболи, обичаи, култови, табуа, менталитет, морални норми, верски канони, уметнички вештини, занаети, креативни практики и културни индустрии, па дури и некои основни норми на естетиката на просторот и живеењето, тогаш и историјата на културата треба да ги проучува тие идентитетски аспекти и општествено-политички функции на културата.

Од друга страна, „постнационалната состојба“ (J. Hillis Miler 1997, цит. сп. 2012: 369-380), која се поврзува со воведувањето на новите технологии и медиуми, ги маргинализира традиционалните културни вредности, втемелени врз јазично и книжевно ориентираните теории, и го поттикнува радикалниот пресврт во сферата на културната историја, инсталирајќи ги т.н. културни студии, кои се занимаваат претежно со политички актуелните аспекти на културата.

Современите културни студии, значи, доживуваат подем во 80-тите години на 20 век, кога од историската сцена се повлекуваат државите-нации, а на културниот и медиумски пејзаж преовладуваат новите информатички и телекомуникациски технологии и кога започнува инсталацијата на глобалното мултиетничко и мултикултурно општество (Милер 2012: 369-370). Тогаш се прави ревизија на доминантната национална парадигма на културната историја во прилог на постнационалната и постисториската концепција на културата, која се фокусира врз медиумите, популарната култура, консумеризмот, родовите прашања, сексуалноста, телото, културниот диверзитет, мултикултурализмот и транскултурализмот. Тоа се случува главно на западните универзитети, во Англија, Америка, Канада. Од друга страна, во Русија, на пример, културните студии, познати како културолошки, како академски предмет се воведуваат во 90-тите години и се фокусираат, сепак, врз проблематиката на националниот идентитет.

Навистина, културата не е автономна и изолирана дејност, туку интермедијална дејност, па соодветно на тоа, и историјата на културата има интердисциплинарни и мултиперспективни карактеристики. Тоа, впрочем, не е современо откритие, туку ја обележува и културната историја на 19 и 20 век. Разликата е во свесната интенција да се маргинализира националната културна парадигма, а да се постави во центарот на научниот интерес актуелниот, па дури и политички коректен комплекс на прашања.
Нас овде нѐ интересира почетниот модел на културната историја каков што доминирал и во западните и во источните цивилизации, кој се практикувал и во проучувањето на македонската национална и културна историја од самиот крај на 19 и почетокот на 20 век. Иако во многу специфични и тешки социјални и политички околности, македонскиот интелектуален ум бил маркантен и ни оставил во наследство еден парадигматичен опус, не толку голем по обем, колку што е величествен по својот духовен дострел.

2. Предвесникот на македонската културна историја

Фрагментарни почетоци на македонската културна историја се наоѓаат, во иницијална форма, во фундаменталното дело на Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја од 1893 година (пишувана цели десет години, а објавена во 2003). Во оваа општа македонска историја, конципирана и изведена споредбено, во историски континуитет од антиката до крајот на 19 век, и регионално – во рамките на Балканскиот Полуостров (со поглавја посветени на древната и поновата историја на Јужните Словени, Бугарите, Власите, Илирите), Пулевски посветува особено внимание на етнокултурните аспекти на македонските Славјани и нивниот славјански јазик (првата книга, од 1-44 с.), односно на „славјано-македонската словесност“ и нејзините „јазични изреченија“ (во петтото поглавје од ХI книга, 923-1003), потем за основањето и разорувањето на „охридскиот Егзархат“ (383-386), за старите славјански племиња (сојеви), нивните имиња, потекло и обичаи. Пулевски е значаен затоа што го востановува, на ниво на научна рефлексија, македонскиот историски континуитет, интегрирајќи ги античко-македонскиот и словено-македонскиот елемент, покажувајќи дека антиквизацијата на историјата како опција на културната историја е нејзина константа, а не варијанта.

Оваа опција за континуитетот на македонската културна историја нешто подоцна ќе биде застапена од постпреродбениците Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски, кои се вбројуваат во редот на т.н. македонисти, како и Ѓ. Пулевски. Тие се посветиле на научно втемелено и систематско проучување на општествената и културната историја на македонскиот народ, дефинирајќи ја – така – македонската национална кауза, без којашто е невозможно да се сфатат ни револуционерните автономистички движења, ни научните културно-историски истражувања, ни дипломатските активности на Македонското научно-литературно другарство – С. Петербург. Со делото на Пулевски, Мисирков и на Чуповски се легитимираат почетоците на македонската општа и културна историја, со посебен осврт кон македонскиот јазик, писменост, црковност и државност.

3. Почетоците на македонската културна историја

Културната историја сфатена како комплексен проект е конципирана од Димитрија Чуповски, Крсте Мисирков, д-р Гаврил Константинович, Наце Димов и другите видни членови на Македонското научно-литературно другарство од Петроград од 1902 година. Овие истакнати македонски интелектуалци, на почетокот на 20 век ги поставуваат темелите на македонската културна историја, покажувајќи нагласен истражувачки интерес за етнографските, фолклорните, филолошките и картографските аспекти на македонската култура низ историјата. Политичката и државна перспектива на македонската нација тие ја поставиле во автономни и балкански рамки (конфедерација), при што искажале почит спрема културните права на сите национални малцинства присутни во тоа време на македонската географска територија, исто како што го постулирале принципот на доминантната позиција на македонскиот словенски јазичен, културен и етнички фактор.

Во таков општествен и интелектуален амбиент можела да се обликува и научната димензија на делото на Крсте Петков Мисирков во строга смисла на зборот наука. Основачките акти на МНЛД-Петроград, составени под менторство и авторство на Димитрија Чуповски, со нивниот визионерски, програмски, прагматичен и дипломатски карактер, се рефлектирале врз ставовите на Мисирков. Во првата деценија на 20 век, Мисирков и Чуповски твореле и дејствувале во симбиоза, а разликата е во тоа што Чуповски бил промотор на македонската кауза и предводник на општествената и дипломатската дејност, додека Мисирков бил посветен на научноистражувачката и публицистичка дејност.

Македонската културна историја е основана приближно во исто време кога и другите етнонационални истории на европските култури. Мисирков е не само основоположник на културната историја на Македонија туку тој ја издигнува истата таа на високо европско научно рамниште. Културната историја на Македонија конципирана од Мисирков не претставува само истражувачка и емпириска платформа туку и научна дисциплина со своја теориска, методолошка и интерпретативна заснованост. Мисирков ја проучувал македонската култура во контекст на пошироките словенски, јужнословенски и балкански етнокултури и нивните развојни процеси. Придонесот на Мисирков во развојот на македонската културна историја како научна дисциплина е значаен затоа што се рефлектира врз освестувањето и легитимирањето на македонскиот етнички и културен идентитет, што, пак, претставува услов за стекнување на политичкиот суверенитет на Македонија.

Научниот профил на Мисирков се формира и постапно и системно, во неколку држави и култури и на неколку јазици: српски, бугарски, руски. Сепак, врз почетниот модел на македонската културна историја на Мисирков е втиснат печатот на тогашната водечка славистичка и русистичка наука, во чиишто центри тој студирал, под менторство на видни професори како, на пр., палеографот Петар А. Лавров, лингвистот Јан Бодуен де Куртене, Т.Д. Флорински и др. Тој дипломира на Историско-филолошкиот факултет во С. Петербург во 1902, на темата „Кон прашањето за народноста и причините за популарноста на македонскиот крал Марко“ и се запишува на постдипломските студии по словенска филологија. Истата тема подоцна ќе ја прошири заради изработка на магистерскиот труд, под наслов „Кралевите Волкашин и Марко како историски личности и јунаци на јужнословенскиот епос“.

Најзначајни студии на Мисирков во областа на културната историја, објавени како посебни студии, сепарати и записи од неговите предавања се следните: „Кон прашањето за потеклото и распространувањето на името ‘Словјане’“ (т. 2 2008: 145-150), „Белешки по јужнословенската филологија и историја (Кон прашањето за пограничната линија помеѓу бугарскиот и српско-хрватскиот јазик и народ“ (1907), За македонските работи (1 изд. 1903, т. 2 2008: 161-282), „Јужнословенските епски преданија за женидбата на кралот Волкашин во врска со прашањето за причините за популарноста на кралот Марко кај јужните Словени“ (т.2, 2008: 283-402, студија од 1909), „Кон прашањето за превратот од 1331 г. во Србија и за учеството на Стефан Душан во него“ (4.4.1909), „Говорите на Источна и Јужна Србија во истражувањето ‘Дијалекти Источне и Јужне Србије‘“ (А. Белиќ, 13.11.1909), „За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историографска етнографија на Балканскиот Полуостров“ (1898) и др.

И многу публицистички текстови на Мисирков, објавени од 1910 до 1926 година, се засновани врз неговите научни истражувања и сознанија за културната историја на Македонија и на јужнословенските народи. Посебно се интересни двата текста под наслов „Македонска култура“ (21.10.1923, том 3, 2008: 248-252), во коишто Мисирков го истакнува „постоењето на одделна, самостојна и самобитна македонска култура“ (2008: 249). Во нив тој го дефинира културниот хегемонизам на Бугарија и на Србија, кој денес претставува покритие на една ултимативна политичка стратегија на Бугарија:

„Мислите дека само во Софија и во Бугарија бладаат за општобугарско политичко и културно единство, во коешто да влегува и Македонија како еден од најсуштествените делови? (…) Нивниот страв пред македонската самостојна култура, пред македонската свест е толку голем што забранија да се употребува и самото име Македонија и Македонци…“ (2008: 149-250)

„Македонска самобитна култура имало и има и таа била најсилното оружје за Македонците да си го зачуваат досегашниот културен облик и да ги преживеат сите преврати во историјата на нивната татковина: ни Византија, ни Бугарија, ни Србија, ни Турција можеле да внесат некакви промени во карактерот на Македонците од таков карактер што да ја убијат во нив индивидуалноста и да ги оддалечат од нивните словенски прадедовци“ (т. 3, 2008: 251).

„Македонија во културен поглед е земја наполно востановена и совршено различна од државите кои сега ја владеат.“ (2008: 252)

„За жал, самостојното проучување на македонската култура и историја започнува одвај сега од самите Македонци…“ (т. 3, 2008: 288) „Ние сме во состојба да докажеме (…) дека Македонците се најактивниот елемент од сите јужни Словени, па дури и поактивни и од Бугарите туранци низ сите средни векови до покорувањето на Балканскиот полуостров од Турците…“ (том 3, 2008: 289)

„Збирот од вековните усилби за културно издигнување и национално самозачувување на Македонците, почнувајќи од 400-500 години пред појавата на српската држава на Немањиќевците и продолжувајќи и во времето на засилувањето и опаѓањето на последнава, заедно со нашите епски борби за црковна и политичка слобода во 19 и во првата четвртина од 20 век, ја составуваат нашата македонска национална култура, нашата македонска историја“ (том 3, 2008: 289).

„Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сѐ треба да биде оценувано од македонско гледиште“ (трет том, 008: 346). Или: „Јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам.“

Тука ќе го наведеме и текстот „Србите и илинденската 20-годишнина“ во којшто Мисирков запишува:

„Поробена сета од Србите, Македонија има своја славна далечна и блиска историја, своја национална култура, своја национална интелигенција и внатре во Македонија, и надвор од неа, интелигенција која ќе се бори со сите дозволени и недозволени средства против новите поробувачи на нејзината мила, убава и славна татковина“ (1 ед. 26.8.1923, в. Мисирков, Собрани дела, том 3, 2008: 239).

„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и на моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и на Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината, и на мојата татковина, и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да нѐ прашаат за сите прашања кои нѐ засегнуваат нас и нашите соседи, а не сѐ да се свршува само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“

Заклучок

Крсте Петков Мисирков, во својот краток живот (1874-1926) и богата научна, културна и општествена дејност се занимава посветено, систематски и пасионирано со проучување на историјата на Македонците, со посебен осврт кон македонската култура во јужнословенски, општословенски и балкански контекст. Македонскиот национален идентитет, според него, е заснован врз диференцијалните културни особености на Македонците. Тие се поврзани со: 1) македонските наречја, кои, и во периоди кога се практикувале немакедонски писма, како на пр. грчкото, или бугарското, и пред кодификацијата на македонскиот граматички стандард, се разликувале системски од бугарскиот и од српскиот јазик; – народна култура, обичаи и нарав; – усната епска и лирска книжевност, како и севкупното народно предание како огледало на колективната свест и меморија; – етнографските обележја; – севкупното културно материјално и духовно наследство на подрачјето на етногеографска Македонија. Тој сплет на специфични и самобитни македонски културни обележја е темелот врз којшто се востановила македонската национална свест, а следствено и македонската борба за политичка рамноправност со другите европски народи, било во облик на целосна автономија или за рамноправен и суверен статус во рамките на една словенска и христијанска конфедерација на Балканот.

Таквата идеологија била нарекувана македонски сепаратизам, автономизам, национализам, македонизам, ама во суштина е заложба за безусловно признавање на македонскиот културен, национален и историски идентитет. Македонските стигми се последица на жестоки пропаганди за културна асимилација и денационализација како ефикасна стратегија во оневозможувањето на македонскиот политички и државен суверенитет, а со тоа и на територијалниот интегритет на Македонија.

Македонската културна историја, иницирана и конципирана на преминот од 19 во 20 век, врз релевантни европски научни параметри, и денес е исправена пред старите предизвици за коишто Мисирков се надевал дека ќе се решат пред точно едно столетие. Затоа, современите културни студии, колку и да се проширени по својот тематски опсег, колку и да се транскултурни, колку и да го маргинализираат почетниот модел на културната историја, не би требало да се претворат во „анационален“ дискурс, ако не заради нешто друго, а затоа што општата балканска и европска општествена констелација е драматично маркирана токму од национални, па и националистички концепти и проекти. Изложеноста на Македонија на повеќедецениски ултиматуми во процесот на евроинтеграцијата поради идентитетски спорови, е доказ за виталноста на хегемонизмот и за комплементарноста на балканските културни и политички претензии. Хегемонизмот има своја прагматична и догматска филозофија, која бара научно заснован одговор. Не слепи политички страсти, заблуди и полувистини, туку јасни, рационални, праведни и цивилизирани решенија.

 

 Јуни 2021 лето Господово

 Извор:

 

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%d0%ba%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5-%d0%bf-%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83/?fbclid=IwAR1KpygTWy5nzCRXWplD6PLDZvrQQFjqxe2OIsgZ1QJDXZWk63GA72Q-Ywg

 

 Друго:

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1203
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1524
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная