логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАКЕДОНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЕГИПЕТСКИОТ АРТЕФАКТ
- Никој нема забелешки за методологијата по која ние го дешифрираме средниот текст од Каменот на Розета, прастариот египетски артефакт. Има забелешки кон резултатите до кои сме дошле, вели Аристотел Тентов, редовен професор на Електротехничкиот факултет


- Никој нема забелешки за методологијата по која ние го дешифрираме средниот текст од Каменот на Розета, прастариот египетски артефакт. Има забелешки кон резултатите до кои сме дошле, вели Аристотел Тентов, редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје, кој во јуни минатата година, пред научната јавност во МАНУ, заедно со академик Томе Бошевски го презентираше истражувањето врз Каменот од Розета. Двајцата научници излегоа со тврдење дека средниот текст од прочуениот артефакт, датиран во 196 година пред Христа, декрет на Птоломеј Петти, тогашен владетел на Египет, е напишан на јазикот на Античките Македонци.

Во МАНУ, по презентирањето на истражувањето, речиси и да немаше релевантни реакции.

Оттогаш, истражувањето врз артефактот, беше презентирано во повеќе градови низ Македонија. Бошевски и Тентов одржаа предавања во библиотеките во Битола, Прилеп, а моментно се подготвуваат за претставување во Велес.

Неодамна беа и во Словенија, каде на меѓународната конференција на тема "Потеклото на Европејците", тамошната научна јавност имаше шанса да ги чуе резултатите од ова истражување.

- Колегите извонредно го примија нашиот труд. Имавме доста конструктивна дебата со еден научник околу нашето тврдење дека и тогаш и сега во македонскиот јазик се употребува предлогот "на". Ние единствено што претпоставивме е дека согласките и самогласките не ја менуваат својата звучност, а не дека предлогот "на" го има во современиот македонски јазик, па затоа мора да го има и на некое друго место. Научникот ни рече дека ако му дадеме барем само еден доказ со што ќе го потврдиме ова наше тврдење, ќе се сложи со нас. Му дадовме повеќе докази дека на текстот на каменот го има овој предлог, вели Тентов. Тој објаснува дека не може да го открие името и презимето на словенечкиот научник, кој е и рецензент на нивниот труд. Било пракса имињата на рецензентите да не се објавуваат за да нема влијание и притисоци врз нив.

Со позитивна реакција за истражувањето врз Каменот на Розета се јавил и академикот од Русија, Валериј Чудинов, кој е претседател на Комисијата за средновековна и древна историја.

Јазик со осум самогласки
- Во овој период мислам дека ни треба малку мир да го довршиме она што јас го нарекувам домашна работа. Ние сме моментално како деца кои во рамките на своето образование ја учат писменоста, односно го совладуваат јазикот. Ако можам така да се изразам, сега сме во фаза на формирање на слободни реченици, како на пример во петто одделение. По мое длабоко мислење, тој јазик е многу постар од каменот. Ние во нашето истражување тргнавме со една единствена претпоставка дека ако Птоломеите како династија потекнуваат од овие краишта, некаде 50-тина километри јужно од Битола, најверојатно во јазикот којшто го применувале би требало да ги содржат сите согласки и најверојатно сите самогласки од денешниот македонски јазик. Согласките и самогласките како елементи на јазикот најдолготрајно се задржуваат, најтешко ја менуваат својата звучност. Постои дисциплина во јазикот којашто го тврди истото дека за промена на согласки и самогласки треба илјадници години. Под таа претпоставка, ние успеавме да дешифрираме 27 согласки и успеавме да ги идентификуваме сите осум самогласки. Првично ни беше чудно што има осум самогласки, со оглед на тоа што во денешниот литературен јазик има пет плус една самогласка, но наидовме на едно истражување од холандски лингвист, којшто вели дека и денес постојат живи дијалекти во Македонија коишто имаат осум самогласки. Тоа се мијачкиот и вевчанскиот говор, вели Тентов.

Дешифрирање на Каменот од Канопус
Тентов и Бошевски сметаат дека средниот текст од Каменот од Розета е напишан на јазикот на владејачкиот народ, односно на Македонците, кои во тој период владееле со Египет.

- Она што го читаме во овој текст се поклопува со она што го тврдат археолозите. Читајќи од текстот, ние дознаваме дека тој камен треба да биде поставен точно во главниот град на Египет и во Синај и Израел. Во тој период постојат докази дека Птоломеите го владееле и Израел. Во текстот и тука наоѓаме индиректен доказ дека сме на правиот пат на читање на документот, вели Тентов, кој заедно со Бошевски веќе работи на дешифрирање на нов артефакт - Каменот од Канопус. Се претпоставува дека го напишале бабата или дедото на Птоломеј Петти, кој пак го напишал декретот на Каменот на Розета.

Анита ЈОВАНОСКА - Вечер

 

 


Rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk 

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години 

 

Посети:{moshits}

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…
Мај 17, 2021
38.machenici1

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои лични фотографии уживајќи во прошетки и ноќни излегувања. „Не е толку тешко да си го направиш животот среќен“, напиша таа на 1-ви февруари. Треба само да престанеш да…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 224
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 313
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 288
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »